Промовирани огласи »

Глобалниот пазар на храна се подготвува за нов бран на поскапувања кој би можел да ги погоди потрошувачите ширум светот. Според најновите анализи на реномираната аналитичка куќа „Оксфорд економикс“, комбинацијата од ескалацијата на војната во Украина, климатските екстреми и растот на трошоците за производство се заканува да предизвика двоцифрен процентен раст на цените на основните прехранбени производи.

Пченицата под најголем притисок, лебот и тестенините со нови повисоки цени

Првите знаци на нестабилност се очекува да се одразат врз цените на свежата храна во периодот меѓу октомври и ноември 2026 година. Сепак, главниот бран на поскапувања кај преработената храна се предвидува за периодот меѓу февруари и мај 2027 година.

Според соопштението на „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната годинава ќе забележат раст од 11,8 проценти, додека за следната 2027 година се прогнозира дополнително зголемување од 4,8 проценти. Нај погодени од овој тренд ќе бидат:

  • Житните култури (со фокус на пченицата)
  • Овошјето и зеленчукот
  • Млечните производи

Сушите и топлотните бранови го намалуваат приносот во Европа

Проблемот дополнително го усложнуваат лошите временски услови на европскиот континент. Здружението за трговија со житни култури „Коцерал“ во јули излезе со итно ажурирање на своите проценки, намалувајќи ја прогнозата за комбинираната жетва во ЕУ-27 и Велика Британија од 295,5 на 286,6 милиони тони — што е драстичен пад во однос на остварените 310 милиони тони во 2025 година.

Тешка е ситуацијата и во германското земјоделство. Според податоците што ги пренесе АФП, повикувајќи се на Германското здружение на земјоделци, жетвата на жито во земјата се очекува да се намали за 7 проценти (на 41,9 милиони тони) како директна последица на силните суши и рекордно високите температури.

Растат трошоците за енергенси и вештачки ѓубрива

Покрај климатските и геополитичките предизвици, дополнителен притисок врз финалната цена создаваат и репродуктивните материјали:

Дизел горивото: Глобалните цени во јули забележаа скок од 36 проценти во споредба со истиот период минатата година, делумно поради сообраќајните и логистичките прекини во Ормуската Теснина.

Вештачките ѓубрива: Се предвидува дека нивната цена до крајот на годината ќе се зголеми за 22 проценти, пренесува Еуроњуз Србија.

Сите овие параметри укажуваат дека земјоделскиот сектор влегува во исклучително нестабилен период, чија сметка на крајот ќе ја платат крајните потрошувачи преку маркетите.

Тагови: Свет храна цени

Промовирани огласи »

„Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе го напуштиме Шенген“

„Германија беше во многу подобра состојба пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабила германската економија и го намалила богатството на домаќинствата

Копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, изјави дека нејзината партија, доколку влезе во сојузната влада, ќе бара излегување на Германија од еврозоната и Шенген, затворање на националните граници и многу построга миграциска политика.

Вајдел го изјави ова во летното интервју за ZDF.

Германија беше во многу подобра состојба пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабила германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.

„Ќе ги затвориме границите и ќе го напушниме Шенген“

Зборувајќи за миграцијата, Вајдел најави затворање на германските граници и излез од Шенген-зоната.

„Ќе ги затвориме границите и ќе го напушниме Шенген“, рече таа.

Таа, исто така, се залагаше за повеќе депортации и помалку доделување државјанства, вклучително и враќање на Сиријците кои повеќе немаат право на статус на заштита. Вајдел истовремено ги критикуваше лидерските фигури од другите партии и повторно упати критики поради одбивањето соработка со AfD. „Ќе управуваме во првите сојузни покраини. А ќе управуваме и на сојузно ниво“, рече таа.

Вајдел повторно ја отфрли планираната забрана за нови автомобили со мотори со внатрешно согорување и мерките за намалување на последиците од климатските промени.

Што е AfD?

Алтернативата за Германија (AfD) е основана во 2013 година како евроскептична партија која се спротивставуваше на политиката за спасување на задолжените членки на еврозоната.

Во годините по мигрантската криза во 2015 година, таа силно се помести кон десницата, а во центарот на нејзината политика застана противењето на имиграцијата, како и покритичкиот став кон Европската Унија. Денес, AfD се опишува како десничарска, националистичка и антиимигрантска партија.

Која е Алис Вајдел?

Алис Вајдел е една од двете претседателки на AfD на сојузно ниво, а ја води и пратеничката група на партијата во Бундестагот. Таа се приклучи на AfD во 2013 година, истата година кога беше основана партијата.

Таа е економист по професија. Студирала економија и деловна економија и докторирала во оваа област, а пред да влезе во политиката работела за компании како „Голдман Сакс“ и „Алијанц Глобал Инвесторс“. Поминала неколку години во Азија, претежно во Кина, и зборува мандарински јазик.

Приватниот живот на Вајдел се разликува од традиционалниот профил на партијата, чие раководство честопати ги нагласува конзервативните семејни вредности. Таа живее во истополова заедница и одгледува два сина со својата партнерка.

Индекс.хр

Тагови: Германија евро Шенген

Промовирани огласи »

Какво време нè очекува денес?

Попладне внимавајте!

Променливо облачно и топло, со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови на места се очекуваат локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Во одделни подрачја постои можност за невреме проследено со силен ветер и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина се очекуваат краткотрајни поројни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

25.8.2026 Вторник   22° / 35° 07:54   21:21
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

24°
24°
23°
23°
22°
22°
22°
23°
24°
26°
28°
30°
31°
33°
34°
34°
35°
34°
33°
31°
29°
28°
27°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2
26.8.2026 Среда   22° / 34° 07:55   21:20
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
27°
26°
25°
24°
24°
23°
23°
22°
23°
25°
27°
29°
30°
32°
33°
34°
34°
34°
34°
33°
31°
29°
27°
27°

1

2

2

1

1

1

1

1

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2

2
27.8.2026 Четврток   21° / 34° 07:56   21:18
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
24°
23°
22°
22°
21°
21°
21°
22°
25°
27°
29°
31°
32°
33°
34°
34°
34°
34°
34°
34°
29°
29°
29°

2

2

2

2

2

2

2

1

2

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

1

1

1

Промовирани огласи »

Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија.

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио.

Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан престој за граѓани од 75 земји. На листата, покрај Македонија, се најдоа и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, како и земји од Балканот, Блискиот Исток, Африка, Азија и Карибите.

За македонските граѓани мерката значеше запирање на издавањето имигрантски визи за оние кои планирале преселување во САД, меѓу другото поради обединување со членови на семејството или поради вработување. Забраната не се однесуваше на неимигрантските визи, како туристичките и студентските.

Администрацијата на Трамп ја оправда мерката со потребата да се спречи влез на лица за кои се проценува дека би можеле да зависат од социјална помош и други јавни бенефиции.

Но, судијката Варгас утврди дека во пракса американските конзуларни службеници добивале инструкции да одбиваат барања врз основа на земјата на потекло на апликантот, дури и кога тој можел самостојно да се издржува.

Според американскиот закон, одбивањето имигрантска виза поради можноста лицето да стане „товар за јавните фондови“ мора да се темели на индивидуална проценка. При одлучувањето треба да се земат предвид финансиската состојба, возраста, здравствената состојба, вештините и семејните околности на апликантот.

Варгас ги поништи сите одбивања на визи кои биле засновани исклучиво на образложението дека апликантот би можел да стане товар за јавните фондови.

танува збор за уште еден судски удар врз имиграциската политика на администрацијата на Трамп.

Судијката Варгас им даде рок на двете страни до 11 септември да предложат начин за решавање на преостанатите прашања во случајот. Администрацијата има право да поднесе жалба на одлуката

Тагови: визи граѓани

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »