Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Битола!

Најди работа во Битола!

Денес ви ги претставуваме најатрактивните и најпосетуваните огласи за работа во Битола на KARIERA.mk. Доколку сте во потрага по нова професионална можност, токму меѓу овие позиции може да се наоѓа вашето следно работно место.

Во изминатиот период, пазарот на труд во Битола бележи позитивен тренд со зголемен број на активни огласи во повеќе индустрии. Ова претставува јасен показател за континуираниот развој на локалната економија и растечката потреба од квалификуван и мотивиран кадар. Достапните работни позиции опфаќаат широк спектар на професии од производство, трговија и услуги, до администрација, здравство, образование и современи технолошки дејности.

Во продолжение издвојуваме дел од актуелните работни позиции:

Фармацевт со лиценца - Битола
Сервисер на кафемати - Битола 
Техничари за одржување на производна опрема - Битола
Dispatch - recruiting

Референт за продажба во Битола

Разновидноста на огласите на KARIERA.mk им овозможува на кандидатите со различни квалификации, знаења и работно искуство полесно да ја пронајдат позицијата што најмногу одговара на нивните професионални амбиции. 

Доколку сте подготвени да направите нов чекор во вашата кариера, разгледајте ги сите актуелни огласи за работа во Битола и пронајдете ја позицијата што најдобро одговара на вашите вештини и интереси.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Колку навистина влијае стресот на вашето здравје?

Телото зборува кога сте под стрес - дали ги препознавате сигналите?

Стресот е природна реакција на организмот на предизвици и притисоци. Кога е краткотраен, може да ни помогне да бидеме пофокусирани и поподготвени за справување со одредени ситуации. Но, кога станува хроничен, може значително да влијае врз физичкото и менталното здравје.

Долготрајниот стрес може да се манифестира преку замор, главоболки, несоница, намалена концентрација, раздразливост и промени во апетитот. Исто така, може да го ослаби имунолошкиот систем и да го зголеми ризикот од појава или влошување на одредени здравствени состојби.

Затоа е важно навреме да ги препознаеме знаците на стрес и да најдеме начини за негово намалување. Редовната физичка активност, доволниот сон, балансираната исхрана, техниките за релаксација и разговорот со стручно лице кога е потребно можат да помогнат во одржување на подобро физичко и ментално здравје.

Тагови: замор ментално здравје ризик стрес на работно место

Промовирани огласи »

5,4 милиони евра за 1.385 нови вработувања – компаниите можат да аплицираат до 24 јули

Највисоката субвенција, до 250.000 денари, е предвидена за вработување млади лица до 29 години.

Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ ќе се поддржи отворање на 1.385 нови работни места во микро, мали и средни претпријатија.

Пред претставниците на најголемите деловни заедници во државата – Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, оваа можност ја презентираше заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Станува збор за мерка од Оперативниот план за вработување за 2026 година, преку која се обезбедува финансиска поддршка за отворање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

Според Ристески, за мерката се обезбедени 332,65 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра, а целта е да се поддржи вработувањето на 1.385 лица.

Креирањето нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд. Со оваа мерка им помагаме на компаниите да го зголемат бројот на вработени, а истовремено придонесуваме за отворање на нови можности на пазарот на трудот, истакна Ристески.

Една компанија може да добие поддршка за најмногу пет нови работни места, во износ од 800.000 до 1.250.000 денари, во зависност од бројот на одобрените вработувања и целната група. Највисоката субвенција, до 250.000 денари, е предвидена за вработување млади лица до 29 години.

Од Министерството за економија и труд и стопанските комори ги повикаа сите заинтересирани компании што ги исполнуваат условите да поднесат апликација во центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик е отворен до 24 јули. Дополнителни информации се достапни во центрите за вработување, на телефон 02/3111-850 и на веб-страницата на Агенцијата за вработување.

Извор: pari.com.mk

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) вработите успешни компании

Промовирани огласи »

Вработување во Нептун!

Најди работа во Нептун!

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

Референт за продажба во Гевгелија
Референт за продажба во Струмица
Референт за продажба во Битола
Референт за продажба во Струга
Продукт менаџер (it периферија и гејминг)

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: Нептун Македонија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »