Промовирани огласи »

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Огласи за работа во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Грантови до 20.000 евра за нов бизнис: Државата со нов план за вработување на младите

До 20.000 евра за сопствен бизнис, но дали тоа ќе ги задржи младите дома?

Државата ќе доделува грантови до 20.000 евра за отворање сопствен бизнис, финансиска поддршка за повратници од странство и месечен додаток од 3.000 денари за млади вработени во производството, како дел од Оперативниот план за вработување за 2026 година. За реализација на мерките се обезбедени речиси 40 милиони евра, со цел да се отворат нови работни места, да се намали невработеноста и да се создадат подобри услови младите да останат во земјава.

Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија, мерките можат да им помогнат на младите полесно да се вработат и да започнат сопствен бизнис, но не се доволни сами по себе за да го запрат иселувањето. Тој посочува дека младите не заминуваат само поради плата и работа, туку и поради корупцијата, партизацијата и нефункционалниот правен систем. Сепак, нагласува дека ваквите програми се важни бидејќи го поттикнуваат претприемаштвото, а покрај финансиска поддршка нудат и обуки, менторство, подготовка на бизнис-план и регистрација на фирма.

Од Министерството за економија и труд информираат дека интересот за мерката самовработување е голем, со 4.500 апликации досега, од кои повеќе од 2.800 пристигнале само во првата недела. За оваа мерка се издвоени 22,3 милиони евра, со што ќе се поддржи отворање бизнис за 2.043 лица. За младите до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, а за основање ДОО од 14.000 до 20.000 евра. Новитет е што апликантите мора да имаат најмалку средно образование, а право на аплицирање добиваат и повратниците од странство.

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) бизнис идеи млади

Промовирани огласи »

Патувате во Грција? Не дозволувајте една грешка да ви го расипе одморот

Казни до 700 евра! Еве што треба да знае секој возач што патува во Грција

Летната сезона е во полн ек, а голем број македонски граѓани и оваа година ќе заминат на одмор во Грција со сопствен автомобил. Доколку планирате да патувате, добро е однапред да се информирате за правилата што важат на грчките патишта, бидејќи сообраќајните контроли се чести, а казните за прекршоците можат да бидат навистина високи.

Пред да тргнете на пат, проверете дали ги имате сите неопходни документи:

  • Возачка дозвола
  • Сообраќајна дозвола
  • Лична карта или пасош
  • Зелена карта (иако не е задолжителна, препорачливо е да ја имате)
  • Полномошно, доколку управувате со возило што не е регистрирано на ваше име

Освен документите, во возилото треба да се наоѓа и задолжителната безбедносна опрема:

  • Противпожарен апарат
  • Комплет за прва помош
  • Рефлектирачки елек
  • Сигурносен триаголник

Грчките власти строго ги санкционираат сообраќајните прекршоци. Така, возење без сигурносен појас може да ве чини 350 евра, а во одредени случаи и привремено одземање на возачката дозвола. Казни следуваат и за користење мобилен телефон додека возите, како и за патници кои не носат појас.

Особено високи се казните за пречекорување на дозволената брзина. Доколку брзината е надмината за повеќе од 50 километри на час, казната може да достигне и до 700 евра, а можно е и привремено одземање на возачката дозвола.

Пред да тргнете кон Грција, одвојте неколку минути за да ги проверите документите, задолжителната опрема и сообраќајните правила. Така ќе избегнете непријатни изненадувања, непотребни трошоци и ќе можете безгрижно да уживате во вашиот одмор.

Тагови: годишен одмор Грција документи казни лето

Промовирани огласи »

Како неплатените прекувремени часови станаа тивок стандард во многу компании?

Работите бесплатно по работното време? Можеби и не сте свесни за тоа!

Работното време во договорот е јасно дефинирано. Но, во пракса, за многу вработени работниот ден не завршува кога ќе отчука крајот на смената. Уште неколку мејлови, еден итен состанок, краток повик со клиент или „само уште ова да го завршам“ и така, ден по ден, прекувремената работа станува рутина.

Она што загрижува е што во многу компании овие дополнителни часови не се ниту евидентираат, ниту се плаќаат.

Кога прекувремената работа станува „нормална“?

Во современото работно опкружување постои силен притисок секогаш да бидеме достапни. Паметните телефони, платформите за комуникација и работата од далечина ја избришаа границата меѓу работното и приватното време.

Многу вработени чувствуваат дека мора:

  • Да одговорат на порака и по работното време;
  • Да останат подолго за да ги исполнат роковите;
  • Да покажат дополнителен ангажман за да остават добар впечаток;
  • Да не одбијат дополнителна работа од страв дека ќе бидат оценети како недоволно посветени.

Со текот на времето, ова престанува да биде исклучок и станува дел од организациската култура.

Зошто луѓето прифаќаат неплатени часови?

Причините се различни. Некои сакаат да напредуваат во кариерата, други се плашат за своето работно место, а трети едноставно немаат доволно ресурси за да ја завршат работата во редовното работно време.

Во многу случаи, проблемот не е недостаток на посветеност, туку:

  • Недоволен број вработени;
  • Нереално поставени рокови;
  • Лоша организација на работата;
  • Култура во која останувањето подолго се смета за доказ за професионалност.

Колкава е цената?

Иако краткорочно може да изгледа како начин работата да се заврши навреме, долгорочно неплатените прекувремени часови носат сериозни последици.

Вработените почесто се соочуваат со физички и ментален замор, намалена мотивација, поголем ризик од прегорување (burnout), нарушена рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот и намалена продуктивност.

Парадоксално, повеќе работни часови не секогаш значат и подобри резултати. Истражувањата покажуваат дека по одреден број часови продуктивноста значително опаѓа, а се зголемува бројот на грешки.

Што можат да направат компаниите?

Компаниите кои навистина се грижат за своите вработени не ја мерат посветеноста според тоа кој последен ќе ги изгаси светлата во канцеларијата.

Наместо тоа, тие:

  • Реално ги планираат обврските;
  • Обезбедуваат доволен број вработени;
  • Ги евидентираат и соодветно ги надоместуваат прекувремените часови;
  • Ја почитуваат границата помеѓу работното и приватното време;
  • Ги охрабруваат менаџерите да бидат пример за здрав баланс.

Време е прекувремената работа повторно да стане исклучок

Посветеноста не треба да се мери со бројот на неплатени часови поминати на работа. Успешните компании градат култура во која резултатите се поважни од присуството, а благосостојбата на вработените е предуслов за долгорочен успех. Бидејќи на крајот, највредниот ресурс на секоја компанија не се работните часови туку луѓето што стојат зад нив.

Прочитајте и за: 10 стратегии со кои компаниите можат да го подобрат менталното здравје на вработените

Тагови: совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »