Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошница во јуни падна за 88 денари, но останува над 68.600 денари

Основните месечни трошоци за четиричлено семејство во Македонија во јуни изнесуваат 68.654 денари, а со кирија сумата скокнува на 84.024 денари.

На едно четиричлено семејство во Македонија во јуни му биле потребни најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци, покажуваат најновите податоци од Синдикалната минимална кошница што ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Во споредба со мај, кога кошницата изнесуваше 68.742 денари, евидентирано е само симболично намалување од 88 денари.

Најголем дел од семејниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, за кои се потребни 25.120 денари или 36,6 отсто од вкупната сума. Следуваат трошоците за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и режиски трошоци со 6.379 денари. Значителни издатоци има и за рекреација и култура, транспорт, како и за ресторани и хотелски услуги, додека најниски се трошоците за здравје и останати стоки и услуги.

ССМ предупредува дека состојбата е уште потешка за семејствата што живеат под кирија. Доколку четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупниот месечен трошок се искачува на 84.024 денари, што дополнително го нагласува товарот од нерешеното станбено прашање и растечките трошоци за живот.

Тагови: Македонија потрошувачката кошничка

Промовирани огласи »

10.000 евра за млади до 29 години, 7.000 евра за постари - објавен Јавниот оглас од програмата за самовработување

Агенцијата за вработување информираше дека денеска e објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“.

Агенцијата за вработување информираше дека денеска e објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“.

Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 3. јули.

Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години, а доколку станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.

Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.

Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Тагови: Агенција за вработување (АВРМ) вработени млади Самовработување

Промовирани огласи »

Убави вести за возачите! Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика драстично ги намали цените.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто во однос на одлуката од 15 јуни.

Според одлуката на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 7 денари по литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80,5 денари за литар. 

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 79,5 денари за литар.

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари.

Новите цени ќе стапат во сила од ноќеска во 00:01 часот.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

„AI писменост“ станува задолжителна работна вештина: Новата предност на успешните вработени

Дали AI ќе стане новата диплома? Вештината што ќе ја бара секој работодавач!

Вештачката интелигенција повеќе не е само технологија за ИТ експертите - таа станува дел од секојдневното работење во речиси сите индустрии. Од маркетинг и финансии, до администрација, продажба и човечки ресурси, компаниите сè почесто очекуваат вработените да знаат како ефикасно да користат AI алатки.

„AI писменост“ значи способност да се разбере, користи и контролира вештачката интелигенција во работниот процес. Тоа не значи дека секој вработен мора да биде програмер, туку дека треба да знае како да постави правилни прашања, да добие корисни резултати и критички да ги процени информациите што ги создава AI.

Компаниите препознаваат дека вработените кои умеат да работат со AI можат побрзо да завршуваат задачи, да анализираат податоци и да донесуваат подобри одлуки. Затоа, обуките за користење на AI алатки стануваат нова инвестиција во развојот на кадарот.

Во иднина, познавањето на вештачката интелигенција може да стане исто толку важно како основните дигитални вештини. Работниците кои ќе се прилагодат на новите технологии ќе имаат поголема конкурентност на пазарот на трудот.

Новата ера на работа не значи дека AI ќе ги замени луѓето - туку дека луѓето кои знаат да користат AI ќе имаат предност пред оние кои не го прават тоа.

Клучното прашање веќе не е: „Дали ќе користиме AI?“ Туку: „Колку добро ќе научиме да работиме со него?“

Прочитајте и за: AI вештините носат повисоки плати и надвор од ИТ секторот

Тагови: AI HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »