ВАБТЕК МЗТ АД Скопје е компанија која долги години е присутна на домашниот но и на меѓународниот пазар како дел од Wabtec Corporation. Вабтек е лидер во производството на сопирачки системи и останата опрема за шински возила. Во својата фабрика во Скопје, Вабтек брои 400 вработени.
Изминатите неколку години во Вабтек напорно се работеше на подобрување и модернизирање на процесите, опремата, технологиите како и условите за работа со цел следење на врвните светски трендови. И навистина, она што е до сега постигнато е доказ за исполнување на највисоките стандарди и поставување на сериозни задачи и предизвици за во иднина. Напорниот труд секогаш се исплати, така што истиот беше препознаен и награден од страна на престижниот глобален Top Employers Institute. По тој повод на Вабтек МЗТ АД Скопје му беше доделен сертификат Top Employer 2025 година.
Пристапот во работењето во Вабтек се темели на неколку клучни вредности кои ја одликуваат компанијата, како и на нејзината мисија и визија: „Луѓето на прво место“ значи фокус на добросостојбата на вработените и нивна безбедност, „Еден Вабтек“ значи функционирање на Вабтек како една глобална заедница и еден тим кои работат заедно на постигнување на целите, „Поместување на границите на возможното“ го означува стремежот за постојано подобрување на секое поле, а „Прифаќање на различностите“ ја потенцира инклузивната средина и создавање на средина каде секој се чувствува дека припаѓа.
Водејќи се од овие вредности, Вабтек создаде услови и работна средина со која го заслужи сертификатот Top Employer 2025. Начинот на управувањето со човечките ресурси вклучува бројни сегменти како што се: јасно поставување и следење на зададени цели во текот на цела година, само-евалуација и евалуација на перформансите на секој вработен, плаќање на работата базирано на мерит-систем, вклучување на вработените во процесот на донесување на одлуки и редовно спроведување анкети за мислењето на вработените, транспарентен и фер регрутациски процес, постојан развој и надградување на знаењето и вештините на вработените, можности за кариерен напредок, како и сеопфатна Employee wellbeing програма. Дел од поволностите кои Вабтек ги нуди на своите вработени вклучуваат обезбеден топол оброк, приватно здравствено осигурување, програма за купување на попуст и на рати, спорт и рекреација, бонуси за препорака, јубилејни награди, голем број на подароци, иницијативи и признанија по различни поводи.
Признанието добиено од страна на Top Employers глобалниот институт за Вабтек претставува голема чест и привилегија, имајќи во предвид дека нема многу компании во државава кои го добиле ваквиот сертификат, со оглед на високите критериуми кои е потребно да бидат исполнети. Но исто така, за Вабтек ова претставува и мотивација да се продолжи со посветена работа и во иднина да се постигнат уште поголеми успеси и достигнувања.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од успешната приказна на Вабтек, испрати твое CV на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@wabtec.com


Тагови: Wabtec MZT