Промовирани огласи »

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

Хуман потег што спасува животи: УНИБанка донираше клучен апарат за децата во Козле!

УНИБанка донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле” Скопје за набавка на најсовремен медицински  апарат за болните од цистична фиброза.

Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други состојби со задржување на густ секрет во дишните патишта.

УНИБанка отсекогаш била поддршка на локалната заедница и секојдневниот живот на луѓето во Македонија. Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Како општествено одговорна компанија, со особена посветеност поддржуваме проекти кои носат подобар живот и насмевка за децата и семејствата.

Нашата мисија не е само да создадеме квалитетни финансиски решенија, туку и да покажеме човечност, емпатија и искрена грижа за заедницата. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, изјави Делчо Крастев, Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

“Овој апарат претставува значајна поддршка во рехабилитацијата и секојдневната терапија на децата со белодробни заболувања и цистична фиброза, бидејќи овозможува поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија. Неговото значење е уште поголемо бидејќи го добиваме во време кога континуирано се работи на зајакнување и унапредување на техничките капацитети”, изјавија од клиниката.

Ваквите активности УНИБанка ќе ги продолжи и во иднина, со цел да придонесе кон подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Меѓународна возачка дозвола: Каде е потребна и кои документи ви се потребни?

Проверете дали ви е потребна меѓународна возачка дозвола!

Доколку планирате патување во странство и сакате да управувате моторно возило надвор од државата, можеби ќе ви биде потребна меѓународна возачка дозвола. Овој документ се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена во Виена во 1968 година, и претставува официјален превод на вашата национална возачка дозвола.

Важно е да се знае дека меѓународната возачка дозвола издадена во Македонија не важи на територијата на државата, туку се користи исклучиво во странство. Исто така, лицата на кои им е изречена забрана за управување со моторно возило немаат право да добијат меѓународна возачка дозвола додека трае санкцијата.

Во кои земји не е потребна?

Согласно билатералните договори што ги има државата, македонските возачи не мора да поседуваат меѓународна возачка дозвола за управување возило во:

  • Албанија
  • Босна и Херцеговина
  • Германија
  • Италија
  • Косово
  • Србија
  • Црна Гора
  • Шпанија

За сите останати држави, меѓународната возачка дозвола е задолжителен документ.

Потребни документи за аплицирање

За издавање на меѓународна возачка дозвола потребно е да приложите:

  • Важечка национална возачка дозвола
  • Лична карта или пасош за идентификација
  • Две фотографии со димензии 45 x 35 мм
  • Потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило

Постапката бара лично присуство на апликантот.

Рок на важност

Меѓународната возачка дозвола има важност до три години од денот на издавање, односно до истекот на националната возачка дозвола доколку таа истекува порано.

Доколку патувате во земја каде што овој документ е задолжителен, препорачливо е навреме да ја започнете постапката за негово издавање и да ги подготвите сите потребни документи.

Тагови: лична карта меѓународна возачка дозвола Министерството за внатрешни работи-(МВР)

Промовирани огласи »

Работни позиции кои веќе не постојат

Доставувачи на млеко, палачи на улични светилки, читачи во фабриките и телефонски оператори - работни позиции кои исчезнаа!

Застарените професии исчезнаа со развојот на модерната инфраструктура и технологија.

Доставувачите на млеко, палечите на улични светилки, читачите во фабриките и телефонските оператори некогаш имаа важна улога во секојдневниот живот. Тие ги задоволуваа основните потреби на општеството пред појавата на фрижидерите, електричното осветлување, будилниците и автоматските телефонски системи.

Истата судбина ги снајде и многу други работни позиции, како сечењето и доставата на мраз или телеграфските услуги. Овие работни места постоеја сè додека новите машини, мрежи и уреди не понудија побрзи, поефикасни и подостапни решенија. Со напредокот на технологијата, потребата од овие услуги постепено исчезна, а со тоа исчезнаа и самите професии.

Денес сме сведоци на нова технолошка револуција предводена од вештачката интелигенција (AI). Како и во минатото, одредени работни позиции ќе се трансформираат или ќе исчезнат, но истовремено ќе се создадат и сосема нови професии кои денес можеби не ни постојат. Историјата покажува дека секоја технолошка ера носи промени на пазарот на трудот некои работни места се укинуваат, а други се раѓаат.

Затоа, најважната вештина на иднината нема да биде само техничкото знаење, туку способноста за учење, адаптација и прифаќање на промените. Технологијата ги менува професиите, но потребата од човечки талент, креативност и иновација останува.

Прочитајте и за: HR тренд: Mental health програмите стануваат нов стандард во компаниите

Тагови: AI работа технолошка револуција

Промовирани огласи »

Од 1 јули 2026 ЕУ воведува нова давачка за онлајн купување: 3 евра по производ

Новите правила во ЕУ носат дополнителен трошок за секој производ нарачан онлајн од земји надвор од Унијата. Еве што значи тоа за купувачите, испораките и враќањето на стоката

Од 1 јули 2026 година, во сите земји-членки на Европската Унија ќе се применува нова царинска давачка од 3 евра за секој производ во пратка купена онлајн од земја што не е членка на ЕУ. Со ова се укинува досегашната практика според која пратките со вредност под 150 евра не подлежеа на царина. Тоа значи дека пакет со пенкало, тетратка и приврзок ќе носи дополнителен трошок од 9 евра, плус ДДВ, додека две идентични пенкала ќе се сметаат за еден производ и ќе се наплатува само една давачка.

Според новите правила, купувачите ќе можат да ја платат оваа давачка на два начина: или директно при купувањето, ако онлајн продавницата ја пресметува однапред, или при испорака, кога пошта или курирска служба ќе побара наплата пред предавање на пратката. Властите велат дека целта е да се создадат порамноправни услови за компаниите од ЕУ во однос на трговците од трети земји, а потрошувачите се советуваат внимателно да ги проверуваат условите за купување за да знаат кога и како ќе ги платат дополнителните трошоци.

Новата давачка ќе важи и ако производот подоцна се врати, при што таксата од 3 евра нема да се враќа, освен ако стоката е неисправна. Повратот на ДДВ, пак, ќе зависи од политиката на конкретната продавница. Царинска такса нема да се наплаќа само ако стоката веќе се наоѓа во ЕУ во моментот на нарачката, но експертите предупредуваат дека некои веб-страници можат да создадат впечаток дека работат од ЕУ иако стоката се испраќа од трета земја. Затоа, купувачите треба да ги проверуваат деловите „Услови за користење“ и „За нас“ пред да нарачаат.

Тагови: данок ДДВ ЕУ онлајн купување

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »