Промовирани огласи »

Спарно време и засилен ветер низ земјава

Македонија под влијание на силно западно струење

Во текот на понеделник времето во Македонија ќе биде под влијание на засилен до повремено силен ветер од западен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Причина за ваквата состојба е циклонската активност над Џенова, која ќе донесе нестабилна атмосфера и променливо време.

Претпладнето ќе биде претежно стабилно и сончево, но во попладневните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради југозападното и западното воздушно струење, од Сахара повторно ќе има транспорт на прашина и песок кон Македонија, па атмосферата ќе биде заматена и со намален квалитет на воздухот. Во случај на дожд, можно е врнежите да бидат помешани со сахарска прашина и песок. Времето ќе биде спарно и мачно, а температурите ќе се чувствуваат повисоки од реално измерените.

Температурите ќе бидат во пораст и речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места ќе достигнат и над 25 степени. Во Повардарието и југоисточните предели температурата локално ќе се искачи до околу 30 степени, а слично топло ќе биде и во Скопје со околината.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

12.5.2026 Вторник   17° / 24° 07:19   21:45
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

















24°
23°
22°
21°
19°
18°
17°

6

6

5

5

4

4

4
13.5.2026 Среда   12° / 17° 07:18   21:46
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
16°
16°
16°
15°
14°
13°
12°
12°
12°
12°
13°
13°
15°
17°
17°
17°
16°
16°
15°
15°
14°
14°
13°
13°

3

3

3

2

2

4

5

4

4

4

3

3

3

3

3

2

2

2

3

2

3

1

2

2
14.5.2026 Четврток   / 21° 07:17   21:47
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
12°
11°
11°
10°
10°



11°
13°
14°
16°
18°
19°
20°
20°
21°
21°
21°
19°
18°
16°
15°
14°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

2

2

2

3

3

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Reskilling или отказ? Како компаниите се справуваат со промените

Учиш нови вештини или си следен за отказ?

Промените на пазарот на труд никогаш не биле побрзи. Новите технологии, автоматизацијата и AI ја редефинираат потребата од вештини и ги ставаат компаниите пред тешка одлука:
дали да инвестираат во луѓето што ги имаат или да ги заменат со нови профили?

Дилемата „reskilling или отказ“ станува едно од клучните прашања за HR во 2026.

Технологијата не чека

Со секоја нова алатка:

  • Некои работни позиции исчезнуваат
  • Нови улоги се појавуваат
  • Постојните работни места се трансформираат

Она што вчера било доволно, денес веќе не е.

Компаниите мора брзо да реагираат инаку ризикуваат да заостанат.

Reskilling: инвестиција што се исплаќа

Сè повеќе организации избираат да ги надградат своите вработени наместо да ги заменат.

Што значи тоа?

  • Обуки за нови дигитални и технички вештини
  • Развој на soft skills
  • Интерни академии и програми за учење

Зошто?

  • Поевтино е од ново вработување
  • Се задржува организациско знаење
  • Се зголемува лојалноста

Вработените не се трошок туку долгорочна инвестиција.

Отказ: брзо, но краткорочно решение

Во некои случаи, компаниите сепак одлучуваат за кратење:

  • Кога промените се премногу брзи
  • Кога skill gap е преголем
  • Кога нема време за обука

Отказите можат да донесат брз ефект, но:

  • Го нарушуваат моралот
  • Создаваат негативен employer brand
  • Носат ризик од губење на талент

Хибриден пристап: новата реалност

Најуспешните компании не избираат само една опција.

Тие комбинираат:

  • Reskilling за постојните вработени
  • Селективно ново вработување
  • Автоматизација каде што е возможно

Балансот помеѓу луѓе и технологија станува клучен.

Новата улога на HR

HR тимовите имаат централна улога во оваа трансформација:

  • Идентификување на skill gaps
  • Креирање learning стратегии
  • Поддршка при организациски промени
  • Комуникација со вработените

HR станува менаџер на промени, не само на луѓе.

Што значи ова за вработените?

Реалноста е јасна:

  • Континуираното учење станува задолжително
  • Стабилноста на работното место повеќе не е гарантирана
  • Адаптабилноста е највредната вештина

Прашањето повеќе не е „дали ќе учиш“, туку колку брзо можеш да се прилагодиш.

„Reskilling или отказ“ не е само HR дилема тоа е стратегиска одлука што ја одредува иднината на компанијата.

Компаниите што инвестираат во луѓето:

  • Градат поодржлив раст
  • Создаваат посилна култура
  • Остануваат конкурентни

 Во ерата на брзи промени, најголема предност не е технологијата туку способноста да се учи и менува.

Прочитајте и за: Компаниите експериментираат со нови модели на работа

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Топ 5 креми за сончање што мораш да ги пробаш оваа сезона

Kремата за сончање не треба да биде луксуз, туку задолжителен дел од секојдневната рутина – особено во летните месеци.

Сончевите зраци се одлични за добро расположение и витамин Д, но прекумерното изложување без заштита може да предизвика изгореници, предвремено стареење на кожата и сериозни здравствени последици. Затоа, кремата за сончање не треба да биде луксуз, туку задолжителен дел од секојдневната рутина  особено во летните месеци.

Што треба да знаете за кремите за сончање?

Квалитетната крема за сончање треба да има широк спектар на заштита (UVA и UVB), со минимум SPF 30. Изберете формула што одговара на вашиот тип на кожа – лесна текстура за масна кожа, а похидратантна за сува. Не заборавајте да ја нанесете 15-30 минути пред изложување на сонце и да ја обновувате на секои 2 часа или после капење.

Препораки – Креми за сончање:

La Roche-Posay Anthelios SPF 50+

Лесна, некомедогена формула, идеална за чувствителна кожа.

Eucerin Sun Gel-Cream Oil Control SPF 50+

Одлична за комбинирана и масна кожа – не остава масен сјај.

Vichy Capital Soleil SPF 50+

Сигурна заштита, со хидратантен ефект и пријатен мирис.

Afrodita Sun Care SPF 30/50

Македонски бренд со солидна заштита и поволна цена.

Nivea Sun Protect & Moisture SPF 50+

Класичен избор кој ефикасно штити и ја хидрира кожата.

Сонцето може да биде пријател, но само ако се заштитите правилно. Инвестирајте во добра крема за сончање вашата кожа ќе ви биде благодарна. Без разлика дали сте на плажа, во град или на планина, заштитата од сонце треба да биде секојдневна навика.

Тагови: годишен одмор здравје креми за сончање

Промовирани огласи »

Жичницата на Водно нема да работи цело лето – откриени сериозни дефекти и ризик од паѓање на гондола

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците.

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според него, 15 години по пуштањето во употреба, жичницата никогаш не била целосно сервисирана од австрискиот производител „Допелмаер“, што довело до оштетувања кои можеле да предизвикаат сериозна несреќа.

Жичницата беше затворена на 25 април, кога од ЈСП „Скопје“ информираа дека прекинот ќе трае два дена. Но, по проверките што ги извршил тим од „Допелмаер“, градските власти одлучиле таа да остане надвор од функција.

Побарав да дојдат претставници на ‘Допелмаер‘, по што беше утврдено дека не бил направен сервис. Биле барани понуди од фирмата, но ниту еднаш не бил склучен договор за целосно сервисирање. Увидот покажа дека гумичките биле изедени и поради тоа доаѓало до триење на гондолите. Исто така не работеле и неколку сензори. Поради овие причини можело да се случи да се откачи гондола, изјавил Ѓорѓиевски.

Од ЈСП „Скопје“ сега очекуваат австриската компанија да достави понуда за целосно сервисирање и санација на системот.

Колку точно ќе трае сервисирањето не можеме да кажеме, чекаме да ја добиеме понудата од ‘Допелмаер‘, но сигурно е дека летово нема да работи, додал градоначалникот.

Темата дополнително ја отвори дебатата за безбедноста на жичниците, особено по трагичните несреќи во регионот и Европа. Минатата година четири лица загинаа во Италија по пад на кабина од жичница во Неапол, додека на Дурмитор во Црна Гора загина германски турист кој испаднал од гондола.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година. Ја изгради австриската компанија „Допелмаер“, а проектот чинеше 6,7 милиони евра.

Системот располага со 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две ВИП кабини, а дел од гондолите се опремени и со држачи за велосипеди.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »