Промовирани огласи »

Жичницата на Водно нема да работи цело лето – откриени сериозни дефекти и ризик од паѓање на гондола

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците.

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на целото лето, откако при вонреден увид биле утврдени сериозни технички недостатоци и ризици по безбедноста на патниците, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според него, 15 години по пуштањето во употреба, жичницата никогаш не била целосно сервисирана од австрискиот производител „Допелмаер“, што довело до оштетувања кои можеле да предизвикаат сериозна несреќа.

Жичницата беше затворена на 25 април, кога од ЈСП „Скопје“ информираа дека прекинот ќе трае два дена. Но, по проверките што ги извршил тим од „Допелмаер“, градските власти одлучиле таа да остане надвор од функција.

Побарав да дојдат претставници на ‘Допелмаер‘, по што беше утврдено дека не бил направен сервис. Биле барани понуди од фирмата, но ниту еднаш не бил склучен договор за целосно сервисирање. Увидот покажа дека гумичките биле изедени и поради тоа доаѓало до триење на гондолите. Исто така не работеле и неколку сензори. Поради овие причини можело да се случи да се откачи гондола, изјавил Ѓорѓиевски.

Од ЈСП „Скопје“ сега очекуваат австриската компанија да достави понуда за целосно сервисирање и санација на системот.

Колку точно ќе трае сервисирањето не можеме да кажеме, чекаме да ја добиеме понудата од ‘Допелмаер‘, но сигурно е дека летово нема да работи, додал градоначалникот.

Темата дополнително ја отвори дебатата за безбедноста на жичниците, особено по трагичните несреќи во регионот и Европа. Минатата година четири лица загинаа во Италија по пад на кабина од жичница во Неапол, додека на Дурмитор во Црна Гора загина германски турист кој испаднал од гондола.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба на 3 јуни 2011 година. Ја изгради австриската компанија „Допелмаер“, а проектот чинеше 6,7 милиони евра.

Системот располага со 28 кабини со капацитет за осум лица, како и две ВИП кабини, а дел од гондолите се опремени и со држачи за велосипеди.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“

Промовирани огласи »

Поскапува паркингот во Центар, „Пајакот“ наместо 3.500 ќе чини 4.000 денари

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ воведува повеќе измени. Еве кои се тие!👇

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ воведува измени во условите и начинот на користење на јавните паркиралишта, со фокус на поголема достапност на паркинг за жителите на Општина Центар, намалување на метежот и поефикасно управување со јавниот простор, информираа надлежните од претпријатето. 

Велат дека измените се донесени по консултации со жителите, стручни лица, како и анализа на европски практики.

Дел од новите мерки стапуваат во сила веднаш, а дел во наредниот период. 

Со новите измени, повластените карти повеќе нема да се врзуваат само со лична карта, туку со станбена единица — со цел пофер и поорганизиран систем за жителите. 

Ова се новите измени на ПОЦ: 

  • Бесплатно секторско паркирање за прво возило

За станарите за второ возило: Месечната претплата се зголемува од 250 на 500 денари.

Трето возило: Цената се коригира од 1.200 на 1.500 денари месечно. 

  • Нова „Услуга Плус" за пошироко користење надвор од матичниот сектор
  • Корекција на цените за надворешни корисници и деловни субјекти.

Значајни промени се воведени и кај зонското комерцијално паркирање: 

Дневни карти: Поскапуваат за 100 денари (од 300 на 400 денари).

Дневни припејд карти: Во Зона 1 цената се зголемува на 1.000 денари, а во Зона 2 на 900 денари.

Бизнис карти (правни лица): Месечната мобилна бизнес карта поскапува на 2.500 денари.

За вработени во фирми во Општина Центар: Цената на месечниот билет се зголемува од 2.000 на 3.000 денари.

Службени возила на затворени паркиралишта: Новата месечна цена изнесува 4.000 денари.

Поскапо ќе се плаќа и за услугата на „пајак“ службата за подигнување на непрописно паркирано возило. Сопствениците на ваквите возила наместо досегашните 3.500 денари, сега ќе наплаќаат 4.000 денари.

Од претпријатето велат дека, средствата ќе се инвестираат во нова опрема, автоматска наплата, системи за читање, регистарски таблици, подобра безбедност, нови возила и подобра инфраструктура.

Тагови: ЈП Паркинзи краткото паркирање Општина Центар

Промовирани огласи »

Публиката секогаш препознава искрена енергија

Сè уште се мислиш како да почнеш? Научи од патот на DJ Boogieman!

Во новата епизода на серијалот „ОД НУЛА“, ни гостува еден од најактивните чинители на нашата урбана сцена – Огнен Андоновски (DJ Boogieman). Човекот кој успеа својата страст кон музиката да ја преточи во успешен бренд како Street Soul Delight, споделува искуства кои се корисни за секој креативец и претприемач.

Во овој опширен разговор, ги анализираме предизвиците на ноќниот живот, но од еден поинаков агол – организацискиот. Boogieman детално објаснува што се случува зад сцената: од моментот кога ќе се роди идејата за настан, па сè до финалниот поздрав со публиката.

Клучни теми на епизодата:

  • Како да се изгради стил кој е препознатлив по првите неколку бита?
  • Дали денес е потешко да се пробиеш како DJ и колку селекцијата на музика е стратешка одлука?
  • Каде се движи ноќниот живот во Скопје и каква е иднината на Street Soul движењето кај нас?

Дознајте како еден артист успева да биде и стратег во сопствената кариера, останувајќи верен на своите вредности и визија. Разговор полн со знаење, искуство и искреност.
Целата епизода е достапна на нашиот Youtube канал:

Публиката секогаш препознава искрена енергија

Тагови: креативност музикотерапија Од нула DJ Boogieman

Промовирани огласи »

Компаниите експериментираат со нови модели на работа

Крај на класичната работа: Компаниите тестираат нешто сосема ново!

Во обид да привлечат и задржат талент, да ја зголемат продуктивноста и да се прилагодат на новата реалност, компаниите ширум светот активно експериментираат со нови модели на работа. Ова не се мали прилагодувања туку редизајн на начинот на кој работиме.

Хибрид, remote и beyond

Хибридниот модел беше само почеток.

Денес гледаме:

  • Work from anywhere - работа без фиксна локација
  • Remote-first компании - канцеларијата е опција, не правило
  • Office-first 2.0 - но со флексибилни услови

Компаниите тестираат што навистина функционира, наместо да следат еден модел за сите.

Флексибилно време наместо фиксно работно време

Фокусот се поместува од часови кон резултати.

  • Флексибилен почеток и крај на работниот ден
  • Асинхрона комуникација
  • Работа базирана на цели, не присуство

Прашањето повеќе не е „кога работиш“, туку што испорачуваш.

4-дневна работна недела и експерименти

Сè повеќе компании тестираат алтернативни модели:

  • 4-дневна работна недела
  • Компресирани работни часови
  • „no-meeting“ денови

Резултатите често покажуваат:

  • Зголемена продуктивност
  • Подобар work-life баланс
  • Поголемо задоволство кај вработените

Помалку време на работа ≠ помалку резултати.

Технологијата како основа

Ниту еден нов модел не функционира без технологија.

  • Алатки за колаборација и комуникација
  • AI за автоматизација
  • Дигитални платформи за управување со тимови

Технологијата овозможува флексибилност но и поставува нови стандарди за ефикасност.

Нови предизвици за менаџментот

Флексибилноста носи и сложеност.

Компаниите се соочуваат со:

  • Одржување на тимска култура на дистанца
  • Следење на перформанси без „микроменаџмент“
  • Спречување на burnout
  • Јасна комуникација во распределени тимови

Не е доволно да дадеш слобода треба да знаеш како да ја управуваш.

Не постои „еден правилен модел“

Најголемата лекција од сите експерименти е оваа:

Не постои универзално решение.

Она што функционира за една компанија, не мора да функционира за друга. Затоа компаниите:

  • Тестираат
  • Мерат резултати
  • Прилагодуваат модели

Работата повеќе не е фиксен концепт таа станува флексибилен систем што постојано се менува.

Компаниите што експериментираат и се адаптираат:

  • Привлекуваат подобар талент
  • Создаваат поангажирани тимови
  • Остануваат конкурентни

Во новата ера, успехот не зависи од тоа каде и кога работиш  туку како работиш.

Прочитај и за: HR не е повеќе административна функција

Тагови: HR трендови хибридна работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »