Промовирани огласи »

Oracle Corporation започна нов бран отпуштања, при што вработени во САД и Индија добиле известувања рано наутро, преку меил испратена во 6 часот, дека нивните позиции се укинати. Според информациите, одлуките биле соопштени без претходна најава, без вклучување на менаџери или HR состаноци, што предизвика реакции кај погодените вработени.

Отпуштањата ги зафаќаат тимовите во областа на cloud, продажба и здравство, а на вработените им било соопштено дека ќе имаат право на отпремнина само по потпишување на документ за прекин на работниот однос. Воедно, пристапот до системите им бил укинат истиот ден, што дополнително ја засили загриженоста за начинот на спроведување на процесот.

Иако официјалната бројка не е потврдена, проценките сугерираат дека глобално би можеле да бидат погодени меѓу 20.000 и 30.000 работни места. Овие кратења се поврзуваат со стратегиската насока на компанијата кон инвестиции во вештачка интелигенција и дата центри, со цел пренасочување на ресурсите кон инфраструктурен раст и идни технологии.

Тагови: давање отказ паричен надоместок работнички права тивко отпуштање Oracle Corporation

Промовирани огласи »

Вработување во Шпаркасе Банка, Виола Аптеки и H&M!

Огласи за работа во Шпаркасе Банка, Виола Аптеки и H&M!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Студио Модерна Дооел Скопје е дел од водечката мулти-канална компанија Studio Moderna, која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар како продажна и маркетинг компанија во малопродажба. Присутна е преку мрежа од 20+ продажни локации, дигитална платформа и Call Center каде што обезбедува одлично корисничко искуство за купувачите.

Моментално вработува:

ПРОДАЖНИ АГЕНТИ
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ – ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД (СО ИСКУСТВО ВО ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА)
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОНБОРДИНГ И КВАЛИФИКАЦИЈА НА ДОБАВУВАЧИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК И АДМИНИСТРАТОР ВО ЛОГИСТИЧКИ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР КУМАНОВО

Во H&M Group, ние сме горди што сме енергична и гостопримлива компанија. На нашите вработени им нудиме атрактивни придобивки со широки можности за развој низ целиот свет. 

Моментално вработува:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА - DIAMOND MALL

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА КРЕДИТНА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. ЦЕНТАР

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - НАС. АЕРОДРОМ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. КАРПОШ
ФАРМАЦЕВТ - НАС. ЦЕНТАР
ФАРМАЦЕВТ - НАС. АЕРОДРОМ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ/ДИСТРИБУТЕР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Тивок притисок: Како компаниите те тераат да работиш бесплатно

Зошто сите остануваат после работа и зошто ти не мораш!

Во многу компании, неплатените часови не доаѓаат со директна наредба. Наместо тоа, постои „тивок притисок“ - суптилни очекувања, култура на постојана достапност и чувство дека „ако не останеш подолго, не си доволно посветен“. Овој модел постепено станува нормален, а границата меѓу професионалност и експлоатација се брише.

Како изгледа тивкиот притисок?

  • „Само уште ова да го завршиме“ - фраза што редовно го продолжува работниот ден
  • Пораки и мејлови надвор од работно време со очекување за брз одговор
  • Колеги што постојано остануваат подолго - па се создава „норма“
  • Менаџери што наградуваат присуство, не продуктивност
  • Страв дека ќе изгледаш „неангажиран“ ако си заминеш на време

Со тек на време, ова не се доживува како исклучок, туку како правило.

Зошто луѓето прифаќаат да работат бесплатно?

  • Страв од губење работа
  • Желба за напредок („ќе се исплати подоцна“)
  • Лојалност кон тимот
  • Недефинирани работни граници
  • Култура што го слави „прегорувањето“ како успех

Како да се заштитиш – практични совети

1. Постави јасни граници

Дефинирај кога завршува твојот работен ден и почитувај го тоа. Не мора да објаснуваш секој пат зошто си заминуваш на време.

Пример: „Ќе продолжам утре наутро, за да го завршам со свеж фокус.“

2. Не нормализирај итност што не е итна

Не секоја задача е „итна“. Прашај:

  • Дали ова навистина мора денес?
  • Што се случува ако се заврши утре?

3. Води евиденција за прекувремена работа

Запишувај ги дополнителните часови. Ова ти дава основа ако треба да разговараш со менаџер или HR.

4. Комуницирај проактивно

Ако работата редовно излегува од контрола, кажи го тоа.

Пример: „Во последно време имам повеќе задачи отколку што може да се завршат во работно време. Можеме ли да приоритизираме?“

5. Научи да кажеш „не“ (професионално)

Одбивањето не значи непрофесионалност туку зрелост.

Пример: „Можам да го преземам ова, но ќе треба да одложиме друга задача.“

6. Не дозволувај „културата“ да ти диктира вредност

Само затоа што сите остануваат подолго, не значи дека тоа е правилно. Вредноста на работникот не се мери со бројот на поминати часови, туку со резултатите.

7. Препознај кога е време за промена

Ако неплатената работа е системска и нема слух за промени можеби проблемот не си ти, туку организацијата.

Тивкиот притисок е опасен затоа што не се гледа веднаш но со тек на време води до исцрпеност, незадоволство и прегорување. Поставувањето граници не те прави помалку вреден работник - туку професионалец што знае да го цени својот труд. Работата е важна, но не треба да доаѓа по цена на твоето време, здравје и живот.

Прочитајте и за: Моќта на зборовите: Како комуникацијата ја обликува вашата кариера

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Андоновски: Македонија прва во регионот ќе ги укине ЕУ роаминг трошоците

Македонија е на чекор да стане првата земја во регионот што ќе овозможи граѓаните да не плаќаат дополнително за роаминг во ЕУ. Министерот Стефан Андоновски најави дека законските измени се во финална фаза.

Македонија е подготвена да стане првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во Европската Унија, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој истакна дека граѓаните во иднина нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет додека престојуваат во земјите членки на ЕУ.

Андоновски рече дека земјата веќе го завршила својот дел од обврските и го испратила законскиот текст до Европската Унија на мислење, по што следува негово усвојување во Собранието. Иако во меѓувреме пристигнале нови прашања од Брисел, министерот нагласи дека планот останува ист и дека институциите се подготвени да ја финализираат потребната регулатива, со цел балканскиот модел за роаминг да се преслика и во односите со ЕУ.

Осврнувајќи се и на евроинтегративниот процес, Андоновски порача дека државата не се откажува од европскиот пат и продолжува со реформите, но потенцираше дека секој нареден чекор мора да биде проследен со јасни гаранции. Според него, Македонија ги исполнува задачите што ѝ се поставени, додека истовремено инсистира националните интереси да не бидат доведени во прашање.

Тагови: ЕУ Регион роаминг

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »