Промовирани огласи »

Нови правила за влез во Грција од 10 април: Подолги контроли и можни гужви на границите

Патувате во Грција ова лето? Од 10 април стартува новиот EES систем на ЕУ, што значи биометриски проверки, подолги контроли и можни задржувања на граничните премини.

Граѓаните кои планираат патување во Грција оваа година ќе треба однапред добро да се подготват, бидејќи од 10 април системот EES (Entry/Exit System) почнува да функционира во полн капацитет на сите надворешни граници на Европската Унија. Новиот систем ќе го замени класичното печатирање на пасошите со биометриски проверки, односно фотографирање на лицето, земање отпечатоци од прсти и електронска евиденција на влезот и излезот за патници од земји што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија.

Иако првично се очекуваше туристичките дестинации како Грција да добијат подолг период на олеснување за да се избегнат летни гужви, најновите информации покажуваат дека флексибилноста ќе биде минимална. Системот, според најавите, ќе може да се суспендира само неколку часа дневно, што значи дека патниците во текот на летната сезона треба да сметаат на подолги задржувања, особено на најоптоварените гранични премини. Искуствата од тест-периодот веќе покажале зголемување на времето за контрола и до 70 проценти, а во празнични периоди биле забележани и повеќечасовни чекања.

Експертите советуваат граѓаните што патуваат со автомобил внимателно да ја планираат рутата и редовно да ја следат состојбата на граничните премини. Освен најфреквентниот премин Евзони, на располагање се и Дојран и Меџитлија, кои работат 24 часа. EES системот ќе важи на сите надворешни граници на ЕУ, и копнени и аеродромски, со цел подобро следење на краткорочните престои до 90 дена во период од 180 дена. Иако новиот модел треба да донесе поголема безбедност, за патниците тоа ќе значи и поформални процедури и веројатно подолги редици во шпицот на сезоната.

Тагови: EEC граница ЕУ

Промовирани огласи »

Кредитни картички од УНИБанка - заштеда, флексибилност и премиум привилегии

Премиум привилегии кои секој ги посакува - УНИБанка

Безготовинските плаќања одамна се дел од секојдневието на современиот човек. Кредитните картички обезбедуваат сигурност, практичност и финансиска флексибилност при секоја трансакција. Вистинското прашање не е дали да имаме картичка, туку која Банка нуди најмногу вредност.

По однос на поволностите за корисниците, на пазарот особено се издвојува УНИБанка – динамична и современа Банка која задоволството на клиентите го става во прв план.

Со кредитна картичка од УНИБанка, доколку во месецот остварите промет во трговија од минимум 6.000 денари, се ослободувате од членарина – еден од најконкурентните услови на пазарот. Дополнително, клиентите кои остваруваат приливи на сметка во Банката, во првата година се целосно ослободени од членарина, без оглед на висината на прометот.

Посебна вредност носи и повратот на средства (cashback) од 0,5% за секоја трансакција во трговија – реална заштеда што директно влијае на домашниот буџет. Картичките овозможуваат месечна потрошувачка до висина од четири плати, до 40 дена бескаматен период, односно 0% камата доколку вкупниот потрошен износ се подмири во првите 10 дена од завршувањето на месечниот циклус, а доколку не се подмири се применуваат редовни каматни стапки согласно продуктот. Дополнително, достапна е и можност за купување на рати без камата кај бројни трговци со ПОС терминали на Банката, како и попусти кај широка мрежа на партнери.

За клиентите кои често патуваат, Mastercard® Gold кредитните картички нудат дополнителни премиум бенефити, вклучително и бесплатен пристап за користење на услугите во деловните зони на над 1.500 аеродроми во светот – простор за одмор и уживање пред летот, со врвна услуга и комфор.

Сите картички на УНИБанка се со највисоки стандарди на сигурност и безбедност, овозможувајќи безгрижно плаќање – каде било и кога било.

Со УНИБанка како партнер од доверба, планирањето на патувања, пазарувања и лични задоволства станува поедноставно и поповолно.

Доколку сè уште немате кредитна картичка од УНИБанка, можеби токму сега е вистинскиот момент да изберете повеќе вредност за вашите финансии.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Од стагнација до иновација: Како обуките ја трансформираат вашата компанија

Не ја пропуштај шансата која може да ја промени твојата кариера!

Во денешниот брзопроменлив бизнис свет, компаниите кои не инвестираат во развојот на своите вработени ризикуваат да заостанат. Стагнацијата не е само чувство – таа се гледа во намалената продуктивност, низок морал и губење на конкурентската предност.

Обуките и развојните програми се клучот кој ја отвора вратата кон иновацијата. Тие не само што ги надградуваат вештините на вработените, туку ја поттикнуваат креативноста, ја зголемуваат ефикасноста и создаваат култура на учење во компанијата.

Компаниите кои редовно инвестираат во обуки забележуваат:

  • Подобра адаптивност кон промени и нови технологии
  • Зголемена мотивација и ангажман на тимот
  • Брзо решавање на проблеми и иницијатива за нови проекти
  • Намалување на тековноста на вработените и привлекување на таленти

Од стагнација до иновација е процес кој започнува со мал чекор – вложување во обука. Кога вашите вработени учат, расте целата компанија. Обуките не се трошок, туку стратегиска инвестиција која се враќа многукратно.

Поставете го прашањето денес: Дали вашата компанија е подготвена да ја трансформира иднината преку учење?

За најнови настани, работилници и саеми, најдобро е да ја посетиш директно страницата „Настани“ на KARIERA.mk каде редовно се објавуваат најави и агенди. 

Прочитајте и за: Што да ставите во CV кога немате работно искуство?

Тагови: настани обуки за вработени совети за работа

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Возач со Ц категорија
Продажен персонал - Capitol Mall
Оператори во производствен погон
Специјалист за корисничка поддршка на холандски јазик (Ц1 ниво)
Помлад истражувач во одделот Истражување и развој фармација

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Тетово!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »