Промовирани огласи »

Зошто вработените си заминуваат иако имаат добра плата?

Висока плата, а сепак отказ? Еве зошто!

Долго време се веруваше дека високата плата е гаранција за лојалност. Но, реалноста на денешниот пазар на труд покажува нешто поинакво – добрите вработени си заминуваат дури и кога се добро платени.

Па што навистина стои зад таа одлука?

1. Недостаток на почит и признание

Парите не можат да ја заменат потребата од признание. Кога трудот не се вреднува, кога нема благодарност или јавно пофалување, вработените почнуваат да се чувствуваат како „само број“.

Со тек на време, тоа создава дистанца и демотивација.

2. Лош менаџмент

Една од најчестите причини за отказ не е компанијата – туку директниот менаџер. Недоволна комуникација, микроменаџмент, неправедност или недостиг на поддршка се фактори што ги оттурнуваат дури и најлојалните кадри.

Луѓето често не ја напуштаат работата – туку го напуштаат шефот.

3. Недостаток на можности за раст

Амбициозните професионалци сакаат напредок. Доколку нема:

  • Јасна кариерна патека
  • Обуки и доедукација
  • Можност за унапредување
  • Тие ќе почнат да бараат нови предизвици, без разлика на платата.

4. Токсична работна култура

Интриги, фаворизирање, притисок, лоша тимска атмосфера – сите овие фактори создаваат стрес.

Дури и високата плата не може долгорочно да компензира за средина што ја нарушува менталната благосостојба.

5. Недостаток на баланс помеѓу работа и приватен живот

Во време кога burnout станува сè почест, вработените сè повеќе ја ценат флексибилноста и времето за себе.

Ако работното место бара постојана достапност, прекувремена работа и жртвување на приватниот живот, многумина ќе изберат помала плата во замена за подобар баланс.

Платата е важна – но не е единствениот фактор што ја задржува лојалноста.

Компаниите што сакаат долгорочно да ги задржат своите таленти треба да инвестираат во:

  • Здрава организациска култура
  • Транспарентна комуникација
  • Развој и напредок
  • Почит и признание
  • Флексибилност

Во спротивно, дури и најдобро платените вработени може да одлучат дека вредат повеќе од својата месечна плата.

Прочитајте и за: Дали платата или флексибилноста е поважна за кандидатите?

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Вработување во ТБМ Груп, Пивара Скопје и Лидл!

Огласи за работа во ТБМ Груп, Пивара Скопје и Лидл!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти. 

Моментално вработува:

BRAND MANAGER
BUSINESS DEVELOPMENT EXECUTIVE

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години.

Моментално вработува:

ПРАКТИКАНТ ВО СЕКТОР ЛУЃЕ И КУЛТУРА
АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ
ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР М/Ж

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 22 години на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година.

Моментално вработува:

СЛУЖБЕНИК ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ ВО ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА ШТЕДИЛНИЦАТА ВО СКОПЈЕ

Lear Corporation Macedonia е компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

CUSTOMER QUALITY ENGINEER
GLOBAL SCSO PURCHASING SUPPORT ADMINISTRATOR

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕР – ЗАВРШНА ДОРАБОТКА
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВЕН ИНЖЕНЕРИНГ
ОПЕРАТОР ЗА ОТПАД
ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
ИТ АСИСТЕНТ
ВОЗАЧ – КУРИР

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

7 знаци дека имате одлична тимска динамика

7 скриени знаци дека работите со најдобриот тим во вашата кариера!

Успешната тимска работа не се случува случајно. Таа е резултат на добра комуникација, доверба и заедничка посветеност кон целите. Ако се прашувате дали вашиот тим функционира како што треба, еве 7 знаци дека имате одлична тимска динамика:

1. Отворена и чесна комуникација

Во тимот секој се чувствува удобно да сподели идеи, прашања или проблеми. Критиката се дава конструктивно, а сите се стремат кон решенија, а не кон обвинување.

2. Доверба меѓу членовите

Членовите на тимот можат да се потпрат едни на други, без постојана проверка или сомневање. Довербата создава чувство на сигурност и мотивира за посветена работа.

3. Јасно дефинирани улоги и одговорности

Секој знае што се очекува од него, но истовремено помага кога некој друг има потреба. Балансот меѓу индивидуалната одговорност и тимската соработка е клучен.

4. Поддршка и признание

Членовите на тимот се поддржуваат едни со други, слават успеси и нудат помош кога некој се соочува со предизвици. Позитивната енергија ја поттикнува мотивацијата.

5. Способност за конструктивно решавање конфликти

Разлики и несогласувања се нормални, но одличната тимска динамика значи дека конфликтите се решаваат отворено и со почит, без да се нарушува атмосферата во тимот.

6. Заедничка посветеност кон целите

Тимот се движи кон заедничка цел, а индивидуалните интереси се усогласени со доброто на целиот тим. Кога сите се на ист бран, резултатите се подобри и побрзо се постигнуваат.

7. Забава и позитивна атмосфера

Сериозната работа е важна, но одличните тимови знаат да се смеат, да се дружат и да ја одржуваат позитивната енергија на работа. Пријатната атмосфера го зголемува задоволството и продуктивноста.

Ако се препознавате во овие 7 знаци, можете да бидете сигурни дека вашиот тим е на добар пат кон високата продуктивност и задоволство на работа. Одличната тимска динамика не само што ја подобрува работата, туку и ја зголемува личната мотивација и професионалниот развој.

Прочитајте и за: 10 лоши работни навики што тивко ви ја уништуваат кариерата.

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Новите ДДВ-правила ги заглавија онлајн-пратките, „Пошта“ и Царина бараат итно решение

Онлајн-нарачките од странство масовно чекаат на Царина поради новите ДДВ-обврски, додека „Пошта на Македонија“ најавува мерки за забрзување на постапките.

Новите измени на Законот за ДДВ, со кои се укина ослободувањето од данок за онлајн-пратки до 22 евра, доведоа до сериозно забавување на обработката и царинските прегледи на пратките од странство. „Пошта на Македонија“ информира дека поради обврската сите онлајн-нарачки да се доставуваат на царински преглед за утврдување на ДДВ, настанале застои во распределбата и доставата до примачите.

Од националната поштенска компанија соопштуваат дека заедно со Царинската управа работат на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработката на пратките, со цел тие да пристигнат во што пократок рок до корисниците. Во објавата на својата веб-страница, „Пошта“ апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека трае приспособувањето на новиот режим на обработка.

Министерството за финансии оцени дека укинувањето на ослободувањето од ДДВ за пратки до 22 евра ќе има директни позитивни ефекти врз домашната економија и ќе придонесе за намалување на сивата економија. Дел од прометот што досега одел кон странските онлајн-платформи, проценет на речиси 4 милиони денари месечно во одредени периоди, треба да се пренасочи кон домашните компании, да поттикне отворање нови работни места и да обезбеди пофер и поконтролирана пазарна средина. Во регистарот на Агенцијата за пошти се евидентирани 29 компании, при што „Пошта на РМ“ е единствен носител на индивидуална дозвола за универзална услуга.

Тагови: Мој ДДВ царина Пошта на Македонија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »