Пивара Скопје АД лого

Практикант во Сектор Луѓе и култура

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Агент за грижа за корисници - Возач - Дистрибутер м/ж

Пивара Скопје е во потрага по мотивиран и проактивен  практикант во Сектор за Луѓе и култура  кој ќе обезбеди поддршка во клучните процеси на човечките ресурси. Оваа улога е идеална можност за кандидати кои сакаат да се развиваат во област на човечки ресурси и да стекнат практично искуство во професионална и динамична средина.

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Обезбедување поддршка во HR административни процеси, вклучувајќи подготовка и одржување на документација и евиденции.
  • Поддршка во процесот на регрутација, што опфаќа преглед на биографии, координација на интервјуа и комуникација со кандидати.
  • Развој на основни вештини во областа на човечки ресурси и запознавање со интерните HR процеси.
  • Учество во Employer Branding активности.- вклученост во организација на интерни настани и иницијативи за вработените.

ШТО БАРАМЕ?

  • Подготвеност за учење, професионален развој и работа во тим.
  • Добри организациски и комуникациски вештини.
  • Основно познавање на MS Office алатките.
  • Развиени аналитички способности и внимание на детали.
  • Добро познавање на англиски јазик.
  • Стекнато или тековно високо образование во една од следните области: ХР менаџмент, Психологија, Правни студии, Економија

ШТО НУДИМЕ?

  • Работа во креативна и динамична работна средина во која сите заедно учиме, растеме и создаваме нови успеси 
  • Флексибилно работно време и хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома 
  • Можности за обуки и развој поддржани од страна на Coca- Cola Hellenic и Heineken 
  • Платена практикантска работа во времетраење од 6 месеци, со право за користење годишен одмор, и можност за вработување по завршување на практикантската работа 
  • Лап топ, службен телефон и пакети компаниски производи за државни празници и роденден. 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 28.02.2026г.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »