Пред два месеци, Transcom Македонија започна соработка со нов клиент за корисничка поддршка на германски јазик, а интересот од кандидатите и брзиот развој на проектот потврдуваат дека станува збор за стратешки значајна иницијатива. Проектот континуирано се проширува, а со почеток на овој месец официјално започна и третата тренинг група, со што дополнително се потврди неговиот стабилен раст и долгорочен потенцијал.
Со најновото вработување, Transcom Македонија го прошири својот тим со над 30 нови вработени, кои успешно ја започнаа платената обука и работата на проектот. Новите членови на тимот се одликуваат со одлично познавање на германскиот јазик и висока мотивација за работа во меѓународна и динамична работна средина.

Проект што расте - можност за кариерен развој
Бидејќи станува збор за релативно нов проект, неговиот раст носи и конкретни можности за професионален развој и напредување. Вработените кои се приклучуваат во раните фази имаат шанса за дополнително усовршување, стекнување специјализирани знаења и, со текот на времето, преземање одговорни и водечки улоги во рамките на тимовите.
Како знак на добредојде за новите групи, Transcom Македонија нуди бонус за добредојде во износ од 800 евра бруто, со што дополнително ја истакнува важноста на мотивацијата и задоволството на вработените уште од самиот почеток на нивниот професионален пат во компанијата.
Флексибилност уште од првиот ден
Работата на проектот може да се извршува 100% од дома, што им овозможува на вработените поголема флексибилност и подобра организација на секојдневните обврски. Во исто време, на кандидатите кои претпочитаат работа од канцеларија им е овозможена опција за работа од канцеларијата во Скопје, со што Transcom Македонија го потврдува својот пристап насочен кон индивидуалните потреби на вработените.
Искуство на новите вработени
Еден од новите колеги, Стефан Настевски, од првата тренинг група ги сподели своите први впечатоци по завршувањето на onboarding процесот:
„Процесот на вработување беше јасен и професионален, а обуката одлично структурирана. Уште од првиот ден се чувствува поддршката од менторите и тимот, што дава дополнително чувство на сигурност. Особено мотивирачко е сознанието дека проектот расте и дека постојат реални можности за напредување.“
Долгорочна визија и стабилност

Континуираното отворање на нови тренинг групи потврдува дека станува збор за долгорочен и стабилен проект со јасна визија за развој во рамките на Transcom Македонија. Фокусот на квалитетна обука, флексибилни услови за работа и конкурентни бенефиции го прави овој проект исклучително атрактивен за сите кои бараат сигурна и перспективна кариера во областа на корисничката поддршка на германски јазик.
Со овој проект, Transcom Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како сигурен и посакуван работодавач кој континуирано инвестира во луѓето, знаењето и професионалниот раст.
Поради понатамошното проширување на проектот, Transcom Македонија и понатаму активно вработува говорители на германски јазик.
Доколку сакаш да станеш дел од тимот и да работиш на проект што расте, нуди сигурност и можности за развој, можеш да аплицираш преку официјалниот линк за вработување. Аплицирај тука: https://apply.careers.transcom.com/en_US/careers/JobDetail?jobId=10055&source=Kariera+mk
Тагови: Transcom Macedonia