Промовирани огласи »

„Крипто-земјотрес: Дали падот на Биткоинот е само почеток на крајот или последна шанса за евтин влез?“

Пад од 124.000 на под 63.000 долари – што се случува со биткоинот?

Биткоинот доживеа драматичен пресврт, со пад на вредноста под 63.000 долари – најниско ниво од октомври 2024 година и повеќе од преполовување во однос на рекордните 124.000 долари. Иако силните ценовни осцилации се вообичаени за крипто пазарот, аналитичарите укажуваат дека моментот на овој пад е изненадувачки, бидејќи доаѓа во период на засилена геополитичка и економска неизвесност, кога според поддржувачите биткоинот требаше да функционира како заштитно средство.

Индексот на страв и алчност на CNN се наоѓа во зоната на „страв“, а волатилноста на пазарите расте, додека златото ја зацврстува својата позиција како традиционално безбедно засолниште и достигнува над 5.500 долари за унца. Од почетокот на годината, биткоинот изгуби околу 20 проценти од вредноста, а дел од инвеститорите, според познатиот инвеститор Мајкл Бери, дури продаваат злато и сребро за да ги покријат загубите во крипто секторот. Истовремено, избледува и таканаречениот „ефект на Трамп“ – постизборниот ентузијазам околу поблага регулација на криптовалутите.

Сегашните движења го доведуваат во прашање наративот за биткоинот како „дигитално злато“, бидејќи се однесува сè повеќе како ризична актива – додека златото порасна за околу 24 проценти од октомври, биткоинот изгуби околу 44 проценти. Дополнителна неизвесност внесе и изјавата на американскиот секретар за финансии Скот Бесент дека нема мандат за интервенција на крипто пазарите. Иако историјата покажува дека биткоинот често се опоравува во рок од година и пол по силни падови, останува отворено прашање дали и овојпат сценариото ќе се повтори.

Тагови: Биткоин CNN

Промовирани огласи »

„Потоп за илјадници претпријатија и масовна невработеност“: Славески предупредува што ќе значи зголемувањето на минималецот на 600 евра

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески предупредува што ќе значи зголемувањето на минимална плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Еве што вели! 👇

Минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари ќе повлечат една милијарда и 250 милиони евра за масата за плати во јавниот и во приватниот сектор, кажа гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски во синоќешното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

Тој вели дека не е случајно што сите не го поддржуваат тоа барање.

Занаетчиската комора, малите и средни претпријатија. Една милијарда и 250 милиони евра, знаете што би значело тоа? – Тоа би значело потоп за илјадници претпријатија во Македонија и масовна невработеност, истакна гувернерот.

Од позиција на Народна банка, Славески вели дека тоа би значело повисока инфлација, драстично, поголема цена на кредитите, и станбени и потрошувачки.„Некој мора да ја плати цената.

Нема бесплатен ручек, предупреди Славевски.

Тагови: минимална плата невработеност Трајко Славески

Промовирани огласи »

„Безбеден град“: 40 сообраќајни камери во Охрид и Струга пред летната сезона

Во Охрид и Струга до лето ќе проработи системот „Безбеден град“ со 40 камери, кој треба да ја зголеми безбедноста и да ги намали сообраќајните прекршоци во време на туристички метеж.

Охрид – Системот за видео-надзор „Безбеден град“ ќе стартува во Охрид и Струга пред почетокот на летната туристичка сезона, со поставување на вкупно 40 сообраќајни камери. Надлежните очекуваат новиот систем значително да придонесе за поголема контрола на сообраќајот во двата града и околните патни правци.

Од системот веќе се дел четири камери монтирани на автопатот ОхридКичево, на делниците кај селата Горенци, Требеништа, Ботун и Ново Село. Иако уредите се физички поставени, тие во моментов не санкционираат, бидејќи сè уште се во фаза на техничко тестирање и усогласување.

Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на „Безбеден град“ ќе помогне во намалување на сообраќајните прекршоци и сообраќајните незгоди, како и во зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Посебен акцент се става на периодот на засилен туристички метеж, кога оптовареноста на патиштата во охридско-струшкиот регион е најголема.

Тагови: камери Охрид Сејф сити - Безбеден град

Промовирани огласи »

Зелените во Германија бараат во иднина само оние чие здравје повеќе не им дозволува да работат да можат да се пензионираат на 63 години.

Тие претставуваат концепт што опишува како би можело да функционира во пракса.

Зелените во Бундестагот сакаат да го укинат таканареченото „пензионирање на 63 години“ и нов активен пензиски систем.

Наместо тоа, раното пензионирање треба да биде конкретно ограничено на работници со здравствени проблеми, а програмите за превенција и рехабилитација треба да се прошират.

Ова е според предлогот поднесен од пратеничката група во Бундестагот.

Со овој предлог, Зелените влегуваат во дебатата за тоа како пензиите можат да останат финансиски одржливи и соодветни во општество кое старее, пишува списанието „Феникс“.

Како што генерацијата бејби-бумери ќе се пензионира до средината на 2030-тите, односот меѓу осигурителите и пензионерите драстично ќе се влоши.

Како резултат на тоа, стапките на придонеси и федералните субвенции значително ќе се зголемат, додека нивоата на пензиите ќе се намалат. Овој тренд може да се ублажи ако работниците се пензионираат подоцна отколку што се пензионираат во моментов.

За да може законскиот пензиски систем да функционира добро во иднина, повеќе луѓе мора да работат подолго, вели портпаролот на Зелената партија за социјална политика.

Зелените се спротивставуваат на какво било понатамошно зголемување на законската возраст за пензионирање по 2031 година.

Дотогаш, постепено ќе се зголемува на 67 години.

Наместо тоа, вистинската возраст за пензионирање прво треба да се приближи до законската граница, пренесува bizportal.rs.

Во 2024 година, луѓето во Германија се пензионирале во просек на возраст од 64,7 години - околу две години пред законската возраст за пензионирање во тоа време.

Тагови: Германија пензија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »