Промовирани огласи »

Трет мобилен оператор на пазарот: „Оне Македонија“ доби лиценца

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, ги врачи трите одобренија што се доделуваа со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4иГ, Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „Оне Македонија“, и на Габор Алтман, заменик-извршен директор во компанијата.

Очекувам сериозен удел на пазарот. Со спроведениот трансперентен и структуриран процес на тендерот се испраќа јасен сигнал дека Македонија е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на доверливи дигатални инфаструктури – рече Заранди.

Тој најави дека ќе имаат нивна автономна мрежа и оти нема да зависат од другите за што ќе ангажираат експерти што ќе прават истражувања на пазарот како најдобро да се позиционираат.

За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија – рече Заранди најавувајќи дека ќе имаат договор со „Ериксон“ и ќе се придржуваат до законите на државата за користење безбедна мрежа.

Игор Бојаџиев, претставник на Агенцијата за електронски комуникации, соопшти дека „Оне Македонија“ на 14 јануари го уплатил еднократниот надомст во износ од 8.020.003 евра, со што ги исполни сите услови да ги добие трите одобренија.

Новиот оператор до крајот на март 2027 година треба да покрие еден град со 5Г, до крајот на 2028 година главните коридори, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година, официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле“ ДООЕЛ Скопје и од „Е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

Единствен квалификуван понудувач на тендерот беше „Оне Македонија телекомуникации“, а одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот беше донесена на 12 јануари годинава.

Тагови: Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) мобилен оператор ОНЕ Македонија

Промовирани огласи »

Безбеден град ќе се спроведе - изгласан е Законот за прекршоци со 81 глас ЗА

Од 1. февруари стартува „Сејф Сити“.

Собранието на  Македонија денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. За усвојување на промените се изјаснија 81 пратеник „ЗА“, додека 19 гласа беа „ПРОТИВ“.

Измените беа разгледани и изгласани по скратена постапка. Пратениците од ДУИ и СДСМ беа против, додека останатите партии во собраниската сала ја поддржаа законската иницијатива.

Дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи споделија дека законот е изгласан. 

Со стапувањето во сила на промените, системот „Safe City“ ќе почне да функционира со санкционирање на сообраќајните прекршоци во првите градови опфатени со проектот, а во следниот период се очекува проширување на целата територија на државата. 

Тагови: закон Сејф сити - Безбеден град собрание

Промовирани огласи »

Вработување во КБ Прво пензиско друштво, Еурофарм и Либерти Скопје!

Огласи за работа во КБ Прво пензиско друштво, Еурофарм и Либерти Скопје!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Северна Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Еурофарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – КИЧЕВО
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ ИЛИ ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА БРЕНД ИДЕНТИТЕТ И ДИЗАЈН
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

Либерти Скопје е дел од Либерти Стил Групацијата, глобална компанија за челик и рударство која има 200 производствени капацитети во 10 земји. Компанијата произведува ладно валан челик, поцинкувани котури и плочи, и пластифицирани котури.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР
БРАВАР ЗАВАРУВАЧ

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВЕН ИНЖЕНЕРИНГ
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ПРИЛЕП
РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ
РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА
МЕНАЏЕР ЗА Б2Б ПРОДАЖБА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како да изградите кариера што континуирано расте

Лојалноста не носи секогаш унапредување

Градењето успешна кариера не е резултат на среќа или случајна можност. Тоа е процес кој бара свесни одлуки, постојано учење и јасна насока. Во динамичниот свет на работа, кариерата што расте е онаа што се адаптира, се надградува и создава вредност – и за вас и за компанијата.

1. Поставете јасна кариерна насока

Без цел, напредокот е случаен. Размислете каде сакате да бидете за 2, 5 или 10 години и кои вештини ви се потребни за таму да стигнете. Јасната визија ви помага полесно да ги препознаете вистинските можности и да кажете „не“ на оние што ве оддалечуваат од целта.

2. Инвестирајте во знаење и нови вештини

Пазарот на труд постојано се менува. Вработените кои континуирано учат остануваат релевантни и барани. Онлајн курсеви, обуки, сертификации или учење од колеги – секоја нова вештина е чекор напред во кариерата.

3. Бидете проактивни, не само вредни

Работењето напорно не е секогаш доволно. Иницијативата, преземањето одговорност и предлагањето решенија ве издвојуваат од останатите. Проактивните вработени се тие што менаџерите ги гледаат како идни лидери.

4. Градете професионални односи

Кариерата не се гради изолирано. Квалитетната комуникација, соработката и добрата репутација се подеднакво важни како и техничките вештини. Вмрежувањето отвора врати кон нови проекти, менторства и идни можности.

5. Побарајте и прифаќајте фидбек

Конструктивниот фидбек е алатка за раст. Редовното барање мислење од претпоставени и колеги ви помага да ги препознаете слабостите и да ги подобрите силните страни. Кариерата расте кога и вие растете како професионалец.

6. Излезете од зоната на комфорт

Континуираниот раст не се случува таму каде што е удобно. Нови задачи, предизвици и одговорности може да бидат стресни, но токму тие носат најголем напредок. Секој нов предизвик е можност за следното ниво во кариерата.

Кариерата што континуирано расте е резултат на свесен избор да се развивате, да учите и да се прилагодувате. Наместо да чекате унапредување, креирајте го. Вистинскиот напредок започнува одлуката да вложите во себе и во својата иднина.

Прочитајте и за: Како новото работно место да го претворите во ваша зона на комфорт

Тагови: напредување во кариера совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »