Промовирани огласи »

Позната е судбината на Мој ДДВ: Еве дали ќе се укине или не

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект...

За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе почне во март годинава, информира денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок - рече Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање.

По изјавата на директорката на УЈП дека „Мој ДДВ“ не го дава посакуваниот ефект, Димитриеска-Кочоска рече дека не се размислува за такво нешто и оти сè останува како досега.

Не, апсолутно. Јас вчера нешто потслушнав на крајот на денот бидејќи цел ден бевме оптоварени со ова, што сметам дека е еден од најголемите предизвици на државата и немав можност да ја слушнам директорката. До овој момент нема некаков извештај или информација до Министерството ниту, пак, сме разговарале воопшто дека ќе го менуваме законот или воопшто ќе дискутираме за „Мој ДДВ“, така што не можам да кажам дека ќе има какви било промени, туку, напротив, сè останува како што беше досега - рече Димитриеска-Кочоска.

Таа вели дека до овој момент нема информација дека е укинат Законот за минималниот глобален данок посочувајќи дека законот и подзаконските акти се идентични како и во другите држави.

Првпат слушам дека има какво било поништување, ако има, тогаш ќе кажам, жал ми е, затоа што тој данок компаниите ќе го платат во своите матични земји. Целта на минималниот глобален данок е да не избегаат парите и компаниите да ги платат во своите матични земји, туку да ги платат тука. Значи, компаниите не може да избегаат од обврската да го платат тој данок. До овој момент, ниту имам некаква информација дека е укинат ниту што било затоа што тоа е нешто што се воведе, би рекла, на светско ниво. ОЕЦД го спроведуваше и тука направивме идентичен закон како во сите други земји, дури и подзаконските акти речиси на крајот на годината ги носевме од причина што чекавме и другите земји да ги подготват. Ако ова се случило, тоа значи дека некој оди против оваа држава. За данок што треба да се плати и ако не го платат тука, ќе се плати во матичната земја, навистина поразително е ние да се откажеме од нешто што компанијата ќе го плати - рече Димитриеска-Кочоска.

Тагови: исплата Мој ДДВ УЈП

Промовирани огласи »

ПРЕКУ СЕЈФ СИТИ ДА СЕ КАЗНУВА И ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД КОЛА: Се потпишува петиција

Петиција за казни за фрлање ѓубре од возило

Граѓанската иницијатива „За почиста Македонија“ поднесе петиција до Владата и МВР со која бара камерите од системот „Сејф сити“ да се користат и за санкционирање на фрлање ѓубре и отпушоци од возила. Петицијата е поддржана со над 1.000 потписи.

Од иницијативата посочуваат дека отпушоците се најчестиот вид отпад и содржат токсични материи кои ја загадуваат почвата и водата, а претставуваат и ризик од пожари. Тие сметаат дека системот може да се надгради со алгоритми за препознавање на вакви прекршоци, како што веќе се применува во некои европски земји, без значителни дополнителни трошоци.

Заедно сме погласни и очекуваме институциите да нè чујат, порачуваат од „За почиста Македонија“.

Тагови: Сејф сити - Безбеден град фрлање ѓубре

Промовирани огласи »

Од 100 до 300 евра на лице место казна за граѓаните пушачи - Подготвени ли сте за пресврт за пушењето во Македонија?

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ги објави клучните поенти кои ќе ги донесе законот, прашувајќи „Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?“.

Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Според истиот се предвидува целосна забрана за пушење во затворени простории и ќе биде дозволено само во строго дефинирани отворени простории. Ќе се забрани и продажбата на парче, а се предвидуваат и високи казни за непочитување. 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, на својот „X“ профил ги објави клучните поенти кои ќе ги донесе законот прашувајќи „Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?“. 

Како што наведува тој овој закон ќе биде ќе биде меѓу најстрогите закони во регионот (со забрана во затворен простор, вкусови и реклама).  

Што е ново и што се менува? 

  • Регулација на нови производи (е-цигари, загреан тутун, никотински производи) - за првпат се уредуваат, како и цигарите  
  • Крај на ароматизираните производи – забранет увоз, производство и продажба на: цигари, електронски цигари, загреани тутунски производи (HTP), бездимни тутунски и никотински производи (на пр. џвакачки, снус, никотински кесици итн.) со вкусови: овошен, ментол, слатки, билни…, освен природниот тутунски вкус  
  • Тотална забрана на реклама, промоција и спонзорство – вклучително социјални мрежи, инфлуенсери, настани, филмови/серии (освен со предупредување)  
  • Цигарите и е-цигарите ќе се кријат - забрана за изложување во продавница, само во затворени шкафови, забрана за продажба во здравствени и образовни установи, и др.  
  • Целосна забрана на пушење во затворени јавни и работни простории, пред здравствени и други установи и во други јавни простори
  • Забрана во приватен автомобил ако има дете – пасивното пушење повеќе нема да им штети на децата во кола  
  • Високи казни – до 5.000 евра за фирми, 100–300 евра за граѓани на лице место.

Ова е деталниот список: Каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење. 

Тагови: забрана за пушење здравствено осигурување Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР)

Промовирани огласи »

Дали ниската цена навистина продава?

Купувачите бараат повеќе од ниска цена

Дали ниската цена навистина продава? На краток рок – да. Но, на долг рок, цената ретко е главната причина зошто купувачите остануваат лојални. Денешниот потрошувач има избор како никогаш досега и знае дека најниската цена често значи компромис во квалитет, услуга или доверба.

Купувачите не купуваат само производ, туку чувство на сигурност – јасна информација, лесен процес на нарачка, брза испорака и коректна поддршка. Ако искуството е лошо, ниската цена нема да биде доволна причина повторно да се вратат. Токму затоа брендовите што инвестираат во корисничко искуство и градење доверба, победуваат и без да бидат најевтини.

Најуспешните бизниси не се натпреваруваат кој ќе спушти цена повеќе, туку кој ќе понуди поголема вредност. Кога купувачот ќе почувствува дека добива повеќе од платеното – преку услуга, квалитет и однос – цената станува секундарна. Затоа, прашањето не е дали ниската цена продава, туку дали вредноста што ја нудите е доволна за купувачот да се врати повторно.

Тагови: продавници продажба цени

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »