Промовирани огласи »

Од 100 до 300 евра на лице место казна за граѓаните пушачи - Подготвени ли сте за пресврт за пушењето во Македонија?

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ги објави клучните поенти кои ќе ги донесе законот, прашувајќи „Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?“.

Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Според истиот се предвидува целосна забрана за пушење во затворени простории и ќе биде дозволено само во строго дефинирани отворени простории. Ќе се забрани и продажбата на парче, а се предвидуваат и високи казни за непочитување. 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, на својот „X“ профил ги објави клучните поенти кои ќе ги донесе законот прашувајќи „Подготвени за пресврт за пушењето во Македонија?“. 

Како што наведува тој овој закон ќе биде ќе биде меѓу најстрогите закони во регионот (со забрана во затворен простор, вкусови и реклама).  

Што е ново и што се менува? 

  • Регулација на нови производи (е-цигари, загреан тутун, никотински производи) - за првпат се уредуваат, како и цигарите  
  • Крај на ароматизираните производи – забранет увоз, производство и продажба на: цигари, електронски цигари, загреани тутунски производи (HTP), бездимни тутунски и никотински производи (на пр. џвакачки, снус, никотински кесици итн.) со вкусови: овошен, ментол, слатки, билни…, освен природниот тутунски вкус  
  • Тотална забрана на реклама, промоција и спонзорство – вклучително социјални мрежи, инфлуенсери, настани, филмови/серии (освен со предупредување)  
  • Цигарите и е-цигарите ќе се кријат - забрана за изложување во продавница, само во затворени шкафови, забрана за продажба во здравствени и образовни установи, и др.  
  • Целосна забрана на пушење во затворени јавни и работни простории, пред здравствени и други установи и во други јавни простори
  • Забрана во приватен автомобил ако има дете – пасивното пушење повеќе нема да им штети на децата во кола  
  • Високи казни – до 5.000 евра за фирми, 100–300 евра за граѓани на лице место.

Ова е деталниот список: Каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење. 

Тагови: забрана за пушење здравствено осигурување Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР)

Промовирани огласи »

Дали ниската цена навистина продава?

Купувачите бараат повеќе од ниска цена

Дали ниската цена навистина продава? На краток рок – да. Но, на долг рок, цената ретко е главната причина зошто купувачите остануваат лојални. Денешниот потрошувач има избор како никогаш досега и знае дека најниската цена често значи компромис во квалитет, услуга или доверба.

Купувачите не купуваат само производ, туку чувство на сигурност – јасна информација, лесен процес на нарачка, брза испорака и коректна поддршка. Ако искуството е лошо, ниската цена нема да биде доволна причина повторно да се вратат. Токму затоа брендовите што инвестираат во корисничко искуство и градење доверба, победуваат и без да бидат најевтини.

Најуспешните бизниси не се натпреваруваат кој ќе спушти цена повеќе, туку кој ќе понуди поголема вредност. Кога купувачот ќе почувствува дека добива повеќе од платеното – преку услуга, квалитет и однос – цената станува секундарна. Затоа, прашањето не е дали ниската цена продава, туку дали вредноста што ја нудите е доволна за купувачот да се врати повторно.

Тагови: продавници продажба цени

Промовирани огласи »

САД ги суспендираат иселеничките визи за 75 држави, меѓу нив и Македонија

Од 21 јануари 2026 година, САД привремено го прекинуваат издавањето иселенички визи за граѓани од 75 држави, вклучително и Северна Македонија, додека трае ревизијата на визните процедури.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од 21 јануари 2026 година го суспендира процесирањето на сите иселенички визи за посетители од 75 држави, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и  Македонија. Според документи на кои се повикува „Фокс њуз“, американските амбасади ќе бидат задолжени да одбиваат иселенички визи во согласност со важечкиот закон додека трае ревизијата на правилата во Стејт департментот.

Во меморандумот, кој наводно потекнува од Стејт департментот, се наведува дека прекинот на обработката ќе остане на сила додека не се преиспитаат постојните процедури со цел да се спречи издавање визи на лица кои потенцијално би можеле да станат „јавно оптоварување“, односно да зависат од владини социјални бенефиции по доаѓањето во Соединетите Американски Држави.

На објавениот список се наоѓаат вкупно 75 држави, меѓу кои Авганистан, Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Бразил, Куба, Египет, Иран, Ирак, Косово, Македонија, Црна Гора, Пакистан, Русија, Сирија, Тунис, Узбекистан и Јемен. Мерката се однесува исклучиво на иселенички визи, додека засега нема официјална потврда дали ќе има промени и кај другите видови визи.

Тагови: визи Доналд Трамп Македонија САД

Промовирани огласи »

Вработување во Фитнес Хаус!

Најнови огласи за работа Фитнес Хаус!

Fitness House, еден од најпознатите фитнес ресторани во Скопје, ги отвора вратите за нови членови на тимот! Ако си динамична, позитивна и одговорна личност која сака здрава храна и тимска работа ова е вистинската можност за тебе. Со својата современа концепција и две локации во Центар и Аеродром, Fitness House е препознатлив по вкусната и балансирана храна, пријатната атмосфера и професионалната услуга. Тимот секојдневно се грижи за гостите да уживаат во здрави и свежо приготвени оброци, а сега компанијата го проширува својот кадар поради зголемен обем на работа.

Моментално отворени позиции:

Салатер/ка - Центар
Садомијач/ка - Аеродром
Шанкер/ка - Локација Центар

Ве охрабруваме да аплицирате доколку имате позитивен став, подготвеност за работа во динамична средина и желба за учење и напредок.

Се уште невработени?! Останатите огласи за работа можете да ги најадете ТУКА.

Тагови: Фитнес Хаус Дооел - Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »