Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата - Ова се новите цени

Ова се новите цени! 👇

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има намалување за 0,317%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,391% и кај мазутот има намалвање за 4,067%.

Курсот на днарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7158%.

Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 32,133 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Skills-First: Зошто вештините стануваат поважни од дипломите во регрутацијата и развојот на кариера

Дипломата веќе не е доволна: Зошто HR менаџерите вработуваат според вештини, не титули!

Во последните години, HR стратегиите доживуваат сериозна трансформација. Сè повеќе компании го напуштаат традиционалниот модел „диплома + работно искуство“ и се префрлаат кон Skills-First пристапот – каде што вештините, а не формалните квалификации, се во фокусот на регрутирањето и кариерниот развој.

Што значи Skills-First пристап?

Skills-First значи кандидатите да се оценуваат според тоа што знаат и што можат да направат, а не само каде студирале или колку години искуство имаат. Овој пристап ги вреднува:

  • Техничките вештини (digital, IT, data, AI),
  • Меки вештини (комуникација, адаптибилност, критичко размислување),
  • Способноста за брзо учење и развој.

Зошто компаниите го прифаќаат овој модел?

Пазарот на труд се менува побрзо од образовните системи. Многу од денешните најбарани позиции не постоеле пред 5–10 години, што значи дека дипломата сама по себе повеќе не е гаранција за релевантност.

Компаниите што применуваат Skills-First пристап:

  • Имаат поширок базен на таленти,
  • Регрутираат побрзо и поефикасно,
  • Постигнуваат поголема разновидност и инклузивност,
  • Добиваат вработени кои побрзо се адаптираат и даваат резултати.

Како Skills-First го менува развојот на кариера?

Овој пристап не завршува со вработување. Во фокусот е континуираниот развој на вештини, а не формалните титули. Кариерата станува флексибилна, базирана на:

  • Upskilling и reskilling,
  • Интерна мобилност,
  • Напредување според перформанс и потенцијал, не според години стаж.

За вработените, ова значи поголема контрола врз сопствената кариера, а за компаниите – поангажиран и подготвен кадар.

Дали дипломите целосно ја губат вредноста?

Не. Формалното образование и понатаму е важно, особено во одредени професии. Но повеќе не е единствениот критериум. Денес, најуспешните организации го комбинираат образованието со реални вештини и практично знаење.

Skills-First пристапот не е тренд што ќе помине – тој е одговор на реалните потреби на современиот пазар на труд. Компаниите што навреме ќе се прилагодат ќе имаат конкурентска предност, а кандидатите што постојано ги развиваат своите вештини ќе бидат секогаш чекор пред другите.

Прочитај и за: OPM планира да ги обедини различните HR системи во една платформа

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Што предвидува Законот за забрана на пушење? Строги забрани за пушење во затворени простории и при продажба - за непочитување високи казни и до 5.000 евра

🚭Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Еве што се предидува во него!

Министерството за здравство информираше дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Според предлог-законот се предвидува целосна забрана за пушење во затворени простории и ќе биде дозволено само во строго дефинирани отворени простории. Ќе се забрани и продажбата на парче, а се предвидуваат и високи казни за непочитување.

Што предвидува новиот Закон за заштита од пушење?

Со Законот за заштита од пушење се уредува заштитата од штетните ефекти од пушењето на тутун и други производи што содржат тутун и никотин, заштитата на населението од дејството на чадот од тутун во животната средина, забраната за пушење во јавни и работни простории, забраната за рекламирање и промоција на тутун и производи што содржат тутун и никотин, забраната за спонзорирање активности од страна на тутунската индустрија, прикажувањето и изложувањето на тутун и други производи што содржат тутун и никотин, како и уредите за консумирање на тутун и никотин, и превентивните мерки за подигање на јавната свест и поддршка за прекинување на употребата на тутун и производи што содржат тутун и никотин.

Цели на Законот

Со овој закон, власта цели да обезбеди:

  • - заштитата од штетните ефекти од пушењето на тутун и други производи што содржат тутун и никотин;
  • - заштитата на населението од дејството на чадот од тутун во животната средина;
  • - забраната за пушење во јавни и работни простории, забраната за рекламирање и промоција на тутун и производи што содржат тутун и никотин;
  • -забраната за спонзорирање активности од страна на тутунската индустрија, прикажувањето и изложувањето на тутун и други производи што содржат тутун и никотин, како и уредите за консумирање на тутун и никотин; и
  • - превентивните мерки за подигање на јавната свест и поддршка за прекинување на употребата на тутун и производи што содржат тутун и никотин.

Што се воведува со овој Закон?

Законот воведува значително построги мерки за заштита на населението од штетните ефекти на пушењето и пасивното пушење, со цел намалување на болестите поврзани со тутунот и никотинот, особено кај децата и младите.

Со него се воведува целосна забрана за пушење во затворени простории.

Пушењето, вклучително и употребата на електронски цигари и уреди за загревање тутун, се забранува во:

  • - сите здравствени, образовни, социјални, културни и спортски установи;
  • - државни институции и објекти на локалната самоуправа,
  • - работни простории и службени возила;
  • - ресторани, кафулиња, барови и угостителски објекти за исхрана;
  • - јавен превоз (вклучувајќи такси);
  • - заеднички простории во станбени згради;
  • - приватни возила ако во нив има дете.

Пушењето ќе биде дозволено само на строго дефинирани отворени простори, без затворање со стакло, фолии или слични прегради.

Забрана за рекламирање и промоција

Законот воведува целосна забрана за: рекламирање и промоција на тутун, никотински производи и електронски цигари, инфлуенсерски и онлајн промоции, социјални мрежи и интернет кампањи, спонзорства од тутунската индустрија на културни, спортски, медиумски и образовни настани, прикажување пушење во медиумски и забавни содржини, освен со јасна здравствена порака.

Забрани во продажбата

Со овој закон, се предвидуваат и строги забрани при продажба, односно:

  • - Забранета е продажба на тутун и никотински производи на лица под 18 години;
  • - Забранета е продажба „на парче“ (поединечни цигари);
  • - Забранета е онлајн продажба и продажба преку автомати;
  • - Тутунските производи не смеат да бидат визуелно изложени во продавници.

Дозволен е само ценовник без логоа и слики, со унифициран изглед.

Забрана на ароми и вкусови

Се забранува производство, увоз и продажба на: цигари, електронски цигари и никотински производи со ароми на ментол, овошни, слатки и други вкусови, освен природен тутун. Оваа мерка е насочена директно кон намалување на привлечноста на овие производи кај младите.

Засилен инспекциски надзор

Контролата ќе ја вршат:пазарен, здравствен, просветен и трудов инспекторат,  Министерството за внатрешни работи, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За прекршоците се предвидени и привремени забрани за работа на објекти.

Високи казни

Новиот закон предвидува значително високи казни за непочитување. По категории:

  • - За правни лица: од 2.000 до 5.000 евра;
  • - За одговорни лица: до 2.000 евра;
  • - За физички лица: глоба на лице место од 100 евра;

Сепак, ќе биде можно и порамнување преку општокорисна работа или финансиски придонес за здравствени кампањи.

Тагови: забрана за пушење казни Македонија

Промовирани огласи »

Какво време не очекува денес?

Колку ќе биде ладно денес?

Денот ќе биде 🌞 ладен, со многу сончеви периоди и јасно небо. Максималната температура ќе достигне околу 2–3°C, со слаби до умерени ветрови. Вечерта ќе биде уште постудена, со температури спуштајќи се под нула и јасно време. Општaта слика е суво и студено време цел ден.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

20.1.2026 Вторник   -2° 07:54   17:39
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h



















-2°
-2°
-2°
-2°
-2°

2

2

2

2

2
21.1.2026 Среда   -3° / 07:53   17:40
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-3°
-3°
-3°
-2°
-3°
-3°
-2°
-2°
-2°
-1°







-1°
-1°
-1°
-1°
-2°
-2°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

2

3

3

2

2

3

3

2

2

2

2

2

1
22.1.2026 Четврток   -2° / 07:53   17:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
-2°
-2°
-2°
-2°
-2°
-1°
-1°
-1°
-1°
-1°















1

1

1

2

2

1

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

1

1

1

1

1

1

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »