Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Попладневните мерења на ПМ10 честичките покажуваат највисоки вредности во Тетово, Велес и Струмица, додека во Скопје загаденоста е пониска од вообичаеното за сезона.

Попладневните мерења на ПМ10 честичките во Македонија покажуваат дека највисока концентрација денес има во Тетово (111 μg/m³), веднаш зад него се Велес (106 μg/m³) и Струмица (95 μg/m³), што според официјалната легенда спаѓа во категоријата многу високо ниво на загаденост. Во категоријата високо ниво влегуваат Битола (79 μg/m³) и Кавадарци (79 μg/m³), додека Гевгелија (61 μg/m³) и Гостивар (60 μg/m³) се над границата на нормално, но под прагoт за многу високо ниво.

Скопје моментално мери 52 μg/m³, што е малку над нормалата, а Кичево (55 μg/m³) и Охрид (39 μg/m³) покажуваат умерени вредности, додека Куманово (27 μg/m³) е блиску до границата на нормално ниво. Најчист воздух според денешните податоци има во Лазарополе (2 μg/m³), што спаѓа во категоријата многу ниско ниво на ПМ10 честички.

Промовирани огласи »

Вработување во А1 Македонија!

Огласи за работа во А1 Македонија!

Компанијата А1 Македонија е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија – водечки провајдер на комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. Како дел од оваа реномирана групација, А1 Македонија нуди иновативни услуги и решенија кои ги следат најновите технолошки трендови, со цел да им овозможи на корисниците подобро поврзување, поголема ефикасност и подобрено дигитално искуство.

Моментално вработува:

Техничар за телекомуникациска мрежа - Скопје
Senior Data Engineer
Senior Security Operations Center Engineer / Detection & Automation (f/m/d)
Customer Service Agent - German Speaker
SAP Security & Authorizations Consultant (f/m/d)

Сите останати огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Психолошка безбедност на работното место: клучот за мотивирани и успешни тимови

Средина каде што грешките се учење, а успехот е за сите!

Во 2026 година, компаниите повеќе не можат да го игнорираат она што го чувствуваат нивните вработени – психолошката безбедност. Ова е концепт што се однесува на средина каде луѓето се чувствуваат сигурни да ги искажуваат своите идеи, да поставуваат прашања, да прифаќаат предизвици и да признаат грешки без страв од негативни последици.

Зошто е важна психолошката безбедност?

  • Зголемува ангажираност и мотивација – вработените кои се чувствуваат слушнати се посвесни и посветени на својата работа.
  • Подобрува иновации и креативност – без страв од осуда, членовите на тимот слободно предлагaат нови идеи.
  • Намалува тек на кадарот – луѓето сакаат да останат во средини каде се почитувани и поддржани.
  • Гради доверба и тимска кохезија – отворена комуникација и меѓусебна поддршка создаваат силни тимови.

Како компаниите можат да ја поддржат психолошката безбедност?

  • Активно слушање – лидерите и менаџерите да создадат простор каде што секој глас е важен.
  • Поддршка при грешки – да се гледаат како можност за учење, а не причина за казна.
  • Отворена и транспарентна комуникација – вработените треба да знаат дека можат да зборуваат без страв.
  • Фокус на благосостојба – програми за ментално здравје, менторство и work-life balance се од суштинско значење.
  • Компаниите што го прифаќаат овој пристап не само што создаваат поздрава работна средина, туку и постигнуваат повисоки перформанси и задржување на талентите.

Психолошката безбедност не е „луксуз“ – тоа е основа за мотивирани тимови, креативни решенија и долгорочен успех на организацијата.

Прочитај и за: Лидерство како поддршка, не само менаџмент: Human-Centric Leadership

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Македонците имаат најевтина, а Швајцарците најскапа храна во Европа!

Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа, според најновите податоци на Евростат.

Цените на храната во Македонија се најниски споредбено со државите на Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а најновите податоци на Евростат покажуваат каде купувањето е најповолно, а каде најмногу ќе го оптоварите куќниот буџет.

Храната претставува еден од најголемите трошоци за европските домаќинства, со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во Европската Унија, додека во земји како Романија овој удел се зголемува на 20%. Споредбата на цените се базира на индексот на Евростат, каде што просечната цена на кошничката за храна во ЕУ е 100. Вредност над 100 означува повисоки цени од просекот, додека вредност под 100 означува поповолни цени.

Според податоците, Швајцарија е убедливо најскапа земја со индекс од 161,1, што значи дека цените на храната се повисоки за 61,1% од просекот на ЕУ. По неа следат Исланд (146,3) и Норвешка (130,6).

Во рамките на земјите членки на ЕУ, жителите на Луксембург мораат најмногу да одвојуваат за храна, каде цените се за 25,7% повисоки од просекот, додека во Романија е најевтина.

Меѓу најголемите економии на ЕУ, цените во Германија и Италија се малку над просекот, додека Франција е значително поскапа. Шпанија, од друга страна, е за 5,4% поевтина од просекот на ЕУ.

Ниските цени на храната се карактеристични за Југоисточна Европа и Западен Балкан, а Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија се исто така значително под просекот.

Македонија е најевтината земја по цената на храната од сите 36 земји во Европа. Стандардната потрошувачка кошничка изнесува 73 евра, што е 27% поевтино од просекот во ЕУ.

Тагови: Европа Евростат Македонија цени

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »