Промовирани огласи »

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август лани, се зголемиле за 4,4  проценти, а цените на мало за 4,1 процент.  

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август годинава, во однос на јули годинава, изнесува 0,2 отсто објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Ресторани и хотели за 2,1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,7 отсто, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти, Рекреација и култура за 0,3 отсто и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.

Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3,1 процент, Облека и обувки за 0,6 отсто, Здравје и Образование за 0,1 процент                                           

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во август во однос на јули годинава се намалени за 0,7 отсто.

Како што објави претходно ДЗС, месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, а во јуни годинава за 0,8 отсто за месечно, а за 4,5 проценти на годишно ниво.

Тагови: инфлација цени

Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторна ги објави новите цени на бензинот и дизелот.

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/к.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Чекор по чекор до обучен и мотивиран тим

Од просечен до незаменлив тим: Откријте ги чекорите што прават разлика!

Секој успешен бизнис се гради врз знаењето и мотивацијата на своите луѓе. Обуката на вработените не треба да биде сложен и досаден процес – напротив, со правилен пристап таа може да стане моќна алатка за развој, инспирација и постигнување подобри резултати. Еве неколку едноставни чекори кои ќе ви помогнат да изградите обучен и мотивиран тим:

1. Идентификувајте ги потребите за учење

Започнете со анализа на тоа што недостасува во знаењето или вештините на вашиот тим. Прашајте ги вработените, следете ги перформансите и дефинирајте јасни цели – така обуката ќе биде насочена и практична.

2. Создадете јасен план

Обука без структура лесно се претвора во изгубено време. Направете план со конкретни теми, времетраење и методи на учење. Кратки, фокусирани сесии често даваат подобри резултати од долгите и оптоварувачки програми.

3. Користете различни формати

Комбинирајте работилници, онлајн курсеви, менторство или симулации. Разновидноста не само што ја прави обуката поинтересна, туку и полесно им помага на вработените да запомнат и применат нови знаења.

4. Вклучете практични примери

Теоријата е важна, но реалните ситуации се тие што ја претвораат обуката во вистинска вредност. Секој тренинг дополнете го со практични задачи, студии на случај или ролеви.

5. Дајте повратна информација и признание

По секоја обука обезбедете простор за повратни мислења, охрабрете дискусија и понудете насоки за подобрување. А најважно – признајте го трудот. Вработените што се чувствуваат ценети се и мотивирани да учат повеќе.

6. Следете го напредокот

Редовно мерете ги резултатите – дали тимот е поефикасен, дали има подобра комуникација, дали задачите се извршуваат побрзо? Овие показатели ќе ви помогнат да ја прилагодите обуката според потребите.

Обучен и мотивиран тим не се создава преку ноќ. Но, со мали, континуирани чекори можете да изградите култура на учење и развој што ќе донесе долгорочен успех и за вашите вработени и за вашата компанија.

Прочитајте и за: Како да се истакнете и да добиете заслужено признание на работа

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Слободни денови по закон во Македонија

Случаите како и условите кога работникот може да го користи правото на платено отсуство

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Случаите како и условите кога работникот може  да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи.

Правото на платено отсуство работникот го користи врз основа на одлука која ја донесува работодавачот, при што надоместокот на плата како и другите права што ги корити работникот за време на платеното отсуство, се определуват според времетраењето на користењето на тоа отсуство. 

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи: 

  • за склучување на брак…………………………….. 3 дена 
  • за склучување брак на дете……………………… 2 дена 
  • за раѓање или посвојвуање дете……………….. 2 дена 
  • за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена 
  • за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена 
  • за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена 
  • за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден 
  • за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена 
  • за елементарни непогоди до……………………. 3 дена 

Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа. 

Отсуство од работа поради празнување

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. (види повеќе Неработни денови за 2025 година)

Отсуство од работа поради неспособност за работа поради заболување или повреда 

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. (види повеќе Услови за остварување на правото на боледување).  

Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони 

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв. 

Право на платено отсуство од работа заради образование 

Работникот кој се образува, дошколува или оспособува , како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити. 

Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага испити. 

Тагови: закон неработни денови слободни денови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »