Македонските корисници годинава потрошиле речиси 3 милиони долари на OnlyFans – сума која изгледа голема, но сепак е мала во однос на глобалниот промет. Земјата е на 84 место од 188 држави, со раст од околу 15% споредено со лани. Усогласено по глава на жител, просекот изнесува околу 12.800 долари на 10.000 жители.
Во споредба со регионот, Македонија повторно е меѓу земјите со најниска потрошувачка. Словенците трошат неколку пати повеќе, а пред нас се и Хрватска, Грција, Србија и Црна Гора. Под Македонија остануваат само Бугарија и Албанија. Истовремено, OnlyFans глобално бележи огромни приходи – 7,2 милијарди долари – со најголем раст во јужна Европа и Латинска Америка.
Најголемите потрошувачи на платформата се Финците и жителите на градови како Атланта, Орландо и Милано. На страната на креаторите, најплатена годинава е Софи Рејн, која успеала да заработи околу 43 милиони долари од својата содржина.
Тагови: пари трошоци OnlyFans забава