Промовирани огласи »

Општина Центар постави дигитални уреди за следење бучава во Дебар Маало

Паметни сензори ја мерат бучавата кај кафаните во Дебар Маало и други критични точки, со цел намалување на прекумерната галама и подобар квалитет на живеење.

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување дигитални индикативни уреди на локации со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори. Системот овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и аларм кога ќе се надмине дозволеното ниво, со што се обезбедува и материјал за постапување на инспекциските служби.

Во програмата јасно ветивме дека ќе воспоставиме смарт систем за мерење на бучавата. На терен веќе е започнато поставување на мерните единици на 30 локации низ Општина Центар. Овие сензори континуирано ќе ја следат бучавата и ќе алармираат секогаш кога ќе биде над дозволеното ниво. Со ова прецизно ги мапираме најгорливите точки, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Досега се поставени 19 уреди во Дебар Маало, на улиците Орце Николов, Мирослав Крлежа и Отон Жупанчиќ, како и на локациите Боемска 1 и Боемска 2.

До крајот на годината ќе се инсталираат дополнителни уреди на улицата Ленинова, во населбите Капиштец и Буњаковец, на Кеј 13 Ноември, кај Старата железничка станица и на Кале.

Со ова ќе се прошири мрежата и ќе се покријат уште повеќе критични зони погодени од прекумерна бучава. Ова е само почетна фаза на големиот проект кој ќе продолжи со дополнително поставување мерни уреди и унапредување на системот за следење на децибелите. Проектот се базира на современ софтвер кој обезбедува точни податоци и реално следење на состојбата, со крајна цел намалување на бучавата и подобрување на квалитетот на живеење, додаде Герасимовски.

Тагови: Горан Герасимовски Општина Центар дигитални уреди

Промовирани огласи »

10 реченици што веднаш ве прават непрофесионални

Работите напорно, но зборувате погрешно?

Во динамичниот свет на работа, комуникацијата е една од најсилните алатки. Често не е важно само што работиме – туку како зборуваме. Некои реченици звучат невино, но во канцелариски контекст оставаат лош впечаток, градат недоверба и ве претставуваат како некој кој не е подготвен сериозно да работи.
Еве ги најчестите 10 реченици што веднаш ве прават непрофесионални – и зошто треба да ги избегнувате.

1. „Тоа не е моја работа.“

Иако можеби е точно, оваа реченица звучи одбојно и одмага на тимската работа. Наместо тоа: „Можам да помогнам делумно, ајде да видиме кој е најсоодветен за остатокот.“

2. „Така отсекогаш сме правеле.“

Ова покажува дека се противите на иновации и промени. Компаниите го ценат флексибилното размислување.

3. „Не знам, не ме интересира.“

Без разлика дали е тема од вашата област или не – рамнодушноста никогаш не остава добар впечаток.

4. „Јас само следев наредби.“

Ова звучи како избегнување одговорност. Професионалците стојат зад своите одлуки.

5. „Може ли да си одам порано? Ова нема врска со мене.“

Дури и ако имате причина, ова звучи грубо и неангажирано.

6. „Не ми плаќаат за тоа.“

Иако може да е вистина, оваа реченица демонстрира лош став и минимална вложеност.

7. „Па така ми рекоа…“

Без имиња, без извори. Ова создава трач-атмосфера и недоверба.

8. „Не ми е гајле, искрено.“

Комплетно непрофесионално и ризично за односите со колегите или клиентите.

9. „Јас си знам најдобро.“

Самоувереноста е добра, ароганцијата – не. Ова ја затвора вратата за соработка.

10. „Тоа не е фер!“

Во професионална средина се очекува зрелост и решавање проблеми со смиреност, не детски реакции.

Професионалноста не се мери само преку резултати – туку и преку став, однесување и комуникација. Само со мали промени во начинот на изразување можете значително да го подобрите вашиот имиџ, да изградите доверба и да создадете подобра работна атмосфера.

Прочитајте и за: 10 работи што мора да ги проверите пред да ја прифатите новата работа

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Вештачка интелигенција во HR: пријател или предизвик?

AI во човечки ресурси: спасител или нов проблем?

Вештачката интелигенција (AI) брзо ја менува секоја индустрија, а човечките ресурси не се исклучок. Она што до вчера изгледаше како тренд, денес е реалност што ги трансформира процесите – од регрутација до управување со таленти. Но дали AI е вистински пријател на HR професионалците или нов предизвик што бара дополнителна адаптација?

Пријател: Побрзи процеси, подобри одлуки, помалку рутина

AI овозможува автоматизација на задачи што трошат време и енергија – скрининг на кандидати, анализа на CV-а, предвидување успешност, па дури и препознавање ризик од тековно незадоволство кај вработените.

Компаниите што веќе користат AI истакнуваат:

  • Побрза селекција и поквалитетни short-листи
  • Објективна проценка на кандидатите базирана на податоци
  • Подобра employee experience преку персонализирана комуникација
  • Поддршка за HR тимовите, кои конечно можат да се фокусираат на стратегија, култура и развој на луѓето

Предизвик: Етички прашања и страв од заменливост

Но, со придобивките доаѓаат и дилеми. AI сепак е технологија – и како таква може да носи ризици:

  • Можна пристрасност ако моделите се хранат со неточни или „искривени“ податоци
  • Страв кај вработените и кандидатите дека „машина“ одлучува за нивната иднина
  • Дилема околу приватноста и заштитата на чувствителни податоци

Потреба од нови вештини кај HR професионалците, кои мора да разберат како AI работи за да можат да го користат етички и ефективно

Иднината на HR: партнерство, а не конкуренција

Експертите се согласуваат дека AI нема да ги замени HR професионалците – туку ќе ги надополни. Ќе го преземе административниот дел, но одлуките поврзани со луѓе, култура и лидерство ќе останат во човечки раце.

Најуспешните HR тимови во следните години ќе бидат оние што ќе го прифатат AI како стратегиски партнер, а не закана.

Прочитај и за: Добро ментално здравје = добра компанија: wellness, burnout и благосостојба на вработените

Тагови: HR

Промовирани огласи »

Сите камери на „Сејф сити“ на апликацијата Waze – вози без грижа

Не дозволувај да те изненади „Сејф сити“ – користи Waze

Проектот Сејф сити сега влегува во тест-фаза, но возачите низ целата земја веќе пронајдоа практично дигитално решение за полесно снаоѓање со новите правила и масовното мерење на брзина. Навигациската апликација Waze се покажува како најкорисен сообраќаен асистент, бидејќи ги прикажува речиси сите локации на камерите за мерење брзина.

Waze е апликација (Android, iOS) која во реално време им нуди на возачите важни информации за патот. Сега, речиси целата мрежа на камерите поставени од „Сејф сити“ е мапирана од самите корисници. Апликацијата овозможува:

  • прецизна мапа на сите камери – фиксни, мобилни и новопоставени,
  • гласовно предупредување при приближување кон камера,
  • информации за полиција, радари, патни работи и метеж внесени од корисниците,
  • автоматско пресметување на најбезбедна рута и
  • можност самите возачи да пријавуваат нови локации, со што мрежата постојано се ажурира.

Со Waze, возачите можат полесно да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци, да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера и да ја планираат рутата без страв од непријатни изненадувања. Принципот на работа е заеднички – колку повеќе возачи ја користат апликацијата, толку информациите стануваат поточни и побрзо се ажурираат, вклучувајќи ги и најновите камери на „Сејф сити“. Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на пријави за камери на Waze забележа значителен пораст, што ја прави апликацијата клучна алатка за сите кои сакаат да возат безбедно и да избегнат ненамерни прекршоци.

Тагови: МВР Сејф сити - Безбеден град Waze

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »