Промовирани огласи »

Од 4 години на сцена до музичка икона во подем – патот на Марија Спасовска

Инспирација, талент и посветеност: Марија Спасовска открива детали за музичката кариера и личниот пат

Која е Марија Спасовска? Како би се опишала во три збора?

Марија Спасовска е една уметничка душа која балансира помеѓу уметностите и студирањето. Ако треба да се опишам во три збора, тоа би биле: своја, посветена и луда.

Како започна твојата музичка кариера и што те инспирираше на почетокот?

Мојата љубов кон музиката започна уште на 4 годишна возраст, кога сè уште не сум ни била свесна за себе. Учествувајќи на речиси сите детски фестивали низ Македонија, а потоа и интернационални фестивали, музиката стана дел од моето секојдневие во детските години. Потоа сфатив дека музиката не е само детско хоби, туку суштински дел од мене, па тоа ме инспирираше и да продолжам да се занимавам со таа уметност. Всушност инспирацијата ја пронајдов во себе, во тоа што го имам и тоа што можам да го споделам.

Кога ја создаваш музиката - повеќе се фокусираш на текст, мелодија или аранжман?

Во мојот процес на креација, честопати текстот и музиката ги создавам одеднаш, така што истовремено се фокусирам на двата сегменти. Сепак зависи од периодот, некогаш сум поинспирирана за пишување текст и зборовите сами доаѓаат без да треба да имам голем фокус, па фокусот го пренасочувам за мелодијата која треба да го надополни. За аранжманот вообичаено имам појдовна идеја, но креацијата на истиот го препуштам на друг автор затоа што сè уште не сум навлезена целосно во тој дел на креирање музика.

Какво беше искуството на Детската Евровизија во 2018 година и какво влијание имаше врз твојата кариера?

Искуството на Детската Евровизија во 2018 беше многу инспиративно и го отвори патот за понатамошно развивање на мојата кариера и стекнување публика. Иако се случи пред 7 години, сеќавањата ми се јасни и секогаш ми носат пријатни чувства кога ќе помислам на тоа искуство. Дефинитивно учеството таму влијаеше позитивно од многу аспекти. Пред сè, уште на мали години сфатив како професионално функционира светската музичка индустрија и колку работа и посветеност е потребно за да се постигне некаков успех. Запознав луѓе од целиот свет, што за едно 13 годишно девојче беше огромно богатство. Се изборив успешно со тремата, настапувајќи пред 20000 луѓе во живо и сфатив дека ништо не е невозможно. Тоа искуство ме охрабри да размислувам сериозно за музичка кариера во иднина. 

Има ли лична приказна или искуство што те инспирирало при пишувањето на текстовите?

Секогаш барам инспирација во она што се случува околу мене. Вообичаено инспирацијата доаѓа од лична приказна, но знам и да запишам нечии мисли коишто ме инспирирале и потоа да создадам дело врз основа на тоа. Во светот на пишувањето, некогаш пишувам за чувства за коишто не сум ни била свесна дека ги поседувам пред да ги запишам, така што тој процес ми е баш забавен и целосно ме исполнува.

Каква е идејата зад насловот „Забрането“ - што значи за тебе „забранетото“?

“Најубаво е она што е забрането” е една универзална мисла која прошла низ свеста на речиси секого. Во природада на луѓето е да го посакуваат она што го немаат. Кога дојдов на ред да пројде таа мисла низ мојата глава, ја запишав и оттаму продолжи инспирацијата за песната.

Што ти е следно во план кога станува збор за твојата музичка кариера?

Работам на нови песни постојано. Моментално сум во процес на селекција на наредните песни коишто ќе ги објавам и баш сум возбудена за тоа. Со нетрпение чекам да почнам да работам на аранжманите и да ги споделам со вас.

Како изгледа твојот секојдневен живот како студентка во Солун?

Животот во Солун ми е доста “посреден” и во секој ден си следам некоја рутина. Имам предавања секојдневно, одам во теретана околу 4 пати неделно, секојдневно го посетувам музичкото студио во мојата зграда и компонирам, учам, се дружам со пријателите и уживам во прошетките покрај море. Гледам да го исполнам секој момент од денот за да немам време да сум носталгична за Скопје.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваш како студент во Солун и на кој начин се справуваш со нив?

Предизвик е усогласувањето на обврските околу студиите и сè она во Скопје, затоа што некогаш едноставно не е возможно да се биде на сите страни одеднаш. Кога ме очекува нешто во Скопје или имам некоја обврска поврзана со кариерата што морам да ја завршам од Солун, го губам фокусот од тековните обврски поврзани со студиите. Сепак, со добро организирање на времето и позитивна мисла, секогаш сè се постигнува.

Што би им препорачала на младите кои сакаат да започнат со музика, но сè уште немаат храброст да го направат првиот чекор?

Не треба да се плашат, затоа што некогаш стравот е пречка да се дојде до убавината. Мора да се биде трпелив и истраен, да се работи постојано. Најважно од сè, да го сакаат она коешто го прават. Иако музиката има две страни: уметност и бизнис, секогаш уметноста нека биде страната која ќе доминира и ќе го води правецот.

Промовирани огласи »

Над 1.000 евра - „Скокнаа“ минималните семејни трошоци во ноември

За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци.

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.

За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.

Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

Тагови: минимална кошница Сојуз на синдикати

Промовирани огласи »

Креативни начини како да ја накитите елката оваа година

Новогодишната елка е срцето на празничниот дом.

Новогодишната елка е срцето на празничниот дом. Со правилните украси, детали и малку креативност, можете да создадете волшебна атмосфера што ќе го освои вниманието на сите.

✨ Верзија 1 — Топла и празнична

Декорирањето елка е еден од најубавите празнични ритуали. Без разлика дали сакате класичен изглед или модерни трендови, секоја елка може да стане уникатна со неколку вистински избори.

  • Ставете светилки со топол тон за пријатна атмосфера.
  • Додајте ленти или тока како главен украсен елемент.
  • Големи топки на дното, мали на врвот — визуелно совршен баланс.
  • Искористете природни декоративни детали за органски изглед.
  • Поставете украс на врвот кој ќе ја заокружи целата празнична слика.

Магијата на елката лежи во деталите. Со малку љубов и креативност, ќе создадете празничен агол кој ќе внесе радост во целиот дом.

✨ Верзија 2 — Модерен и тренди стил

Празничните трендови секоја година носат нови идеи за декорирање на елката. Ако сакате современ, стилски изглед, следните предлози ќе ви помогнат да ја трансформирате елката во модна празнична точка.

  • Изберете една доминантна боја за чист и модерен изглед.
  • Украсете со стаклени, транспарентни топчиња за минималистички ефект.
  • Вметнете LED светилки во вазни и околу елката за дополнителен сјај.
  • Користете ленти во мат или металик тонови како главен тренд.
  • Комбинирајте природни елементи со модерни форми за балансиран стил.

Модерната елка оваа година е елегантна, едноставна и стилски усогласена. Изберете комбинација што го одразува вашиот вкус и создајте празничен декор што изгледа како од списание.

Тагови: тренд новогодишна елка декорации

Промовирани огласи »

Повеќето кандидати за работа мислат дека доброто образование и искуство се доволни, но искусната регрутерка Мадлин Ман открива за CNBC дека успехот на интервјуто често зависи од нешто друго - способноста паметно да се „навигира“ низ процесот на вработување.

По повеќе од една деценија во човечки ресурси, Мадлин Ман, основач на бизнисот за кариерно советување „Self Made Millennial“, знае што навистина бараат работодавците. За време на нејзината работа како регрутер, таа сфатила дека многу кандидати имаат ограничено разбирање за процесот на селекција и дека не секогаш успеваат најобразованите и најискусните, туку оние кои знаат како паметно да пристапат кон барањето работа, пишува CNBC Make It.

Според Ман, подготовката е клучот до успехот: ќе бидете поопуштени и посигурни ако однапред имате неколку добро осмислени одговори и конкретни примери. Едно од најчестите прашања на интервјуата е токму Која е вашата најголема слабост?

Поентата на ова прашање е да ја покажете вашата способност за саморефлексија. Многу кандидати се обидуваат да го избегнат тоа со фрази како „Работам премногу“ или „Јас сум перфекционист“, но искусните регрутери лесно можат да ја препознаат неискреноста.

Добриот одговор бара рамнотежа: признајте вистинска слабост, но не таква што е клучна за работата. Ако аплицирате за позиција сметководител, немојте да кажете дека го мразите Excel - тоа автоматски ве дисквалификува. Наместо тоа, слабоста треба да биде специфична, реална и поправлива, на пример, „Понекогаш ми е тешко да добијам внатрешна поддршка кога водам голем проект“.

Важно е да бидете концизни и веднаш да објасните како работите за надминување на слабостите. Можете да наведете конкретни чекори: работа на односите со колегите од други оддели, барање менторство или дополнителни обуки и курсеви. Сето тоа покажува проактивност, пренесува bizlife.

Иако зборувањето за слабостите може да биде непријатно, работодавците не го поставуваат ова прашање за да ве „фатат“. 

Секој има слабости. Ако се сериозни во врска со вработувањето, тие само сакаат да разберат како да соработуваат со вас, вели Ман.

Тагови: интервју за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »