Промовирани огласи »

Еве каде загаденоста е највисока денес во Македонија

Охрид, Струмица и Кавадарци се најзагадените градови вечерва според последните мерења на ПМ10 честички.

Според последните вечерни мерења на квалитетот на воздухот во Македонија, Охрид со 230 μg/m³, Струмица со 192 μg/m³ и Кавадарци со 149 μg/m³ се истакнуваат како градови со највисоки концентрации на ПМ10 честички. Овие вредности значително ги надминуваат препорачаните максимални граници и укажуваат на зголемена загаденост вечерва.

Следуваат Велес (129), Тетово (123) и Кичево (118), додека во останатите градови како Скопје (74), Битола (49) и Гевгелија (36), нивото на ПМ10 честички е пониско. Најнизок степен на загаденост е измерен во Лазарополе со само 4 μg/m³. Граѓаните се советуваат да ги следат препораките за заштита на здравјето во периоди на покачена загаденост на воздухот.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 06ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

17µg/m3Миладиновци
16µg/m3Лисиче
10µg/m3Ректорат
9µg/m3Гази Баба
7µg/m3Центар
5µg/m3Карпош

Македонија

38µg/m3Струмица
27µg/m3Кавадарци
24µg/m3Гевгелија
18µg/m3Велес
16µg/m3Гостивар
12µg/m3Тетово
11µg/m3Кичево
10µg/m3Битола
7µg/m3Охрид
3µg/m3Куманово
3µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Косово ја зголеми минималната плата, наскоро ќе биде повисока од таа во Македонија

Привремената влада денес ја одобри одлуката

Привремената влада на Косово денес одобри зголемување на минималната плата, која ќе достигне 500 евра до јули 2026 година.

Минималната плата, која е 350 евра, ќе се зголемува во две фази, првично на 425 евра во јануари, додека во јули ќе стане 500 евра месечно за сите вработени со полно работно време.

Вршителот на должноста министер за финансии, Хекуран Мурати, на состанокот на привремената влада изјави дека ова зголемување доаѓа по „анализите за влијанието што може да го има врз приватниот сектор, врз претпријатијата, но и врз вработените“.

Ова зголемување влијае на околу 150.000 вработени во приватниот сектор, според Мурати.

По дискусиите што ги имавме и предлозите и сугестиите што ги добивме од претставници на синдикатите и бизнисите, нашиот предлог е минималната плата за следната година да биде 500 евра, или поточно 3 евра по работен час, додаде тој.

Тагови: минимална плата Косово

Промовирани огласи »

Вработување во Клиничката болница Жан Митрев, Лидл и АРС Студио!

Огласи за работа во Клиничката болница Жан Митрев, Лидл и АРС Студио!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент. 

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ
КОПИРАЈТЕР / СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КРЕИРАЊЕ МЕДИУМСКА СОДРЖИНА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНГАЖИРАНОСТ НА ВРАБОТЕНИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО КРОЈАЧНИЦА

АРС Студио е креативно студио посветено на современ, функционален и естетски пристап во својата работа. Со тим од талентирани професионалци, студиото нуди иновативни решенија кои ги спојуваат уметноста, технологијата и практичноста. Без разлика дали станува збор за визуелен идентитет, архитектонски проект или дигитален дизајн, АРС Студио создава проекти што оставаат впечаток и носат реална вредност за клиентите. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје е водечки производител на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, и горд партнер на светските брендови Coca-Cola и Heineken. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА БРЕНД МАРКЕТИНГ
 УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ОХРИД

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. 

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди. 

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА
ПОМОШНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО (М/Ж)

Клиничката болница Жан Митрев на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моментално вработува:

ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - БИТОЛА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. 

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Крај за четиридневната работна недела во Британија: Што тргна наопаку?

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети, откако оцениле дека иако ефикасноста се подобрила, се појавиле зголемени трошоци и влошување на одредени јавни услуги.

Пилот-програмите покажаа дека во 24 јавни служби, кај 21 од нив ефикасноста останала иста или се подобрила. Сепак, анкетите меѓу граѓаните открија друга слика — кај 13 категории на услуги, дури девет биле оценети како влошени.

Воведувањето на четиридневна работна недела било поддржано од некои локални совети кои пријавиле заштеди и зголемен интерес за работни места, но централната влада се изјаснила дека гласачите заслужуваат петдневна работна недела и не планира да ја прошири шемата.

Тагови: работа работна недела Британија

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »