Промовирани огласи »

Крај за четиридневната работна недела во Британија: Што тргна наопаку?

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети

Властите во Британија го укинуваат експериментот со четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети, откако оцениле дека иако ефикасноста се подобрила, се појавиле зголемени трошоци и влошување на одредени јавни услуги.

Пилот-програмите покажаа дека во 24 јавни служби, кај 21 од нив ефикасноста останала иста или се подобрила. Сепак, анкетите меѓу граѓаните открија друга слика — кај 13 категории на услуги, дури девет биле оценети како влошени.

Воведувањето на четиридневна работна недела било поддржано од некои локални совети кои пријавиле заштеди и зголемен интерес за работни места, но централната влада се изјаснила дека гласачите заслужуваат петдневна работна недела и не планира да ја прошири шемата.

Тагови: работа работна недела Британија

Промовирани огласи »

Вештини кои ја прават разликата меѓу „добар“ и „одличен“ вработен

Ако мислите дека дипломата е доволна – размислете пак!

Во секој тим има луѓе кои си ја завршуваат работата – и луѓе кои прават повеќе од тоа. Првите се добри вработени, вторите се одлични. Разликата не е секогаш во знаењето или искуството, туку во вештините што не се гледаат во CV-то.

1. Проактивност не реактивност

Одличните вработени не чекаат задачи – ги предвидуваат. Тие носат идеи, забележуваат што може да се подобри и не се плашат да преземат иницијатива.

2. Одговорност и интегритет

Тие не бараат изговори, туку решенија. Признаваат грешки и учат од нив. Работодавците го ценат тоа повеќе од „совршеноста“.

3. Емоционална интелигенција

Да знаете како да комуницирате е исто толку важно колку и што комуницирате. Одличните професионалци знаат да слушаат, да поддржат колега и да градат доверба во тимот.

4. Адаптабилност

Работното опкружување постојано се менува. Одличните вработени не се губат во промените – тие ги користат како можност за раст.

5. Посветеност кон учење

Добрите вработени се задоволни кога знаат доволно. Одличните постојано прашуваат: Што уште можам да научам?

На крајот, токму овие „мали“ вештини ја прават големата разлика – меѓу некој што добро ја извршува својата работа и некој што ја трансформира.

Прочитајте и за: Емоционалната интелигенција во акција: што не прават најуспешните професионалци

Тагови: HR вработени совети за работа

Промовирани огласи »

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади

Од касичка до банка: УНИБанка им покажува на младите како да штедат паметно!

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.

Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.

Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младите полесен пристап до банкарски услуги.

Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.

Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.

Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Колку ќе изнесува минималната плата во Бугарија од 1 јануари?

Голема разлика од минималецот во Македонија

Се зголемува минималната плата во Бугарија и во 2026 година ќе изнесува над 600 евра. 

Минималната плата од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 620 евра, односно 1.213 лева. Ова го објави пратеничката на ГЕРБ-СДС, Деница Сачева, по вонредниот состанок на Заедничкиот управувачки совет (ЗУС), на кој беа разгледани параметрите на трите буџети за 2026 година – државниот, НЗО и ДОО, објави БГНЕС.

Бугарските медиуми вчера објавија зголемување на платите во здравството. Од први јануари лекар специјализант ќе зема 1860 евра плата, додека медицинска сестра 1550 евра.

Тагови: Бугарија минимална плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »