Промовирани огласи »

Податоците за летото 2025 година покажуваат дека просечните плати во регионот се движат од 740 до 1.444 евра.

Хрватска е убедливо на првото место, со просечна плата (нето) од 1.444 евра (јуни 2025 година).

По Хрватска следува Црна Гора, која е највнимателна во објавувањето статистика. Таму просечната плата без даноци и придонеси во август изнесувала 1.015 евра.

Србија заостанува зад овие две земји, не само по времето на објавување на податоците, туку и по износот на заработката. Просечната плата во Србија изнесувала 932 евра (јули 2025 година).

Босна и Херцеговина има поделена статистика:

  • Во Федерацијата Босна и Херцеговина, просечната плата во август изнесувала 797 евра.
  • Република Српска достигнала просечна плата од 782 евра во јуни.
  • Најниските плати на оваа листа се во Македонија, каде што просечната плата во април годинава изнесувала околу 740 евра, пренесува Блиц. 

Тагови: просечна плата Регион

Промовирани огласи »

ДСЗ: Значително зголемување на просечната нето-ллата во август

Просечната нето-плата во август 2025 година забележа зголемување од 10,3 % споредено со истиот месец минатата година.

Во август 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 45.310 денари, според податоците од Државниот завод за статистика. Дополнително, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот период изнесуваше 68.180 денари.

Во однос на август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен се зголеми за 10,3 %. Главен придонес кон ова зголемување имаше растот на платите во секторите на здравствена и социјална заштита за 14,6 %, образование за 14,5 %, и административни и помошни услужни дејности за 14,1 %.

Исто така, во споредба со претходниот месец, забележано е значајно зголемување на платите во секторите на уметност, забава и рекреација за 5,2 %, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 %, и рударство и вадење камен за 4,5 %.

Тагови: Државен завод за статистика нето плата

Промовирани огласи »

Центар води по цени на станови: Повеќе од 3 илјади евра по квадрат

Ова се најновите цени за метар квадратен во Скопје!

Највисоките просечни цени на станови во третиот квартал од 2025 година се забележани во општина Центар, каде квадратниот метар достигнува цена од околу 3.100 евра, покажува Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на недвижности за периодот јули – септември 2025, изготвен од Агенцијата за катастар на недвижности.

Според податоците, Карпош ја следи со просечна цена од 2.780 евра за м², а потоа Аеродром со 2.400 евра за м². Најниски цени се забележани во Демир Хисар, Кратово, Македонски Брод и Пехчево, каде просечниот квадрат се движи меѓу 400 и 500 евра.

Пазарот на недвижности во третиот квартал од 2025 година регистрира 12.214 продажби, од кои 59% се однесуваат на станови. Зголемен интерес за новоизградени станови се забележува и преку 937 продажби од инвеститори, потврдувајќи го трендот на зголемена активност особено во градовите како Скопје, Тетово, Куманово и Охрид.

Тагови: Општина Центар Скопје цени на станови

Промовирани огласи »

Македонија се враќаме на „Евровизија“... ама не толку брзо колку што мислевме!

МРТ ќе се фокусира на изработка на долгорочна стратегија и подготовка за можен настап во 2027 година со „квалитетен производ и јасна концепција

Македонија и следната 2026 година нема да се врати на Евровизија, објави Македонската радио телевизија (МРТ). Според записникот од последната седница на Програмскиот совет, директорот Захарија Вулгаракис изјавил дека учеството на натпреварот претставува сериозен финансиски и организациски предизвик за јавниот сервис. Наместо тоа, МРТ ќе се фокусира на изработка на долгорочна стратегија и подготовка за можен настап во 2027 година со „квалитетен производ и јасна концепција“.

Во текот на 2026-та година, јавниот сервис ќе инвестира во развој на домашната музичка сцена — преку фестивали како „Цветници“ и „Скопски фестивал“, поддршка на локални автори и пејачи и создавање стабилна продукциска инфраструктура. Целта е да се зголемат продукциските капацитети и да се создаде континуитет во македонската музичка индустрија, што во иднина ќе овозможи посериозен настап на меѓународната сцена.

Иако Македонија втора година по ред ја пропушта можноста за настап, МРТ не ја исклучува можноста за силно враќање на Евровизија во 2027 година. Вулгаракис потенцира дека целта не е само учество, туку настап кој со достоинство ќе ја претстави Македонија со современ звук и продукција на европско ниво. Последниот настап на земјата беше во 2022 година со Андреа Коевска и песната Circles.

Тагови: Македонија настани Евровизија Македонската радио телевизија (МРТ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »