Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна плата во Македонија за јули 2025 година. Според објавените бројки, просечната исплатена нето плата изнесувала 45.276 денари, додека бруто платата достигнала 68.102 денари. Во споредба со истиот месец минатата година, има зголемување на платите, што се должи на зголемувањата во неколку клучни сектори.

Во јули 2025 година, просечната исплатена нето месечна плата изнесувала 45.276 денари, додека просечната исплатена бруто месечна плата изнесувала 68.102 денари, објави ДЗС.

Во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, просечната месечна нето плата исплатена на вработените е за 10,5 отсто повисока.

Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 отсто, Образование за 15,0 отсто и Здравствена и социјална работа за 14,8 отсто.

Намалување на просечната месечна нето плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски и осигурителни дејности за 4,0 проценти, Рударство и вадење камен за 3,3 проценти и Информации и комуникации за 3,0 отсто.

Тагови: Државен завод за статистика просечна плата

Промовирани огласи »

ПР стратегијата – тајното оружје на успешните компании

Добриот имиџ не е случајност: Зошто ви е потребна ПР стратегија?

Во динамичниот бизнис свет, успехот не зависи само од добриот производ или услуга. Начинот на кој компанијата комуницира со јавноста, партнерите и клиентите е исто толку важен. Токму тука ПР стратегијата станува тајното оружје кое прави разлика меѓу просечна и навистина успешна компанија.

Клучни факти зошто ПР стратегијата е неопходна:

  • Градење доверба и кредибилитет

Добро осмислената ПР стратегија создава позитивен имиџ и ја зајакнува довербата кај јавноста.

  • Контрола врз наративот

Со ПР компанијата има можност самата да ја обликува својата приказна, наместо да дозволи другите да го прават тоа.

  • Подобра видливост на брендот

ПР стратегијата овозможува континуирано присуство во медиумите и на социјалните мрежи, што ја зголемува препознатливоста.

  • Ефикасно справување со кризи

Компаниите со силна ПР стратегија побрзо и поефикасно се справуваат со негативни ситуации.

  • Поддршка на продажбата и маркетингот

ПР комуникацијата ја надополнува маркетинг стратегијата и придонесува за полесно донесување одлука кај клиентите.

  • Јакнење на односите со јавноста и заедницата

ПР активностите помагаат компанијата да покаже општествена одговорност и да создаде подобра поврзаност со заедницата.

ПР стратегијата не е трошок, туку инвестиција која се враќа повеќекратно. Компаниите што вложуваат во професионална и доследна комуникација, создаваат стабилна основа за доверба, репутација и долгорочен успех.

Прочитајте и за: Канцеларија или дневна соба – каде се работи поефикасно?

Тагови: HR совети за работа ПР стратегија

Промовирани огласи »

Колку пари може да се внесат и изнесат преку граница?

Ова мора да го знаете

Колку девизи може по човек да се внесе во Македонија?

Резидентите можат слободно да внесат ефективни странски пари до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 10.000 евра задолжително се пријавува на царинскиот орган. Истото важи и за нерезидентите – до 10.000 евра и 120.000 денари може без пријава, а за над тој износ мора пријава и се издава писмена потврда од царината.

Дали мора да се има потврда од менувачница за изнесување 2.500 евра од Македонија?

При изнесување на средства, резидентите можат слободно да изнесат до 2.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 2.000 евра е задолжително пријавување на царинскиот орган и приложување потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување над 10.000 евра е забрането.

Оттука, ако сакате да изнесете 2.500 евра од Република Македонија, потребно е на царинскиот орган да му приложите потврда од овластена банка или менувачница

Тагови: пари царина

Промовирани огласи »

Европејците сакаат да работат од далечина, но не се согласуваат со намалување на платата

Европејците сакаат да работат од далечина

Резултатите од најновото истражување на Европска централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека поголемиот број работници во еврозоната не се подготвени да прифатат помала плата за да ја задржат можноста да работат од дома.

Анкетата покажува дека вработените за два или три дена работа од дома би прифатиле просечно намалување на платата за 2,6 процентите. Додека 13 отсто од испитаниците би прифатиле од еден до пет отсто намалување на платата, додека само осум проценти изјавиле дека се согласни за намалување на платата од шест до 10 отсто.

Тагови: Европската централна банка работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »