Промовирани огласи »

Грција го усвои законот за 13-часовен работен ден за работниците

Владата тврди дека целта е модернизација на законодавството и поголема флексибилност на пазарот на труд

Грчкиот парламент го усвои новиот закон за труд кој овозможува 13-часовен работен ден, и покрај масовните штрајкови и противење од опозицијата. Владата тврди дека целта е модернизација на законодавството и поголема флексибилност на пазарот на труд, додека опозициската партија Сириза го нарече законот „монструозен“. Новите правила дозволуваат подолг работен ден само во приватниот сектор и ограничено – до 37 дена годишно.

Законот предвидува 150 часа годишна прекувремена работа, при што стандардната 40-часовна работна недела останува непроменета. Работниците кои ќе прифатат дополнителни часови ќе добијат 40% повисока плата и гаранција дека нема да бидат отпуштени доколку одбијат прекувремена работа. Владата истакна дека ова е во согласност со европските правила, кои дозволуваат просечно до 48 часа неделно, вклучувајќи прекувремена работа.

Синдикатите остро реагираа и веќе одржаа два генерални штрајка, барајќи повлекување на законот. Ова доаѓа по минатогодишното воведување на шестдневна работна недела во одредени индустрии, со цел поттикнување на економскиот раст. Според податоците на ЕУ, Грција веќе има најдолга работна недела во Унијата – со просечно 39,8 часа.

Тагови: Грција закон работници работнички права

Промовирани огласи »

Словенија: Усвоен закон за божиќен бонус од 639 евра

Словенечките работници ќе добијат божиќен бонус од 639 евра, а оние со ликвидни проблеми ќе можат да го исплатат до март. Прочитајте повеќе за новиот закон и што значи за компаниите и јавниот сектор.

На редовната седница, словенечката влада го усвои предлогот за посебен закон за божиќен бонус, кој ќе биде разгледан од Економскиот и социјален совет во наредните денови. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека целта е дискусиите да бидат завршени до 27 октомври.

Обврската за исплаќање на божиќен бонус оваа година ќе биде најдоцна до 18 декември и ќе изнесува 639 евра бруто. Компаниите со ликвидни проблеми ќе можат да го одложат исплаќањето до 31 март наредната година, со услов да не исплаќаат дивиденди и бонуси на менаџментот.

Јавниот сектор ќе го добие целосниот износ на бонусот од 639 евра, а Министерството за финансии ќе подготви предлог за исплата за сите вработени. Износот на бонусот ќе биде ослободен од даноци и придонеси, што го прави значаен поттик пред празниците.

Тагови: закон Словенија божиќен бонус

Промовирани огласи »

По само осум месеци се укинуваат летовите меѓу Скопје и Амстердам

Само осум месеци траеше

Нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ ја укинува редовната авио-линија меѓу Скопје и Амстердам, само осум месеци по нејзиното воведување. Последниот лет е закажан за 26 октомври 2025 година, потврдија од компанијата.

‘Трансавиа‘ нема да ја оперира линијата Скопје–Амстердам во претстојната летна сезона. Сепак, постојано ја разгледуваме нашата мрежа и ги оценуваме можностите врз основа на побарувачката и оперативните аспекти, изјави портпаролот на авиокомпанијата, Ферле ван дер Бринк.

Линијата беше воведена на 2 март годинава, без користење на субвенции од македонскиот државен буџет. Со нејзиното укинување, Македонија повторно останува без директна врска со аеродромот „Схипхол“ во Амстердам, кој беше редовно поврзан со Скопје последен пат во 2008 година, пред престанокот на летовите на тогашната национална авиокомпанија МАТ.

Летовите на „Трансавиа“ се изведуваа двапати неделно – во четврток и недела, а интересот за оваа линија беше оценет како умерен, главно меѓу дијаспората и туристите.

И покрај повлекувањето на „Трансавиа“, Македонија и понатаму ќе биде поврзана со Холандија преку линијата Скопје–Ајднховен на авиокомпанијата „Визер“, која ќе продолжи да лета четири пати неделно и во зимската сезона.

Во текот на летната сезона, Амстердам беше поврзан и со Охрид, преку чартер-летови организирани од туроператорот „ТУИ“ за холандските туристи.

„Трансавиа“ е втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија и функционира како подружница на групацијата „Ер Франс-КЛМ“.

Тагови: Wizz Air скопскиот аеродром Трансавиа

Промовирани огласи »

Времето се менува – дознај каде ќе врне најмногу овој пат

Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд

Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд се очекува во западните региони, каде локално може да наврнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со периодични врнежи, кои на места може да бидат поинтензивни. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од југоисток.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

3

3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »