Промовирани огласи »

Грција воведува драстични казни: До 8.000 евра и затвор за сообраќајни прекршоци!

Ова е најстрогиот закон за сообраќај во Грција досега – возачите се предупредени!

Од денеска во Грција стапува во сила нов закон за безбедност во сообраќајот кој носи драстични казни за возачите. Парични казни до 8.000 евра, одземање на возачки дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик за опасно возење се само дел од мерките со цел намалување на сообраќајните несреќи.

Главните прекршоци што се таргетирани се: користење мобилен телефон додека се вози, пребрзо возење, неносење појас или кацига и возење под дејство на алкохол. Според Министерството за инфраструктура и транспорт, Грција има повисок број на смртни случаи во сообраќај од европскиот просек.

Клучни промени во казните:
• За користење мобилен телефон при возење: од 350 евра и одземање на дозволата на 30 дена при прво прекршување, па до 4.000 евра и 8 години без дозвола при трет прекршок со предизвикана несреќа.
• За неносење појас или кацига: казни за возачот и совозачот од 150 до 2.000 евра и одземање на возачка до една година.
• Возење под дејство на алкохол: казни од 350 евра до 4.000 евра и одземање на возачка од 30 дена до десет години, а затвор до пет години за опасно повторување.
• Надминување на дозволената брзина: за брзина над 200 км/ч, казни од 2.000 до 8.000 евра и одземање на возачката до четири години.
• Поминување на црвено светло или незастанување на СТОП: казни од 350 до 4.000 евра, со одземање на возачка до осум години при сериозни последици.

Министерот нагласува дека целта не е само да се казнува, туку да се спаси живот: „Возач кој ја загрозува безбедноста на другите, не заслужува да биде дел од сообраќајот“.

Од 1 јануари 2026 година ќе се воведат и нови ограничувања на брзината во зависност од населените места, со цел дополнително намалување на несреќите.

Ова е најстрогиот закон за сообраќај во Грција досега – возачите се предупредени!

Тагови: Грција казни полиција

Промовирани огласи »

Eсенска инспирација: 5 комбинации за стил и комфор во исто време

Сезоната на есен носи нови можности за стил и самопотврда

Сезоната на есен носи нови можности за стил и самопотврда. Кога дрвјата менуваат боја и воздухот постепено станува посвеж, облеката која ја избираме треба да нè загрее, но и да ни даде шмек. Оваа есен се враќаат неколку класични парчиња што комбинираат удобност, тренд и многу опции за стил. Еве ги петте модни must-have за твојата есенска гардероба.

Кожна јакна

Кожната јакна е безвременско парче кое додава дрскост и елеганција во секоја комбинација. Совршено се носи со фармерки и чизми, но исто толку добро изгледа и преку џемпер, фустан или спортски горен дел. Едноставно – ова е класика што секогаш функционира.

Долг кардиган

Долгиот, мек кардиган кој нежно паѓа по линијата на телото е идеален за комбинирање. Може да се носи со или без појас, со фармерки или со мини фустан. Ова парче обезбедува топлина, а сепак изгледа лесно и елегантно.

Широки фармерки

Широките ногавици се повторно во мода оваа есен. Комбинирај ги со пократок џемпер или топ за да постигнеш баланс во силуетата. Обувките со потпетица или чизми под ногавицата ја издолжуваат фигурата и додаваат модерен допир.

Чизми до глужд

Овие чизми се вистински спас за преминот меѓу есен и зима – удобни, топли и секогаш во тренд. Носи ги со фармерки што паѓаат врз нив или со фустан за поелегантен изглед. Избери модел со дебел потпет, груба подлога или интересна текстура за дополнителен карактер.

Светол акцент

Мал моден акцент може целосно да ја промени комбинацијата. Шал, чанта, појас или било кој аксесоар во есенски тон – капа, портокалова, темноцрвена – внесува живот и топлина во секој стајлинг. Играј со боите и текстурите за да изгледаш свежо и стилски.

Оваа есен нека биде сезона на стил и комфор. Со овие пет парчиња, твојата гардероба ќе биде подготвена за разни прилики. Избери ги деталите кои ти одговараат, играј со боите и слојките, и дозволи модата да ја покаже твојата личност.

Тагови: мода облека тренд

Промовирани огласи »

По Франција, уште една европска земја сериозно ќе го ограничи пушењето на јавен простор

Но, дали ова ќе им одговара на туристите?

Шпанската влада го усвои нацрт-законот кој предвидува големи ограничувања за пушењето на јавен простор, односно промена што може сериозно да го смени искуството на милиони туристи што ја посетуваат земјата секоја година.

Законот сега треба да помине во парламентот и може да претрпи измени, но ако биде усвоен, Шпанија ќе им се придружи на земјите како Франција кои веќе забранија пушење на многу јавни места. 

Со законот би се забранило пушењето и користењето на електронски цигари на плажи, спортски објекти, тераси во ресторани и барови, како и на детски игралишта и автобуските станици.

Секој има право да дише чист воздух и да живее подолг и поздрав живот, изјави министерката за здравство Моника Гарсија.

Иако целта е заштита на јавното здравје, угостителите реагираат дека мерката ќе ја погоди традицијата на јадење и дружење на отворено, која е дел од шпанската култура.

Пушењето во затворени простории во Шпанија е забрането уште од 2011 година, но оваа нова мерка би значела дополнително ограничување за љубителите на тутунот.

Според официјалната статистика, болестите поврзани со тутун одземаат повеќе од 50.000 животи годишно во Шпанија.

Франција забрани пушење на плажите, парковите, автобуските станици и површините пред библиотеките, базените и училиштата.

Тагови: забрана за пушење Франција цигари

Промовирани огласи »

КАМЕРИТЕ ЌЕ „ЛОВАТ“ ОД 1 ЈАНУАРИ – повисоки глоби, негативни поени и одземање на возачка!

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци

Собранието ги изгласа измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои од 1 јануари следната година започнува автоматско казнување преку камери и технички уреди за снимање.

Новите правила предвидуваат дека прекршителите ќе добиваат не само глоби, туку и негативни поени – а во некои случаи и двете истовремено. Глобите за потешките прекршоци ќе бидат и до трипати повисоки од досегашните.

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци: доколку во последните четири години имаат најмалку две правосилни забрани за управување со моторно возило, судот ќе им изрече престанок на важење на возачката дозвола. Во таков случај, возачот нема да може повторно да полага за истата категорија најмалку 12 месеци.

Со измените е целосно уреден и процесот на доставување на судските одлуки и соработката меѓу МВР и судовите, со цел побрзо и поефикасно санкционирање.

На седницата беа изгласани и закони со европско знаменце, меѓу кои измените во Законот за енергетска ефикасност, Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на јавните институции.

Тагови: МВР сообраќаен прекршок камери

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »