Промовирани огласи »

Кои три европски земји имаат најмногу слободни работни места?

Сепак има намалување во еврозоната

Холандија (4,2 отсто), Белгија (3,9 отсто) и Австрија (3,4 отсто) имаа највисоки стапки на слободни работни места. Најниска стапка е забележана во Романија (0,6 проценти) и Шпанија и Полска (двете по 0,8 проценти). 

Најголеми зголемувања во споредба со истиот период минатата година се забележани во Кипар (+0,3 процентни поени) и во Литванија и Малта (двете +0,2 процентни поени), објави Сеебиз.

Стапката на слободни работни места во Еврозоната изнесуваше 2,2 oтсто во вториот квартал од оваа година, што е за 0,2 процентни поени пониско отколку во првиот квартал и за 0,4 процентни поени пониско отколку во истиот период минатата година.

Во индустријата и градежништвото, стапката на слободни работни места во еврозоната изнесуваше 2 отсто во вториот квартал, а во ЕУ беше 1,8 отсто. Во услугите, таа изнесуваше 2,4 и 2,3 отсто, објави денес Евростат, европскиот завод за статистика.

Тагови: нова работа земји

Промовирани огласи »

Nataliia Fedorova доаѓа во Скопје – одбројуваме до KARIERA.mk Workshop

🔓 Тајните на кризнo лидерство со Nataliia Fedorova! Агенда откриена + групни билети 🎟️

Помалку од 10 дена до претстојната работилница со Nataliia Fedorova, експерт за управување со кризи и поранешен HR директор во BRIGHTGROVE, ја имаме целосната агенда и информација за оние кои не ја искористија EARLY BIRD промоцијата.

Настанот ќе се одржи на 25 септември во Holiday Inn Skopje и е наменет за HR професионалци, менаџери и лидери кои сакаат да изградат посилни тимови и да научат како да носат стабилни одлуки во кризни ситуации.

📌 Во агендата заинтересираните можат да ги погледат сите теми на сесиите. Таму учесниците ќе можат да следат сесии за улогата на HR и IT во кризи, развивање психолошка отпорност, заштита на податоци и работа на далечина.

📌 Достапни се групни билети – компаниите и тимовите сега можат да резервираат по поволни услови и да присуствуваат заедно, со можност за дополнителна вмрежувачка вредност.

Со секој купен билет добивате и попуст за следните настани на KARIERA.mk:

📌 Октомври Gonçalo Sequeira (Top LinkedIn Voice, CEO на Hiire) – како социјалните медиуми ја трансформираат HR практиката.
📌 ДекемвриYardena Krongold (HR експерт, автор со поддршка од Harvard Business School, искуство во Coca-Cola, AVON, Novartis, AT&T, Kraft Heinz) – практични совети за предизвиците на пазарот на труд и паметен старт на 2026 година.

За групни влезници и влезници на фактура ве очекуваме на 077-888-722 или contact@kariera.mk.

Тагови: настани

Промовирани огласи »

Зошто некои компании ја кријат платата на вработените?

Што би се случило ако сите знаеме колку заработуваат колегите?

Во многу компании прашањето за платата е речиси табу. Вработените ретко отворено зборуваат за своите примања, а често и самите организации избегнуваат да ја откријат платната структура. Но, зошто е тоа така?

  • Една од главните причини е заштитата од споредби и незадоволство. Кога вработените би знаеле кој колку заработува, тоа лесно би можело да предизвика тензии, завист или чувство на неправда. Дури и ако разликата е оправдана со искуство или одговорности, луѓето често ја доживуваат како лична навреда.
  • Втората причина е флексибилноста во преговарањето. Компаниите што ја кријат платата имаат повеќе простор да понудат различни услови на кандидати, зависно од нивната преговарачка моќ. Така, двајца вработени на иста позиција може да имаат различни плати, во зависност од тоа како ја воделе првата дискусија за ангажманот.
  • Трето, постои и стратегиска причина. Некои организации сметаат дека објавувањето на платите би им ја открило конкурентната предност или би ги ставило во неповолна позиција при преговори со идни вработени.

Сепак, светските трендови се движат кон поголема транспарентност. Се повеќе компании сфаќаат дека довербата и мотивацијата се градат преку фер и јасни правила. Во земји каде што платната транспарентност е законски регулирана, истражувањата покажуваат дека тоа води до помали разлики во платите и зголемена доверба во организацијата.

На крајот, прашањето останува: дали криењето на платите навистина ги штити компаниите или само ја одложува потребата за вистинска правичност.

Прочитајте и за: Скриени сигнали: Како вработените покажуваат дека се незадоволни

Тагови: HR плата работници совети за работа

Промовирани огласи »

Сè што треба да знаете за додатоците на плата во Македонија

За да се обезбеди правична и транспарентна исплата на трудот, вработените имаат право на различни додатоци на основната плата

За да се обезбеди правична и транспарентна исплата на трудот, вработените имаат право на различни додатоци на основната плата. Овие додатоци се пресметуваат врз основа на условите на работа, искуството и ангажманот, со цел да се награди вложениот труд и да се стимулира мотивацијата. Подолу се прикажани основните додатоци и нивните стапки.

Основната плата се зголемува по час најмалку за:

  • прекувремена работа = 35%
  • работа ноќе = 35%
  • работа во 3 смени = 5%
  • работа во ден на неделен одмор = 50%
  • работа во денови на празници = 50%
  • работа во неработни денови утврдени со Закон = 50%

Основната плата се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.

Дополнително, работодавачот може да одобри и други видови додатоци согласно колективниот договор или интерните акти на компанијата, како што се додатоци за постигнати резултати, бонуси за успешност и награди за долгогодишна работа. На овој начин, се поттикнува мотивацијата и се наградува ангажманот и лојалноста на вработените.

Тагови: вработени закон плата додатоци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »