Промовирани огласи »

Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“

Министерот Тошковски смета и дека кога одредено лице ќе стори кривично дело, а притоа нема возачка дозвола, тоа возило треба да биде трајно одземено од тоа лице.

Доколку ја комплетираме законската регулатива, некаде во средината на ноември би требало да почне пробниот период на функционирањето на системот „безбеден град“ (сејф сити) и „безбедна држава“. Јас сум за конфискација на возилата за потешки инциденти, но да видиме експертската фела како ќе го реши тоа. Ова вчера го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Јас би сакал пробниот период за ’сејф сити’ да биде најмалку месец до месец и половина пред 1 јануари 2026 година. Со технички подготовки ќе стигнеме, да. Со техничките работи што треба да се преземат ќе стигнеме. Се надевам дека ќе стигнеме и со законската регулатива, рече Тошковски.

Датумот за пробниот период зависи од неколку закони, од кои дел се во собраниска процедура, како што се Законот за безбедност во сообраќајот и Законот за прекршоци. Измените на Законот за возила поврзани со имплементирање на „сејф сити“ се поминати во парламентот. Остануваат Кривичниот законик и Законот за извршување санкции.

Прашан дали дилемите се околу конфискацијата на возила, Тошковски вели дека за него е јасно какви треба да бидат санкциите.

Јас немам дилема дека кога одредено лице ќе стори кривично дело, а притоа нема возачка дозвола, тоа возило треба да биде трајно одземено од тоа лице. И такви компаративни искуства има и во други држави. Словенија, еве, ќе ја земам за пример. Јас немам никаква дилема дека оној којшто ќе стори безобѕирно управување на моторно возило и ќе управува моторно возило повеќе од 70 км/час во град над дозволеното, значи тоа би значело – ако е дозволено 50, тој да управува над 120, или повеќе од 90 км/час на отворено, тоа значи ако е дозволено 120, тој да вози 210, по вторпат, како рецидивист, така беше предложено во она коешто последно го имавме како предлог-текст, да се одземе возилото трајно, вели Тошковски.

Според него, автомобил треба да се одземе и кога се користи како средство за сторување кривично дело, како, на пример, при нелегално учество во трки на булеварите.

Прашан, кој има дилема, министерот одговара: „Имаат дилема одредени експерти коишто ги имаме консултирано во рамки на овој процес. Тие мислат дека е престрого да се оди со таков тип задолжителни казни. Иако, кога станува збор за повторено безобѕирно управување на возило и возило управувано од лице кое никогаш не полагало возачки испит, експертите се едногласни за конфискација“.

Со оглед дека реформата со „сејф сити“ е започната пред повеќе од една деценија, првиот човек на полицијата вели дека таа чини многу, но дека е поважно да се заштитат граѓаните.

Сакам да кажам дека 142 смртни случаи секоја година е премногу за една вака мала и убава држава. Ако просекот на загинати луѓе во Норвешка на милион жители е под 20, ако просекот на загинати луѓе во скандинавските земји е под 30 на милион жители, а просекот во Македонија е помеѓу 70 и 80, значи ние сме катастрофални, рече Тошковски.

Тагови: Безбеден град казни МВР Тошковски

Промовирани огласи »

Магична КРОШУ Детска Авантура

Фабриката на Кромберг & Шуберт во Битола викендов се претвори во најсреќното место на светот

Фабриката на Кромберг & Шуберт во Битола викендов се претвори во најсреќното место на светот. Повеќе од 1200 деца на вработените беа дел од традиционалниот настан „КРОШУ Детска Авантура“, кој ја обедини радоста, семејството и детската насмевка во едно незаборавно искуство.

Денот беше исполнет со богата програма која ги воодушеви најмалите: шарена и вкусна храна, балони, тромболини, замоци, играчки, магионичари и многубројни изненадувања и поклони. Секое катче нудеше ново доживување, од магичните настапи кои ги оставија сите без здив, до тромболините и замоците кои станаа омилено катче на сите деца. Атмосферата беше вистинска бајка, создадена да поттикне смеа, забава и другарување. КРОШУ Детска Авантура се претвори во вистински празник на радоста. Фабриката блескаше во бои, смеа и енергија, а создадените спомени ќе останат долго во срцата на сите присутни.

Но, настанот не беше само забава, имаше и посебна вредност. Децата добија можност да ја посетат фабриката, да влезат во производствената хала и да видат каде работат нивните родители. Ова беше ретка и драгоцена прилика малите љубопитни гости одблиску да се запознаат со работната средина и да откријат што значи труд, посветеност и тимска работа.

Преку вакви настани, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон вработените и нивните семејства, градејќи мост помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Денот донесе многу емоции, но и важна порака, дека среќата на децата е најголемата награда за секој вложен труд.

Со оваа прослава, Кромберг & Шуберт - Битола уште еднаш докажа дека не е само најголем работодавач во регионот, туку и компанија која создава приказни, вредности и моменти кои траат цел живот.

Еден ден за паметење. Илјада насмевки за радување. Магична авантура која потврди дека детството секогаш треба да биде незаборавна авантура.

Тагови: Kromberg & Schubert Macedonia

Промовирани огласи »

ФОТО: Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала. Еве како треба да изгледа!

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.

Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот.

Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветлување, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали во ентериерот и екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение, велат од Министерството за култура и туризам во објавата на Фејсбук.

Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра.

Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба, создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата во 2028 година, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тагови: Зоран Љутков Универзална сала

Промовирани огласи »

За половина денар поевтинуваат овие горива од полноќ

Добра вест за возачите!

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата, објави Регулаторната комисија. 

За 0,5 денари поевтинуваат сите видови горива – ЕУРОСУПЕР 95, 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ.

ЕУРОСУПЕР 95 од ноќва на полноќ ќе чини 75,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по 77,5 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи за 69,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе чини 36,7 денари по килограм. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »