Промовирани огласи »

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторна ги објави новите цени на бензинот и дизелот.

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/к.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Слободни денови по закон во Македонија

Случаите како и условите кога работникот може да го користи правото на платено отсуство

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Случаите како и условите кога работникот може  да го користи правото на платено отсуство, се утврдува со колективен договор согласно Законот за работни односи.

Правото на платено отсуство работникот го користи врз основа на одлука која ја донесува работодавачот, при што надоместокот на плата како и другите права што ги корити работникот за време на платеното отсуство, се определуват според времетраењето на користењето на тоа отсуство. 

Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена

Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидени се случаите кога работникот има право на платен одмор и колку време. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината во следните случаи: 

  • за склучување на брак…………………………….. 3 дена 
  • за склучување брак на дете……………………… 2 дена 
  • за раѓање или посвојвуање дете……………….. 2 дена 
  • за смрт на сопружник или дете………………… 5 дена 
  • за смрт на родител, брат, сестра……………….2 дена 
  • за смрт на родител на сопружник…………….. 2 дена 
  • за смрт на дедо или баба…………………………… 1 ден 
  • за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена 
  • за елементарни непогоди до……………………. 3 дена 

Во овие случаи, отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на основот врз основа на кој се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа. 

Отсуство од работа поради празнување

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. (види повеќе Неработни денови за 2025 година)

Отсуство од работа поради неспособност за работа поради заболување или повреда 

Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. (види повеќе Услови за остварување на правото на боледување).  

Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони 

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв. 

Право на платено отсуство од работа заради образование 

Работникот кој се образува, дошколува или оспособува , како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити. 

Ако со колективниот договор, договорот за вработување или посебен договор за образование правото не е конкретно определено, работникот има право на платено отсуство од работа за деновите, кога првпат полага испити. 

Тагови: закон неработни денови слободни денови

Промовирани огласи »

Ова се најстресните работни места денес: Дали вашата работа е на листата?

Стресот ги следи и дома

Поголемиот дел од работното население го поминува поголемиот дел од денот на работа, па затоа е природно занимањата и условите за работа директно да влијаат на нивото на стрес.

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок врз задачите да се завршат на време, додека работните места со голема одговорност, каде што животот на луѓето, па дури и вашиот, е во опасност, природно го зголемуваат нивото на стрес.

Изложеноста на опасни работни услови или постојаното внимание на јавноста е дополнителен товар, а чувството дека не ви се верува и дека немате автономија може да предизвика фрустрација, објавува Bizlife.

Покрај тоа, одвлекувањата на вниманието на работа, недостатокот на комуникација, ниските плати и ограничените можности за напредување се меѓу вообичаените извори на стрес.

Најстресните работни места денес

Медицинска сестра во итната помош - работата во итната помош е исклучително стресна, бидејќи одлуките мора да се донесуваат постојано, под притисок, а погрешните одлуки можат да имаат катастрофални последици.

  • Анестезиолог – одговорноста за животот на пациентот додека е во контролирана состојба на несвесност, со потенцијално фатални компликации, ја прави работата исклучително тешка.
  • Советник за ментално здравје – емоционалната достапност и справувањето со чувствителни ситуации може да бидат ментално исцрпувачки.
  • Диспечер за итни случаи – одлуките што ги носат буквално можат да значат живот или смрт, со потреба од смирена и прецизна комуникација.
  • Новинар и презентер – долгите смени, строгите рокови, изложеноста на јавноста и високото ниво на одговорност за информациите го зголемуваат стресот.
  • Социјален работник – секојдневно се соочува со насилство, злоупотреба и тажни ситуации, што е емоционално исцрпувачко.
  • Пожарникар – висок ризик по животот и одговорноста за животите на другите создаваат интензивен стрес.
  • Полицаец – работа со висок ризик со постојан притисок и сериозни последици.
  • Воен персонал – екстремните физички и психолошки барања, особено во воени конфликти, ја прават оваа работа една од најстресните.

Тагови: работнички права стрес на работно место

Промовирани огласи »

Анксиозноста од вештачката интелигенција: Реална и доаѓа во најлошо време

Работниците се загрижени за брзата имплементација на вештачката интелигенција, додека работни места се во недостиг.

Во време кога пазарот на трудот се соочува со недостиг на работни места и замрзнување на вработувања во многу индустрии, анкциозноста меѓу работниците за брзата имплементација на вештачката интелигенција е во пораст. Работниците на сите нивоа од нивните кариери се загрижени за оваа технолошка промена која носи неизвесност и страв од замена со машини.

Во екот на оваа технолошка револуција, корпоративните лидери сѐ повеќе го промовираат користењето на вештачката интелигенција како замена за човечкиот труд. Ова создава дополнителен притисок врз работниците, кои веќе се соочуваат со предизвици за вработување. Многумина се прашуваат дали нивните вештини ќе останат релевантни во иднината.

Загриженоста за работната непрегледност во оваа ситуација ги поттикнува работниците да се преориентираат и да се прилагодуваат на новите барања на пазарот. Работниците се соочуваат со потребата за усвојување на нови технологии и вештини, со цел да ја задржат својата конкурентност во ерата на вештачката интелигенција.

Тагови: вештачка интелигенција работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »