Промовирани огласи »

Вработување во СЕТЕК, Алма-М и b watch 1920!

Огласи за работа во СЕТЕК, Алма-М и b watch 1920!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) - СКОПЈЕ
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) – БИТОЛА
ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ЗА ПРОДАЖБА
ДОСТАВУВАЧ СО Б И Ц КАТЕГОРИЈА
МАГАЦИОНЕР

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Сите огласи од Стокомак можете да ги најдете ТУКА.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА ЗАЛИХИ И ОСНОВНИ СРЕДСТВА
ПЕРСОНАЛ ЗА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ФИНАНСИРАЊЕ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР

b watch 1920 е компанија специјализирана за продажба на меѓународни брендови часовници и накит. Компанијата постои уште од 1928 година, со повеќе салони низ земјата и онлајн продавница.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како да пронајдете работа што ќе ја сакате

Чекор по чекор до професијата од соништата

Работата зазема голем дел од нашиот живот, па затоа е важно да ја избереме онаа што нè исполнува и мотивира. Но, како да ја најдете „совршената“ работа кога има толку многу опции и неизвесности? Еве неколку практични чекори што ќе ви помогнат во потрагата.

1. Запознајте ги сопствените интереси и вредности

Почнете од себе – кои активности ве прават среќни, што ве мотивира, кои вредности се најважни за вас? Ако работата е во склад со овие аспекти, ќе ви биде полесно да уживате во неа.

2. Идентификувајте ги вашите силни страни

Направете листа на вашите вештини, способности и искуства. Размислете како тие можат да се применат во различни индустрии и улоги.

3. Истражете го пазарот на трудот

Прегледувајте огласи, следете трендови и дознајте кои професии се најбарани. Ова ќе ви помогне да ги пронајдете можностите што одговараат на вашите способности и интереси.

4. Испробајте нови работи

Понекогаш, најдобриот начин да откриете што ви се допаѓа е да пробате. Волонтирање, фриленс проекти или кратки обуки можат да ви отворат нови врати.

5. Поставете јасни цели

Одлучете каков тип работа барате – флексибилно работно време, креативна улога, стабилност или можности за напредување. Целите ќе ви помогнат да не залутате во процесот.

6. Запознавајте се со луѓе од индустријата

Поврзувањето со професионалци ќе ви даде внатрешни информации за работните позиции и ќе ви ја зголеми шансата да бидете препорачани.

7. Не се плашете да направите промена

Дури и ако моментално работите нешто што не ве исполнува, секогаш постои начин да направите трансфер кон работа што ја сакате. Потребна е храброст и план, но вреди.

Заклучок: Најдобрите кариери не се пронаоѓаат преку случајност – тие се резултат на самопознавање, истражување и активен пристап.

Не знаете како да се спремите за првото интервју за работа? прочитајте и за: Како да блеснете на вашето прво интервју за работа

Тагови: HR работа совети за работа

Промовирани огласи »

Казните за сообраќајни прекршоци во Грција ќе се наплаќаат на граница

Од 13 септември, посети во Грција можат да завршат со сообраќајни казни, кои мора да се платат пред заминување од земјата.

Во соседна Грција, од 13 септември, ќе се применуваат нови и построги сообраќајни казни, со потенцијал за високи глоби, па дури и доживотен затвор за одредени прекршоци. Овие нови правила, предвидени да важат за локалното население и туристите, вклучувајќи ги бројните македонски граѓани, ќе се наплаќаат на границата. Според грчките медиуми, државата досега немаше ефикасен механизам за наплата на казните од странски возачи, што резултираше со неплатени побарувања од над 2,1 милион евра од 2008 година.

Со планирањето на нова платформа, Грција има за цел да изврши проверка и наплата на неплатени казни пред возачите да ја напуштат земјата. Ова решение би спречило зголемување на ненаплатените долгови кои се трупаат со години. Како дел од рестриктивните мерки, грчката полиција во последниве години почесто прибегнува кон отстранување на регистарски таблички и привремено одземање на возачките дозволи.

И покрај сè уште не оперативниот систем за интернационална наплата, македонските возачи треба да бидат внимателни и да се придржуваат кон сообраќајните регулативи. Ова вклучува почитување на ограничувањата на брзина, правилата за паркирање и задолжителната употреба на сигурносен појас. Со почитување на овие правила, не само што ќе избегнете глоби и непријатности, туку и ќе придонесете кон својата и безбедноста на другите.

Тагови: Грција казни граница

Промовирани огласи »

Македонија под топлотен бран – екстремни температури и услови за невреме

Во текот на остатокот од неделата Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе сончево време со умерена облачност и температури над 30°C

Во текот на остатокот од неделата Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе сончево време со умерена облачност и температури над 30°C. На повеќе места температурите ќе достигнат до 35°C, а во Повардарието и околу 40°C. И во Скопје се очекува температура над 35°C. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.

Од недела попладне, а особено во понеделник (18 август), ќе има делумна нестабилност со развој на грмотевични облаци, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најизразено во планинските предели, но и во котлините, вклучувајќи го Скопје. Можно е и краткотрајно невреме со силен ветер и град. Поради топлотниот бран и екстремно високите температури, се препорачува избегнување на активности на отворено во најтоплиот дел од денот (11–17 ч.) и зголемено внесување на течности.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

15.08.2025 Петок   22° / 26° 06:44   20:36
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h




















26°
24°
23°
22°

2

2

2

2
16.08.2025 Сабота   19° / 35° 06:45   20:34
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
21°
20°
19°
19°
19°
20°
20°
21°
24°
27°
29°
31°
32°
33°
34°
35°
34°
32°
31°
30°
28°
26°
25°
24°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

4

4

4

3

3

2

2

2

2
17.08.2025 Недела   18° / 34° 06:46   20:33
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
22°
21°
20°
20°
19°
18°
18°
20°
24°
26°
29°
30°
31°
32°
33°
34°
34°
34°
32°
31°
29°
27°
26°
25°

2

2

2

2

2

2

1

2

1

2

2

2

2

3

2

3

3

3

4

4

3

3

3

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »