
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »Возач – дистрибутер со Ц категорија
Број на извршители: 3
Пријава до: 22.08
Локација на работа: Скопје
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
Возач – дистрибутер со Ц категорија
ШТО НУДИМЕ:
- Фит кит – бесплатна месечна члeнарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Вршење достава на стоки до продажно место согласно планот за дистрибуција;
- Гарантирање за добро управување со возилото на пат, почитувајќи ги доследно прописите за безбедност во сообраќајот;
- Учествување во истовар на стоки според потребното;
- Изготвување и доставување фактури-испратници до купувачите за потпис при достава на стоки;
- Грижа за хигиената и одржување на чистотата на возилото одвнатре и однадвор и негово соодветно паркирање и сместување;
- Совесно управување на возилото со цел да се сочува од било какви оштетувања.
ШТО БАРАМЕ
- Завршено средно образование;
- Возачка дозвола Ц-категорија;
- Минимум 2 години возачко искуство во категоријата;
- Претходно работно искуство како Возач-Дистрибутер ќе се смета за предност.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 20.08.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа, и истото по потреба ќе се изведува сменски: прва смена од 06:00 до 14:00 часот и втора смена од 14:00 до 22:00 часот. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Пивара Скопје, една од водечките компании во Северна Македонија со 100 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.
Слични огласи »