Промовирани огласи »

Од првиот неуспешен обид до бренд со душа – Катче

Нејзините рачно изработени гипс декорации внесуваат топлина и уникатност во секој дом.

Која е Силвана Аврамовска Софронијоска и со што се занимава по професија?

Силвана е љубопитен и креативен дух што сака да создава мали и топли моменти на радост. Катче почна како мое мало засолниште, место каде со гипс, бои и идеи ја преточувам љубовта кон домот во уникатни парчиња. По природа сум перфекционист кога станува збор за детали, но и голем сонувач кој верува дека секое мало катче во домот може да раскаже приказна. Јас сум жена која долго време го бараше мирот, и на крајот го создаде сама. За мене, ова не е само бизнис, тоа е мој личен отпечаток во туѓите домови.

По професија сум правник што е тотална спротивност од мојот мал бизнис.

Како ти изгледаше првиот обид со работа во гипс – и што те мотивираше да не се откажеш?

Првиот обид со гипс беше една мешавина од возбуда и хаос. Стоев во кујната, со маса прекриена со прашина, садови со вода и гипс, и чувство дека влегувам во непознато. Кога ја истурив првата смеса во калапите, беше нерамно, со меурчиња и несовршени рабови. Бојата не влезе како што очекував, а целата просторија изгледаше како да поминал мал ураган од прашина. Но во таа “несовршеност” имаше нешто топло, момент на целосно присуство и мир. Гледав како материјалот се стврднува и сфатив дека процесот, иако е бавен и непредвидлив, ми носи радост. Тој ден без да знам, го најдов почетокот на Катче, моето мало место каде креативноста и тишината се среќаваат. Ме мотивираше љубовта кон процесот. Дури и кога нешто ќе се скршеше или ќе испаднеше поинаку, во тие моменти гледав можност, не неуспех. Катче ми стана место каде секој обид е дел од приказната, и токму тоа ме тера да продолжам.

Како од лично хоби премина во креирање на мал бизнис и кои беа првите реакции од твоите пријатели?

Сè почна сосема едноставно, без намера да стане нешто повеќе. Правев мали фигури и ги оставав таму каде што ќе ми текне, на работната маса, на клуб масичката, само за да ми го разубават денот. Еднаш ми дојде другарка, ги виде и со насмевка ми рече:”Ова ти го правеше? Леле преслатко е! Може ли да си земам едно?” Во тој момент не мислев на бизнис, немав никаков план, само срце и гипс. А потоа луѓето сами почнаа да прашуваат и да бараат. Некои бараа свеќник за слава или романтична вечер, друг вазна за суво цвеќе. Секој пронајде нешто свое во нив, а јас пак, си го најдов мојот мир додека ги создавав.

Што те инспирира при изборот на форми и модели – дали повеќе твоите идеи или желбите на клиентите?

Инспирацијата најчесто ми доаѓа од секојдневието, форми што ги гледам во природата, предмети што носат спомен, детали од патувања. Секогаш сакам моите парчиња да имаат мој ракопис, но и да ја одразуваат личноста на оној што ќе ги има дома. Затоа ги слушам и желбите на клиентите, понекогаш тие ми носат идеи на кои ни сама не би помислила. Најубаво е кога ќе се спојат мојата замисла и нивната приказна, тогаш настанува парче што е и мое и нивно, со душа и значење.

Какви се најчестите барања од клиентите – кои се производите што најмногу ги сакаат?

Клиентите најчесто бараат нешто што ќе им го разубави домот, но и ќе биде уникатно, парче кое нема да го видат кај секого. Најмногу сакат држачи за свеќи, вазни и декор за маса, бидејќи се мали практични и веднаш внесуваат топлина во просторот. Често бараат и персонализирани парчиња, со боја, форма или дизајн што ќе одговара на нивниот стил. Токму тие барања ми се омилени, бидејќи секое такво парче носи лична приказна.

Што значи „Катче“ за тебе – бизнис или нешто подлабоко и лично?

Катче за мене не е само бизнис, туку едно многу лично патување. Тоа е моето место на мир и креативност, каде што секое парченце гипс добива душа и приказна. Катче е продолжение на мојата желба да создадам нешто што ќе допре до срцето на луѓето, нешто што ќе внесе убавина и мир во домот. Во тоа се вложени и мојата љубов, и мојата посветеност, и мојата верба дека креативноста може да го направи светот малку поубав. Затоа Катче не е само работа, туку е дел од мојата душа и мојот пат.

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Референт - Администратор шалтерски работник, Одделение за економско - финансиски и сметководствени работи - ЈЗУ Општа болница со проширена дејност

Помлад соработник за општи и заеднички работи, Административна служба - Јавно Комунално Претпријатие Гази Баба - 2007 - Гази Баба

Помлад референт администратор (амбулантско лекување), Одделение за административни - правни работи, Сектор за административни-правни и општи работи - ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата КОЗЛЕ - Скопје

Самостоен референт за архивско работење, Одделение за општи и правни работи, Сектор за општи, правни работи и јавни набавки - Казнено поправен дом Прилеп

Помошник раководител на сектор за управување со човечки ресурси задолжен за вработување, унапредување, оценување и систем за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси - Министерство за европски прашања

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Позади вратите на ПроКредит Банка: Разговор со тимот за човечки ресурси

Инсајдерска приказна: Како навистина е да работите во ПроКредит Банка

ПроКредит Банка е банка која комбинира одговорни банкарски практики со силен фокус на луѓето - клиентите, заедницата и вработените. Но, како е навистина да се работи таму?

Седнавме со тимот за човечки ресурси, луѓето кои ја познаваат организацијата одвнатре, на разговор за корпоративната култура, секојдневната динамика и она што ја прави ПроКредит Банка навистина наградувачко место за градење на кариера.

A group of women sitting around a table

AI-generated content may be incorrect.

Кој би рекле дека е најчестиот стереотип за работењето во банка?

Дека е премногу формално и здодевно. Иако ја сфаќаме нашата работа сериозно, особено кога станува збор за етика, одговорност и професионалност, внатрешната средина е навистина отворена и соработлива. Постои силна култура на меѓусебно почитување и постојано учење, и сите се охрабруваат да зборуваат, да споделуваат идеи и да растат. Ние сме структурирани, да, но никогаш не сме конзервативни.

Како би ја опишале работната култура во ПроКредит Банка со само неколку зборови?

Отворена. Транспарентна. Поддржувачка. Управувана со цел. Како банка сме многу ориентирани кон процесите, но тоа не значи дека луѓето само ги следат наредбите. Постои јасна структура што ви дава насока, но и простор сами да преземете иницијатива, да учите од вашите грешки и да се развивате и растете професионално.

Каква личност напредува во ПроКредит Банка?

Љубопитна личност, самодисциплинирана и прилагодлива. Ние сме динамична институција која го цени долгорочното размислување. Не мора да се имаат сите одговори уште од првиот ден, всушност, не го очекуваме тоа. Бараме луѓе кои се желни да учат, отворени за повратни информации и способни да работат и самостојно и во тимови. Исто така, вреди да се напомене, интегритетот е важен овде. Многу.

Каква е типичната интеракција меѓу департманите?

Интеракцијата е флуидна. Поради нашата хоризонтална хиерархија и стил на директна комуникација, често ќе видите колеги од различни оддели како тесно соработуваат. Таа меѓусекторска поддршка прави голема разлика во секојдневната работа. Ние не работиме индивидуалистички, а тимската атмосфера и ентузијазам се лесно забележливи.

Можете ли да споделите момент што го одразува тимскиот дух?

Еден момент кој совршено го одразува тимскиот дух се случи на минатогодишниот тим билдинг настан во Велес, каде повеќе од 200 колеги се собраа на дводневен настан исполнет со дружба, игри и музика во живо. На вториот ден од настанот, сите колеги станаа рано за да направат групна слика за паметење. Колегите се поделија во 3 групи и го испишаа зборот PRO, момент кој беше фотографиран со дрон. Оваа слика го одразува нашиот колективен дух, многу индивидуи, но еден тим кој се движи напред кон заедничка цел.

A group of people on a basketball court

AI-generated content may be incorrect.

Која е една внатрешна практика за која мислите дека повеќе компании треба да ја усвојат?

Нашата култура на фидбек и транспарентност. Повратните информации во ПроКредит не се резервирани за годишни евалуации, тие се редовни, структурирани и искрени. Тие им помагаат на луѓето континуирано да се подобруваат без да се чувствуваат микроменаџирани. Тоа е клучно во банка каде што и прецизноста и растот се важни.

Дали имате некаков совет за некој што размислува за кариера во ПроКредит Банка? Дојдете со отворен ум и желба за учење и работа. Бидете подготвени да се соочите со предизвици, на најдобар начин. Ќе ви бидат дадени вистински одговорности уште на почетокот, но исто така и силна поддршка и континуирана обука. Тоа не е само работа, тоа е долгорочен пат на развој.

Конечно, што ве прави горди што сте дел од тимот?

Луѓето. Низ сите оддели, постои заедничка посветеност на извршување значајна работа, третирање на другите со почит и градење нешто одржливо, не само за банката, туку и за заедницата. Таквата култура не се случува случајно. Таа е изградена намерно и ние сме горди што сме дел од неа.

Без разлика дали сте млад професионалец кој истражува можности за кариера или некој што бара работно место со цел и интегритет, ПроКредит Банка нуди повеќе од само вработување, таа нуди место за личен и професионален раст.

Тагови: ПроКредит Банка АД Скопје

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

In-Process Quality Control Operator
Quality Control Pharmacist
Quality Assurance Specialist and Cultivation compliance
Pharmacy Technician – Quality Assurance Department (QA)
Maintenance Technician

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »