Промовирани огласи »

Само вчера санкции за 570 возачи во Скопје, над 20 возеле без дозвола

150 санкции за возење со брзина поголема од дозволената. Безбедно ли е во Скопје?

Полицијата информира дека согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи.

Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 4 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација.

Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.

Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од полицијата. 

Тагови: возачка дозвола казни

Промовирани огласи »

Независниот синдикат на Полицијата вчера во Струмица ја одржал првата седница на претседателството на НСП за 2025 година. 
Како главни точки за дискусија биле идните чекори кои НСП ќе ги преземе за приближување на правата, платите и условите за работа на припадниците во полицијата со припадниците на армијата.

Во контекст на ова како синдикат во наредниот период ќе предложиме законски измени во делот на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во кои за припадниците на САЕ, ЕБР, ЕИП и Хеликоптерската единица ќе биде побарано да биде зголемена бенифицијата на стажот на 6 месеци за година по принципот на пресметка на стажот за сродните единици од армијата.

Дополнително беше донесена одлука за базирање на новиот Колективен договор на основата на Колективниот договор од армијата, но и обнова на нашите барања за можност за откуп на службеното оружје по пензионирање и задржување на поништена службена легитимација за кои немавме слух во минатото, се ве,ли во објавата од Независниот синдикат на Полицијата.
 

Тагови: работнички права

Промовирани огласи »

Мој Термин – Клуч за подобра и побрза здравствена грижа

Вашето здравје, ваша одговорност – Навремено закажување и откажување термини

Системот „Мој Термин“ овозможува ефикасно закажување и управување со здравствените прегледи во Македонија. Со правилна употреба, пациентите можат да добијат навремена здравствена грижа, а здравствениот систем може подобро да ги организира ресурсите.

Како да закажете термин?

  • Преку матичен лекар – За да закажете преглед кај специјалист, потребно е прво да се обратите кај вашиот матичен лекар, кој ќе ве упати според вашите здравствени потреби.
  • Во јавните здравствени установи – Директно во амбулантите, болниците или специјалистичките клиники, ако станува збор за интервенции.
  • Преку електронски систем – Вашиот лекар го користи „Мој Термин“ за да резервира слободен термин и да ви даде информации за времето и местото на прегледот.

❌ Како да откажете термин?

Ако не можете да присуствувате на закажаниот преглед, важно е да го откажете навреме за да овозможите друг пациент да го искористи слободниот термин.

  • Контактирајте го матичниот лекар – Лекарот може да го откаже терминот во системот.
  • Посетете ја здравствената установа – Доколку сте закажале директно, треба да се јавите во установата и да информирате за откажувањето.
  • Откажување навреме – Најдобро е да го откажете барем 24-48 часа претходно, за да се ослободи местото за некој друг кој има потреба.

🔹 Зошто е важно да бидете одговорни?

  • Ги почитувате лекарите и времето на здравствените работници.
  • Овозможувате друг пациент да добие навремен преглед.
  • Системот работи поефикасно, без непотребни застои и одложувања.

Вашето здравје е приоритет! Бидете одговорни и користете го системот „Мој Термин“ на најдобар можен начин. 

Тагови: Мој Термин

Промовирани огласи »

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето

Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2,200 вработени во УСАИД.

Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД.

Во соопштение на социјалната мрежа „Икс“, чиј сопственик е самиот Маск, тој напиша дека „оваа зграда сега е окупирана од Царинската и погранична служба“ на САД.

Активностите се дел од радикалната реструктуризација на владата, одобрена од Трамп, за кратење на федералните работни места и на трошоците за функционирање на американската влада.

Тагови: УСАИД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »