Промовирани огласи »

СЕ ВРАЌА ИСТОРИЈАТА КАКО ПРЕДМЕТ: Уште една реформа во образованието

„Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја“, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска синоќа во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици. 

Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што каќа, се доработува со уште неколку закони. Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка  за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Распишан е оглас за проекти за научно истражувачка работа на професорите, а отворени се шест нови лекторати во светот каде ќе се изучува и популаризира македонски јазик и литература.

Оваа Влада, како што кажа министерката, досега шест пати ја покачила платата на наставниците и со СОНК се договориле секоја година да има нови покачувања на платите.

Таа потсети дека МОН и оваа Влада изградиле осум нови училишни згради и работи на деветата, реновирани се 20 училишни сали, а се градат уште четири спортски сали и има повик за изградба на уште 30 нови спортски сали. Потсети дека ги опремиле училиштата со смарт табли и друга современа опрема, а во соработка со Бирото за развој и образование имаат обуки за наставниците да користат напредна технологија.

Министерката Јаневска, која зборуваше на партиска трибина во Велес, потенцира дека МОН за првпат ги легализира дуалните паралелки во средно образование кои имаат практичична настава. 

Во средното стручно образование освен постоечките направиле уште два нови стручни центри во Штип и Битола според стандардите на земјите од ЕУ. 

Тагови: Весна Јаневска Министерство за образование и наука - МОН историја

Промовирани огласи »

Синдикалната кошничка поскапа за 630 денари

За месец јули

Сојузот на синдикати премета дека на едно четирчлено семејство за живот во јули му се потребни 65.328 денари. Според тоа, синддикалната кошничка во јули во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. 

Според синдикатите, делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. 

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20 отсто, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25проценти , се вели во соопштението на синдикатот.

Од синдикатот пресметале и дека ако четиричленото семејство треба да живее во изнајмен стан, тогаш за да го помине месецот ќе му требаат 80.703 денари.

Тагови: потрошувачката кошничка Сојуз на синдикати

Промовирани огласи »

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. 🚑❤️

Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се роди женско бебе. Несекојдневното породување се одвивало во движење, само неколку минути по полноќ, а медицинскиот тим успешно го спровел процесот безбедно и професионално, пренесува штипската телевија „Стар“. 

Д-р Даниел Кировски, кој бил дел од тимот, го сподели искуството на социјалните мрежи, нагласувајќи дека девојчето е родено здраво и силно, и дека мајката се чувствува добро.

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ“, напиша д-р Кировски. „Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот.“

Тој истакна дека породувањето се одвивало без родилна сала, но со целосна посветеност и координација од страна на тимот, со што уште еднаш се потврдува важноста на итната медицинска помош во клучни моменти.

Мајката и бебето се во стабилна и добра здравствена состојба. 

Тагови: амбулантно возило бебе здравје породилно отсуство

Промовирани огласи »

Поевтинуваат горивата од полноќ - ова се новите цени!

Регулаторна со убави вести за возачите

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

Од 22.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 40,158 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »