Промовирани огласи »

ССМ ја објави потрошувачката кошничка: 62.691,00 денари биле потребни во април за четиричлено семејство

Синдикалната минимална кошничка поскапува од месец во месец, минималната плата треба да расте

Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 денари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година која изнесува 61.855,00 денари е зголемена за 836,00 денари.

Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78% во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени. Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро, велат од ССМ.

Тагови: ССМ потрошувачката кошничка

Промовирани огласи »

РКЕ со одлука за новите цени на горивата

Почнуваат да важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.

Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Колку денови годишен одмор ви следуваат?

Дали знаете колку минимум денови годишен одмор ви следуваат?

Секој работник има уставно и законско загарантирано право на одмор, но дали знаете колку минимум денови годишен одмор ви следуваат?

Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена“, стои во членот 137 од Законот за работни односи, со потенцирање дека со колективен или договор за вработување може да се продолжи до 26 работни дена.

Законот, исто така, предвидува и дека празниците, саботите, неделите и слободните денови, отсуства поради боледување, како и други случаи на оправдано отсуство од работа, не се пресметуваат во деновите на годишниот одмор.

Работникот кој за првпат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното“, стои во член 139 од Законот за работни односи.

Инаку, законодавецот утврди дека работникот има право на користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец работа: ако во календарската година во која случил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор и му престанал работниот одмор пред изминување на рокот, по истекнувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор.

Годишниот одмор по правило може да се користи во текот на календарската година. Може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни денови.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни денови годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30-ти јули следната година.

Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го користи до 30 јуни идната календарска година.

Годишниот одмор се користи земајќи ги предвид потребите на работниот процес, како и можностите за одмор и рекреација на работникот водејќи сметка за неговите семејни обврски. Работникот има право еден ден од годишниот одмор да го искористи на ден којшто сам ќе го определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три дена пред користењето“, стои во членот 144 од Законот за работни односи.

Тагови: годишен одмор работнички права

Промовирани огласи »

Што работи папата? Кои се неговите обврски на работното место

Запознајте се со шестте клучни улоги и обврски на папата, духовниот лидер на над 1,4 милијарди католици и челник на најмалата држава во светот.

Кардиналите ќе се состанат на конклаве по смртта на папата Фрањо за да изберат негов наследник. Но, се прашуваме, кои се навистина должностите и овластувањата на поглаварот на Католичката Црква?

Терминот папа потекнува од грчкиот збор „папас“ што значи „татко, патријарх“. Затоа е наречен и „Светиот Отец“ од страна на верниците.

Како духовен водач, папата е потомок на свети Петар на кој Христос му ја довери мисијата за управување со Црквата. Тој е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарди католици низ светот, со задача да ја заштити и поучува христијанската вера, да ги толкува Евангелијата и да осигури единство на Црквата.

Тој е и лидер на Градот-држава Ватикан, најмалата држава на светот која е независна и окружена со Рим. Во ова својство, папата има абсолютна власт – извршна, законодавна и правосудна.

Папата ја дефинира доктрината и учењето на католицизмот преку документи како енциклики и апостолски поттикнувања. Во дванаесет години на својот понтификат, Фрањо е познат по реформите како благословување на истополови бракови и сузбивање на сексуалното насилство во Црквата.

Папата има крајниот збор во именувањето на бискупи и кардинали. Со тоа тој управува со духовната структура на Црквата. Освен тоа, он патува низ светот, одговара на поканите на државни раководители, и активно учествува во животот на локалната Црква во Рим.

Тагови: Ватикан Папа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »