Промовирани огласи »

МАСК САКА 25 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА - акционерите на компанијата ќе гласаат за инвестиции во вештачка интелигенција

❗Не сака да се соочи со опасност другите акционери да го надгласаат

Тесла ќе одржи гласање на акционерите за тоа дали производителот на автомобили на Илон Маск треба да инвестира во неговиот стартап за вештачка интелигенција xAI, изјави милијардерот во неделата.

Да зависеше од мене, Тесла одамна ќе инвестираше во xAI“, рече Маск во објава на неговата платформа за социјални медиуми X, која самата по себе е дел од xAI. „Ќе имаме гласање на акционерите за ова прашање, пишува Си-Ен-Ен.

Маск влева ресурси од другите свои компании во xAI додека се обидува да се натпреварува со лидерите во вештачката интелигенција како OpenAI, Meta и Google. Во март, xAI го купи X, кој веќе го користеше за податоци за обука и за дистрибуција на својот чет-бот, Grok. А во саботата, Wall Street Journal објави дека вселенската компанија на Маск, SpaceX, треба да инвестира 2 милијарди долари во xAI.

Обезбедувањето инвестиција за xAI од Тесла може да биде малку покомплицирано, со оглед на тоа што станува збор за јавно тргувана компанија и чии инвеститори веќе беа загрижени за приоритетите на Маск во последните месеци. 

Акционерите на „Тесла“, загрижени од обемот на политичката вклученост на Маск - како и од неговата лидерска улога во најмалку три други компании - побараа од него да посвети најмалку 40 часа неделно на својата улога како извршен директор на „Тесла“, или одборот да постави „основни правила“ околу неговите надворешни активности.

Маск претходно се спротивстави на идејата дека „Тесла“ би можела да се спои со xAI.

Акциите на „Тесла“ (TSLA) малку пораснаа рано во понеделник, но остануваат намалени за повеќе од 16 отсто од почетокот на годината.

„Тесла“ минатата недела соопшти дека ќе го одржи својот годишен состанок на акционерите на 6 ноември - најава што дојде откако десетици лути акционери побараа да знаат зошто толку долго се закажува настанот.

xAI брзо собра значителни инвестиции, и тоа не само од сопствените компании на Маск.

Минатиот мај, собра 6 милијарди долари од инвеститори, вклучувајќи ги „Секуоја Капитал“, „Андресен Хоровиц“ и саудискиот принц Алвалид Бин Талал, зголемувајќи ја нејзината проценка на 24 милијарди долари. Кога xAI го купи X во март, Маск рече дека вредноста на комбинираната компанија е 80 милијарди долари. Неодамна, xAI се обиде да собере 10 милијарди долари со проценка од 200 милијарди долари, објави Блумберг.

Од друга страна, дел од светските медиуми јавуваат дека Маск, кој важи за еден од најбогатите луѓе на светот побара од сопствената компанија Тесла четвртина од уделот и гласачката моќ, заканувајќи се дека во спротивно ќе го премести развојот на вештачка интелигенција и роботика во својата друга компанија, xAI.

Техномилијардерот со својата одлука ги зголеми стравувањата на инвеститорите. Неговиот ултиматум може да ја наруши долгорочната конкурентност на Тесла.

Маск изјавил дека не се чувствува сигурно во лидерската улога за вештачка интелигенија и роботика во Тесла со сегашните акции кои ги поседува, бидејќи постои ризик да биде сменет од големи акционери.

Западните медиуми пишуваат дека неговата одлука не е финансиска, туку е обид за контрола на технологиите за вештачка интелигенција.

Ројтерс јави дека си даде отказ извршната директорка на Икс, Линда Јакарино, која раководеше со социјалната мрежа во соработка со милијардерот.

Назначена пред две години со цел да ги врати огласувачите на мрежата, таа беше под притисок да ги спои во функционирањето Икс и xAI.

После две неверојатни години решив да си дадавам оставка од функцијата извршен директор на Икс, напиша Јакарино на Икс.

Маск ѝ одговори: „Благодарам за твојот придонес“.

Аналитичарите предупредуваат дека барањето на Маск за 25 проценти акции создава огромен конфликт на интереси во Тесла.

Доколку акционерите се согласат, Маск ќе стекне непропорционална контрола врз делот со вештачка интелигенција(xAI), потенцијално нарушувајќи демократските принципи на управување во јавна компанија.

Ако го одбие Маск, Тесла ризикува да ја изгуби предноста во автономно возење што го нудат нејзините електрични автомобили, но и предноста во роботиката, како кај роботот Оптимус, кој исто така користи вештачка интелигенција.

Овие технологии би можеле да бидат преселени во xAI, компанијата за која Маск веќе бара поголем удел.

Овој пресврт не е само финансиски судир, туку се чини дека Маск ја отвора глобалната дебата за тоа која компанија може поефикасно да ги води граничните технологии?

Дали Тесла ќе остане автомобилска компанија или ќе се трансформира во АИ лидер под целосна контрола на својот основач?

Тагови: Елон Маск акции Тесла

Промовирани огласи »

Кои се вашите права за замена на купен производ?

Полесно и послободно се купува кога си ги знаеме нашите потрошувачки права.

Често се случува при купување на некој производ да не ја погодиме точната големина, да се премислиме за изборот или едноставно производот да не ѝ се допадне на личноста за која е наменет. Во такви случаи, природно е да се појави потреба од замена на производот.

Според законот, потрошувачот има право да побара замена на производот од истиот трговец каде што е купен, доколку производот има соодветен квалитет, но не одговара по форма, големина, модел, боја, број или од други слични причини – освен ако станува збор за производ изработен по нарачка врз основа на писмен договор.

Ова право може да се оствари во рок од 15 дена од денот на купувањето, под услов производот да не бил употребуван, да е сочуван неговиот изглед, да ги има сите пломби и фабрички етикети, како и фискалната сметка или сметкопотврда што се добиени при купувањето.

Доколку трговецот во моментот на барањето нема соодветен производ за замена, потрошувачот има право сам да избере

  • да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или
  • да почека и да го замени производот кога ќе биде достапен

Во тој случај, трговецот е должен да го извести потрошувачот дека производот е повторно достапен, и тоа најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Од ова произлегува дека за да се направи замена на производ, не мора да постои конкретна причина – доволно е да се исполнети условите производот да е неупотребуван и да не е нарачан по мерка.

Тагови: производ замена потрошувачки права

Промовирани огласи »

Concentrix – Таму каде што работата станува заедништво, а вредностите секојдневие

Concentrix создава приказна што вреди да се слушне и да се доживее

Во време кога младите се борат да најдат средина што не е само уште едно „седење пред компјутер“, Concentrix создава приказна што вреди да се слушне – и да се доживее. Ова не е само глобална компанија – ова е бренд што има јасна мисија да ги постави луѓето на прво место, и тоа не декларативно, туку со шанса за корпоративен раст.

Летото оваа година официјално го означивме со Summer Party 2025 – настан каков што ретко се гледа во корпоративниот свет. Над 150 колеги од различни градови, тимови и позиции беа на едно место. Забава, музика, open-air атмосфера и многу насмевки. Но зад сето тоа стоеше нешто посилно – чувство на припадност. Приказната не беше само „имавме журка“, туку „имаме култура што се живее“.

„Од првиот ден знаев дека Concentrix не е обична фирма. Тука не доаѓаш само за плата, тука доаѓаш да растеш – и како професионалец и како човек,“ споделува Бесфорд Пацоли, еден од нашите оперативни менаџери кој веќе три години е дел од тимот. „Сите тие мали детали – дали некој те прашал како си, дали имаш слободен ден кога ти треба, дали те мотивираат и кога не оди – тоа прави разлика.“

Вредностите на компанијата – почит, инклузија, тимски дух и отворена комуникација – не се само на постери во канцеларија. Тие се дел од секој состанок, секој проект, секоја пауза за кафе. Со бенефити што реално прават разлика – стабилна плата, 13-та плата, приватно здравствено осигурување, менторски програми, спортски членства, бонуси за перформанс и препораки – Concentrix покажува дека знае што значи „луѓето се најважни“.

Но тоа не застанува тука. Компанијата веќе неколку години по ред активно учествува во општествени проекти – од крводарителски акции, еко-иницијативи, до директна поддршка на ранливи групи. Тоа не е ПР, тоа е вредност што ја живеат вработените.

Concentrix не е само место за работа. Тоа е заедница што мотивира, слуша и постојано вложува – во луѓето, во иднината, во вистински вредности. Ако бараш стабилност, но и смисла – ова е местото каде и двете работи одат заедно.

Тагови: КОНЦЕНТРИКС ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

50 евра казна доколку возите со папучи во Грција - 1.500 евра за пушење во автомобил

Важни информации околу сообраќајните прекршоци за сите оние кои летово планираат да летуваат во Грција! 👇

Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборавиле да ја понесат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните може да бидат и до 1.500 евра. Како што е наведено на инстаграм-страницата на здружението „Пресретнувач“, сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува и најмалите пропусти, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, за да избегнат казни, ова здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своите возила. Рефлектирачки елек во кабината, а не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри, ПП-апарат (S2 – 2 кг) исправен и со валиден сервис, комплет за прва помош, комплетен и непроменет, и резервно тркало или сет за поправка на гуми.

Тие додаваат дека нема оправдување за истекот на периодот за прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоставениот триаголник исто така 100 евра, за возење во влечки 50 евра, а за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува „Танјуг“.

Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да бидат информирани за нив бидејќи контролите се секојдневни. 

Тагови: Грција казни

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »