Промовирани огласи »

Прв чекор во кариерата: Што да правите ако немате искуство?

Немате искуство? Овие совети ќе ве однесат до првата работа!

Започнувањето на кариера без претходно работно искуство може да изгледа како невозможна мисија. Огласите бараат „минимум една година искуство“, а вие сè уште го немате ни првото интервју. Но вистината е сите некаде почнале. Недостигот на искуство не значи недостиг на потенцијал.

Еве што можете да направите за да се истакнете и да го направите првиот чекор во светот на вработените:

1. Фокусирајте се на вештините, не на искуството

Работодавците бараат луѓе што ќе придонесат – а тоа не секогаш значи долга биографија. Истакнете ги вашите меките вештини како комуникација, организација, тимска работа или способност за учење. Ако имате технички вештини – уште подобро.

2. Искуството не е само работа

Практичната настава, студентски проекти, волонтерство, курсеви, дури и хобија – сето тоа е некое искуство. Напишете ги овие активности во биографијата со конкретни задачи што сте ги извршувале.

3. Создадете свое портфолио или пример за работа

Ако аплицирате за креативна или техничка позиција – создајте свое портфолио. Тоа може да биде блог, Instagram профил, GitHub страница или дизајн-проекти. Покажете дека сте активни, дури и без да ве вработил некој.

4. Вмрежете се

Мрежите прават чуда! Посетете настани, семинари, поврзете се на LinkedIn со луѓе од индустријата. Често, препораките од внатре вредат повеќе од совршено CV.

5. Прилагодете го секое CV и мотивационо писмо

Немојте да праќате ист документ на 50 места. Наместо тоа, вложете време да истражите за секоја компанија и прилагодете ја вашата пријава според нивните потреби.

Да се почне без искуство е предизвик, но не и пречка. Вашата енергија, желбата за учење и подготвеноста да започнете од основа се вредности што многу компании ги бараат. Првиот чекор е секогаш најтежок, но и највреден.

Ве унапредија но не и вашата плата, прочитајте и за: Унапредување без денар повеќе? Еве што навистина значи тоа

Тагови: HR работно искуство совети за работа

Промовирани огласи »

Кои се вашите права за замена на купен производ?

Полесно и послободно се купува кога си ги знаеме нашите потрошувачки права.

Често се случува при купување на некој производ да не ја погодиме точната големина, да се премислиме за изборот или едноставно производот да не ѝ се допадне на личноста за која е наменет. Во такви случаи, природно е да се појави потреба од замена на производот.

Според законот, потрошувачот има право да побара замена на производот од истиот трговец каде што е купен, доколку производот има соодветен квалитет, но не одговара по форма, големина, модел, боја, број или од други слични причини – освен ако станува збор за производ изработен по нарачка врз основа на писмен договор.

Ова право може да се оствари во рок од 15 дена од денот на купувањето, под услов производот да не бил употребуван, да е сочуван неговиот изглед, да ги има сите пломби и фабрички етикети, како и фискалната сметка или сметкопотврда што се добиени при купувањето.

Доколку трговецот во моментот на барањето нема соодветен производ за замена, потрошувачот има право сам да избере

  • да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или
  • да почека и да го замени производот кога ќе биде достапен

Во тој случај, трговецот е должен да го извести потрошувачот дека производот е повторно достапен, и тоа најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Од ова произлегува дека за да се направи замена на производ, не мора да постои конкретна причина – доволно е да се исполнети условите производот да е неупотребуван и да не е нарачан по мерка.

Тагови: производ замена потрошувачки права

Промовирани огласи »

Concentrix – Таму каде што работата станува заедништво, а вредностите секојдневие

Concentrix создава приказна што вреди да се слушне и да се доживее

Во време кога младите се борат да најдат средина што не е само уште едно „седење пред компјутер“, Concentrix создава приказна што вреди да се слушне – и да се доживее. Ова не е само глобална компанија – ова е бренд што има јасна мисија да ги постави луѓето на прво место, и тоа не декларативно, туку со шанса за корпоративен раст.

Летото оваа година официјално го означивме со Summer Party 2025 – настан каков што ретко се гледа во корпоративниот свет. Над 150 колеги од различни градови, тимови и позиции беа на едно место. Забава, музика, open-air атмосфера и многу насмевки. Но зад сето тоа стоеше нешто посилно – чувство на припадност. Приказната не беше само „имавме журка“, туку „имаме култура што се живее“.

„Од првиот ден знаев дека Concentrix не е обична фирма. Тука не доаѓаш само за плата, тука доаѓаш да растеш – и како професионалец и како човек,“ споделува Бесфорд Пацоли, еден од нашите оперативни менаџери кој веќе три години е дел од тимот. „Сите тие мали детали – дали некој те прашал како си, дали имаш слободен ден кога ти треба, дали те мотивираат и кога не оди – тоа прави разлика.“

Вредностите на компанијата – почит, инклузија, тимски дух и отворена комуникација – не се само на постери во канцеларија. Тие се дел од секој состанок, секој проект, секоја пауза за кафе. Со бенефити што реално прават разлика – стабилна плата, 13-та плата, приватно здравствено осигурување, менторски програми, спортски членства, бонуси за перформанс и препораки – Concentrix покажува дека знае што значи „луѓето се најважни“.

Но тоа не застанува тука. Компанијата веќе неколку години по ред активно учествува во општествени проекти – од крводарителски акции, еко-иницијативи, до директна поддршка на ранливи групи. Тоа не е ПР, тоа е вредност што ја живеат вработените.

Concentrix не е само место за работа. Тоа е заедница што мотивира, слуша и постојано вложува – во луѓето, во иднината, во вистински вредности. Ако бараш стабилност, но и смисла – ова е местото каде и двете работи одат заедно.

Тагови: КОНЦЕНТРИКС ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

50 евра казна доколку возите со папучи во Грција - 1.500 евра за пушење во автомобил

Важни информации околу сообраќајните прекршоци за сите оние кои летово планираат да летуваат во Грција! 👇

Сообраќајната полиција во Грција ќе ги казни сите возачи ако заборавиле да ја понесат задолжителната опрема за патнички возила и ако не ги почитуваат сообраќајните прописи, а казните може да бидат и до 1.500 евра. Како што е наведено на инстаграм-страницата на здружението „Пресретнувач“, сообраќајната полиција во Грција ќе ги казнува и најмалите пропусти, пишуваат медиумите во регионот.

Според написите, за да избегнат казни, ова здружение ги потсетува возачите што треба да имаат во своите возила. Рефлектирачки елек во кабината, а не во багажникот, безбедносен триаголник поставен на 50 до 100 метри, ПП-апарат (S2 – 2 кг) исправен и со валиден сервис, комплет за прва помош, комплетен и непроменет, и резервно тркало или сет за поправка на гуми.

Тие додаваат дека нема оправдување за истекот на периодот за прва помош, а казната за тоа е 100 евра, за непоставениот триаголник исто така 100 евра, за возење во влечки 50 евра, а за пушење во автомобил со деца казната е дури 1.500 евра, пренесува „Танјуг“.

Здружението апелира до возачите да ги почитуваат сите прописи и да бидат информирани за нив бидејќи контролите се секојдневни. 

Тагови: Грција казни

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »