Промовирани огласи »

Унапредување без денар повеќе? Еве што навистина значи тоа

Унапредени сте, но единствено што не се унапреди е вашата плата

Ви го честитаа унапредувањето. Нова титула, повеќе одговорности, поголем тим… а платата? Иста. Нула денари повеќе. И сега се прашувате: Дали ова е признание за мојот труд или фино завиткан начин да добијат повеќе работа за истите пари?

Ваквата ситуација е сè почеста – особено во компании што се обидуваат да мотивираат без да инвестираат. Па, што точно значи унапредување без покачување на платата?

1. Признание – ама со услови

Да, некој ја препознал вашата вредност. Но, без финансиска компензација, признанието делува празно. Особено ако со „новата улога“ доаѓа и ново работно време, дополнителни одговорности или притисок.

2. Повеќе работа, повеќе стрес – иста награда

На хартија, новата позиција звучи добро. Но ако таа подразбира водство на тим, управување со проекти или извештаи до менаџмент – а вие сè уште сте на старата плата – тогаш сте добиле само нова листа на задачи, не и нова мотивација.

3. Можност за раст – или замка за останување

Некои гледаат на ова како на скала кон следното, подобро платено ниво. Но, внимавајте: доколку не поставите јасни очекувања, може долго да останете во „унапредена“ позиција без никакви финансиски промени.

4. Што треба да направите?

Побарајте конкретен план: Кога ќе следи платено унапредување? Кои се KPI-еви за да се стигне таму?

Барајте бонуси или бенефити: Ако нема покачување, може ли да добиете нешто друго? Флексибилност, обука, денови одмор?

Документирајте сè: Новите задачи, резултати, одговорности. Ќе ви требаат кога повторно ќе преговарате.

Размислете реално: Ако некој ве „унапредува“ без почит кон вашиот труд и време, можеби е време да барате работно место каде вреднувањето не е само на зборови.

Унапредување без покачување не мора да биде лошо – но не треба да го прифатите автоматски. Барајте транспарентност, јасна патека и почит. И запомнете унапредување без вреднување не е вистински напредок туку само нова етикета на истата амбалажа.

Не сте сигурни кој модел на работа е погоден за вас, прочитајте и за: Хибридниот модел под лупа: Каде сте поефикасни дома или во канцеларија?

Тагови: HR зголемување на плата пари совети за работа

Промовирани огласи »

ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ДО 20% ЗА ЗЕМЈИТЕ КОИ НЕ ДОБИЈА НЕГОВО ПИСМО Досега на 20 земји им е одредена царина од 20 до 50%

Деновиве 20 земји веќе добија писмо од Вашингтон со кое се најавува воведување царини од 20 до 50% од 1 август.

Американскиот претседател не прецизира дали овие царини ќе бидат додадени на таканаречената основна царина од 10%, која веќе е воведена од април за повеќето производи што влегуваат во САД.

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека од 1 август има намера да воведе дополнителни општи царини од 15 до 20% за земјите кои не ги добиле неговите писма, односно известувања за зголемени царини.

Едноставно ќе кажеме дека сите преостанати земји ќе платат, нека биде 20 или 15% Ќе го решиме тоа сега – изајви  Трамп во гостување на NBC News.

Тој не прецизираше дали овие царини ќе бидат додадени на таканаречената основна царина од 10%, која веќе е воведена од април за повеќето производи што влегуваат во САД. Деновиве 20 земји веќе добија писмо од Вашингтон со кое се најавува воведување царини од 20 до 50% од 1 август.

Во писмата  Трамп наведува дека секој одмазднички одговор на тие мерки ќе биде санкциониран со дополнителна царина. Откако се врати во Белата куќа во јануари, за Трамп, се обидува да го намали трговскиот дефицит на САД, а  царините станаа централен дел од неговата економската политика.

Од април, американскиот претседател им се заканува на десетици трговски партнери со казнени царини за ребалансирање на трговијата.

Тагови: Доналд Трамп царина

Промовирани огласи »

УНИБанка трета година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“

УНИБанка и оваа година поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“

УНИБанка АД Скопје и оваа година е дел од најзначајната културна манифестација во државата „Охридско лето“. Како традиционален поддржувач на фестивалот, Банката уште еднаш ја потврдува својата определба да поддржува значајни културни настани, верувајќи дека културата е срцето на секое општество, а уметноста јазикот што ги поврзува сите генерации.

65-тото издание на фестивалот традиционално започнува на 12 јули и трае до 20 август. Оваа година, со богата роденденска програма, нуди 29 музички настани и настапи на над 300 уметници од САД, Кина и Европа.

Под мотото „Уметноста трансформира“, Охрид ќе се претвори во хибриден простор на музика, драма, визуелна уметност и глобална културна сцена. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, што претставува значаен придонес во зачувувањето и оживувањето на културното наследство.

Фестивалот претставува мост меѓу локалното и глобалното, со можност светот да ја запознае Македонија преку уметноста. Истовремено, обезбедува платформа за македонски музичари, актери и уметници да настапуваат рамо до рамо со светски признати имиња.

Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во културната понуда на спектакуларните сцени низ Охрид, впивајќи ја магијата на уметноста покрај брегот на Охридското Езеро.

Културата отсекогаш имала моќ да обединува, да создава вредност и да гради врски меѓу луѓето – вредности со кои се идентификува УНИБанка како активен дел од заедницата.

Во рамки на својата општествена одговорност, УНИБанка ќе продолжи со поддршка на културни и општествени проекти, со фокус на младите, спортот, иновациите и зачувувањето на културното наследство.

И ова лето, заедно со УНИБанка, уживајте во магијата на уметноста на брегот од Охридското Езеро.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Дали денес е време за прошетка? Проверете ја дневната прогноза

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со повремени удари кои може да надминат 60 km/h.

Претпладне во северните и централните делови ќе преовладува променливо облачно време, додека во текот на денот се очекува стабилизирање со повеќе сончеви периоди и свежина, проследено со слаба до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со повремени удари кои може да надминат 60 km/h.

Во Скопје, претпладнето ќе биде променливо облачно, а потоа ќе следува претежно сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

11.07.2025 Петок   19° / 28° 06:12   21:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

















28°
27°
26°
24°
23°
21°
19°

3

3

4

3

2

2

2
12.07.2025 Сабота   15° / 31° 06:13   21:10
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
18°
17°
16°
15°
15°
15°
16°
18°
20°
22°
25°
26°
28°
29°
30°
31°
31°
31°
30°
30°
28°
26°
24°
23°

2

2

2

2

2

1

1

1

2

2

2

3

4

4

4

4

4

4

3

2

2

2

2

2
13.07.2025 Недела   19° / 34° 06:13   21:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
22°
22°
21°
20°
20°
19°
19°
22°
24°
26°
28°
30°
32°
33°
33°
34°
34°
34°
34°
33°
30°
28°
26°
25°

2

2

1

2

1

1

1

2

1

2

2

3

3

4

4

4

4

3

3

3

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »