Секој од нас понекогаш се чувствува уморно од работа. Но, кога тоа чувство станува секојдневие, можеби не е до тебе – туку до работната средина. Ако се препознаеш во повеќе од еден од следниве знаци, можеби е време да си дадеш отказ… и да си дадеш нова шанса.
1. Секој понеделник ти изгледа како хорор-филм
Ако чувствуваш анксиозност уште од недела вечер, и идејата да се вратиш во канцеларија ти предизвикува стрес – тоа не е „само фаза“. Твоето тело и ум ти кажуваат дека си под притисок што не можеш (и не треба) да го игнорираш.
2. Се чувствуваш потценето и непрепознаено
Даваш максимум, но никој не го забележува тоа? Ако твоите идеи се игнорираат, трудот не се вреднува, а другите напредуваат додека ти тапкаш во место – тоа е јасен знак дека оваа средина не е твоето место.
3. Платата не одговара на трудот (и никако да се зголеми)
Работиш повеќе, земаш исто. Или дури и помалку. Колку и да е супер тимот, реалноста е дека платата е дел од вреднувањето. Ако веќе подолго време не добиваш ни зголемување, ни разговор за тоа – некој друг ќе знае да го препознае твојот потенцијал.
4. Токсична средина ти ја троши енергијата
Сплеткарења, мобинг, пасивна агресија, префрлање вина... Ако доаѓаш дома исцрпен, не од работата, туку од луѓето – не се навикнувај. Не е нормално да се чувствуеш како да одиш во „битка“ секој ден.
5. Не гледаш иднина во компанијата
Ако не можеш да си замислиш себе си таму за 6 месеци, 1 година или 3 години – што правиш тука? Работното место треба да ти дава не само плата, туку и пат. Ако патот води во ќор-сокак, време е за нова дестинација.
Што потоа?
Не се плашете од промена – најголемите успеси често доаѓаат токму по најголемите пресврти. Разгледај нови можности, обнови ја биографијата и погледни ги најновите огласи на 👉 KARIERA.mk
Не можете да ги решите конфликтите со колегите, прочитајте и за: Конфликт на работа? Еве како да го решите без драма
Тагови: HR нова работа совети за работа токсично работно место