Промовирани огласи »

Им здосади стариот дизајн: Европската централна банка ќе го менува изгледот на еврото

Како ќе оди целата процедура и кој може да достави дизајн ⬇

Европската централна банка објави јавен конкурс на кој може да конкурираат дизајнери од Европската унија, а со цел да добие нов изглед на еврото.

Рокот за доставување на дизајнот е до 18 август, по што Управниот совет треба да донесе одлука за неколку дизајни. Потоа, главниот збор ќе го имаат мнозинството граѓани – ќе бидат анкетирани за понудените дизајни.

Откако ќе се најде идејното решение, што се очекува да биде кон крајот на 2026 година, банкнотите ќе бидат пуштени неколку години по одлуката, но и откако парите ќе бидат отпечатени.

Насоките кон кои ќе се движи Управниот одбор на Европската централна банка се две: „Европска култура“ и „Реки и птици“.

Тагови: евро Европската централна банка

Промовирани огласи »

Овие 5 знаци ти покажуваат дека треба да дадеш отказ

Ти ја крадат енергијата? Вака ќе препознаеш дека е време да заминеш

Секој од нас понекогаш се чувствува уморно од работа. Но, кога тоа чувство станува секојдневие, можеби не е до тебе – туку до работната средина. Ако се препознаеш во повеќе од еден од следниве знаци, можеби е време да си дадеш отказ… и да си дадеш нова шанса.

1. Секој понеделник ти изгледа како хорор-филм

Ако чувствуваш анксиозност уште од недела вечер, и идејата да се вратиш во канцеларија ти предизвикува стрес – тоа не е „само фаза“. Твоето тело и ум ти кажуваат дека си под притисок што не можеш (и не треба) да го игнорираш.

2. Се чувствуваш потценето и непрепознаено

Даваш максимум, но никој не го забележува тоа? Ако твоите идеи се игнорираат, трудот не се вреднува, а другите напредуваат додека ти тапкаш во место – тоа е јасен знак дека оваа средина не е твоето место.

3. Платата не одговара на трудот (и никако да се зголеми)

Работиш повеќе, земаш исто. Или дури и помалку. Колку и да е супер тимот, реалноста е дека платата е дел од вреднувањето. Ако веќе подолго време не добиваш ни зголемување, ни разговор за тоа – некој друг ќе знае да го препознае твојот потенцијал.

4. Токсична средина ти ја троши енергијата

Сплеткарења, мобинг, пасивна агресија, префрлање вина... Ако доаѓаш дома исцрпен, не од работата, туку од луѓето – не се навикнувај. Не е нормално да се чувствуеш како да одиш во „битка“ секој ден.

5. Не гледаш иднина во компанијата

Ако не можеш да си замислиш себе си таму за 6 месеци, 1 година или 3 години – што правиш тука? Работното место треба да ти дава не само плата, туку и пат. Ако патот води во ќор-сокак, време е за нова дестинација.

Што потоа?

Не се плашете од промена – најголемите успеси често доаѓаат токму по најголемите пресврти. Разгледај нови можности, обнови ја биографијата и погледни ги најновите огласи на 👉 KARIERA.mk

Не можете да ги решите конфликтите со колегите, прочитајте и за: Конфликт на работа? Еве како да го решите без драма

Тагови: HR нова работа совети за работа токсично работно место

Промовирани огласи »

Премиерот најави линеарно зголемување на пензиите – еве колку ќе се „опарат“ пензионерите наесен

Првото зголемувајте очекувајте го наесен, следното малку подоцна.

Премиерот Христијан Мицкоски најави двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел од планот на Владата пред локалните избори.

Во синоќешното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, Мицкоски истакна дека Владата е сериозно ангажирана во изготвувањето на анализите за зголемувањето и веќе се прават проценки за процентуалното зголемување, обемот на потребните средства и моделот на распределба кон сите пензионери.

Зголемувањето ќе биде 1.000 денари во октомври, а дополнителни 1.000 денари во април. Ова мора да се случи пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или иницијатива од пратеници, рече Мицкоски.

Тагови: повисоки пензии Христијан Мицкоски

Промовирани огласи »

Викенд временска прогноза: Подгответе се за екстремна жештина овој викенд

Македонија ќе биде зафатена од многу топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе сончево и исклучително топло време низ целата земја

Овој викенд (19 и 20 јули) Македонија ќе биде зафатена од многу топла воздушна маса од Африка, што ќе донесе сончево и исклучително топло време низ целата земја. Ќе има слаба до умерена локална облачност, а повремено ќе дува засилен ветер од променлив правец, особено во недела. Во Скопје и околината се очекуваат слични временски услови – високи температури, претежно сончево време и повремени засилувања на ветерот.

Температурите ќе бидат летни и многу високи – насекаде над 30°C, а на повеќе места ќе достигнат и околу 35°C. Во Повардарието се очекува максимумот да достигне и до 40°C, додека во Скопскиот регион температурите ќе се искачат до околу 38–39°C. УВ индексот ќе биде многу висок до екстремно висок, со вредност 9, па се препорачува внимателно изложување на сонце.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

18.07.2025 Петок   20° / 29° 06:17   21:06
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
















29°
29°
29°
28°
26°
23°
22°
20°

3

4

4

3

3

3

3

2
19.07.2025 Сабота   16° / 33° 06:18   21:05
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
20°
19°
18°
17°
17°
16°
17°
20°
22°
25°
27°
29°
30°
31°
32°
33°
33°
33°
32°
32°
29°
27°
25°
23°

2

2

3

3

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

4

4

3

3

2

1

2
20.07.2025 Недела   20° / 35° 06:19   21:05
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
22°
22°
21°
20°
20°
20°
22°
24°
26°
29°
31°
32°
34°
35°
34°
35°
35°
34°
33°
31°
29°
27°
26°

1

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

4

5

3

4

3

2

2

2

2

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »