Промовирани огласи »

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денес објави дека од 4 јули ќе се применува нова Одлука за висината на посебната такса за користење на јавни патишта, односно патарини.

Во соопштението се наведува дека во согласност со редовните годишни активности, износите во динари на таксите се прилагодени со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но без да се прецизираат новите износи на патарина.

Патарините во Србија ги собира Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, а вкупната должина на автопатите со наплата на патарина е 905,2 километри.

Наплатата на патарина се врши преку автоматски технички систем за наплата кој се состои од 72 наплатни станици.

Основата на патарината е должината на делницата од патот што ја поминало возилото, изразена во километри, а цената на патарината се одредува во однос на три критериуми - цената на патарината по километар, категоријата на возилото и должината на поминатата рута.

Системот за наплата на патарините се применува на следните делници од автопатот: Белград-Шабац-Шид, Белград-Суботица, Белград-Врњачка Бања-Прешево-Димитровград и Белград-Пожега.

Тагови: патарини Србија

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Пoмлад соработник за спроведување на постапка за јавни набавки, Одделение за јавни набавки, Сектор за општи и правни работи - Министерство за европски прашања

Раководител на одделение за протокол и организациски работи, Сектор за организациски работи и односи со јавноста - Министерство за европски прашања

Виш референт - Самостоен финансиски книговодител, Одделение за сметководство, Сектор за финансиско сметководствени и комерцијални работи - ЈП Чистота и зеленило

Помлад соработник за координација и организација, Одделение за план и анализа, Сектор за финансиско, сметководствени и комерцијални работи -  ЈП Чистота и зеленило

Соработник за сметководствено финансиски работи, Одделение за сметководство, Сектор за финансиско сметководствени и комерцијални работи - ЈП Чистота и зеленило

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

AI ве „чита“ подобро од најдобриот пријател

Најновите модели на вештачка интелигенција постигнуваат повисока емоционална интелигенција од луѓето – но дали тоа значи дека нè разбираат?

Најновото истражување објавено во списанието Nature открива дека вештачките интелигенции како ChatGPT‑4, Gemini и Copilot се поуспешни од луѓето во тестови за емоционална интелигенција. Тие постигнале дури 81% точност, наспроти 56% кај луѓето.

Тестовите вклучувале препознавање на емоции во однесување, сценарија и говор, а моделите покажале извонредна способност да анализираат тон, контекст и изрази на емоции. Експертите велат дека ова се должи на способноста на AI да учи од милијарди примери и да открие шаблони кои често ни промакнуваат на луѓето.

Во пракса, технологијата веќе се користи – како во Бразил, каде системот „Аилтон“ анализира говор на возачи и предупредува на стрес или тага со над 80% точност.

Сепак, експертите предупредуваат: способноста за „погодок“ не значи и вистинско разбирање. Емоциите се длабоки и често двосмислени, а тестовите што се користат не го доловуваат секојдневниот емоционален контекст. Како што велат самите истражувачи – машините можеби не чувствуваат, но дефинитивно нè читаат сè подобро.

Тагови: вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Доаѓаат високи температури – Времето во Скопје и низ Македонија

Очекувајте претежно сончево време со мала до умерена локална облачност.

Очекувајте претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одредени места може повремено да се засили. Максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 37°C.

Во Скопје:

Сончево со променлива облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 37°C.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »