Промовирани огласи »

Отворен термин со министерот за здравство – нова алатка за комуникација со јавноста

Средбите ќе се одржуваат секој петок, започнувајќи од 4 јули, во периодот од 11 до 15 часот.

На официјалната интернет страница на Министерството за здравство од денес може да се закаже онлајн средба со министерот за здравство, Азир Алиу. Средбите ќе се одржуваат секој петок, започнувајќи од 4 јули, во периодот од 11 до 15 часот. Секој термин ќе трае по 15 минути, а при закажувањето е потребно да се остават име и презиме, телефонски број и краток опис на темата за разговор.

Министерот Алиу на денешниот брифинг изјави дека нема ограничувања во врска со темите за разговор и дека секој граѓанин може слободно да закаже средба. Сепак, тој посочи дека постои ризик еден човек да ги резервира сите термини, но Министерството ќе работи на подобрување на системот за да се избегнат вакви злоупотреби.

Онлајн страницата за закажување е достапна на три јазици – македонски, албански и англиски – со цел да се овозможи пристап за сите граѓани.
„Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава“, истакна министерот Алиу.

Тагови: здравје Министерството за здравство термин

Промовирани огласи »

Како да внесете позитивна енергија во работната рутина

Сакаш да ти лета времето на работа? можно е, еве како

Работата не мора да биде синоним за стрес, умор и здодевна рутина. Всушност, со неколку мали, но моќни промени, секој ден може да биде исполнет со повеќе енергија, ентузијазам и насмевки.

Еве неколку едноставни начини како да го претворите работниот ден во попријатно искуство:

1. Почнете го денот со нешто свое

Не отворајте мејлови веднаш штом ќе се разбудите. Наместо тоа, посветете 10 - 15 минути на нешто што ВАС ве полни – кратка прошетка, кафе без брзање, читање нешто инспиративно.

 2. Поставете мини-цели за денот

Мали, остварливи цели даваат чувство на напредок. Наместо „да завршам се“, пробајте со „денес ќе испратам тој важен извештај и ќе закажам состанок“.

3. Насмевка и хумор – секогаш добредојдени

Не ја потценувајте моќта на добра шега или пријателска забелешка. Разговарајте со колегите, споделете смешен момент – позитивната енергија се шири!

4. Музика, светлина и атмосфера

Работите од канцеларија или од дома? Направете си пријатен простор. Слушајте лесна музика, внесете мал украс или растение – мали нешта што прават голема разлика.

5. Кажете „браво“ – и на себе, и на другите

Пофалете колега за добра работа. Заблагодарете се некому. Признавањето труд создава позитивна атмосфера и ја зголемува мотивацијата.

Работната рутина не мора да биде досадна – таа може да биде ваша дневна доза на енергија и креативност. Со малку волја и неколку паметни навики, денот може да биде многу повеќе од само „уште една смена“.

Прочитајте и за: Што може да направи еден менаџер кога тимот губи енергија?

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Македонските банки официјално дел од СЕПА системот за плаќање во евра

Членството во СЕПА носи бројни придобивки за граѓаните и фирмите – пониски трошоци за прекугранични трансакции, зголемена безбедност, побрзо извршување на трансакции во евра и поголема дигитална интеграција на финансискиот систем

Македонија официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), откако Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги регистрира првите четири македонски банки – три големи и една средна – во системот за кредитни трансфери. Овој чекор следи по одобрувањето од страна на ЕПС во март 2025 година, а од 6 октомври се очекува овие банки да почнат со СЕПА-плаќања. Преостанатите осум банки планираат регистрација до август и треба да бидат интегрирани до истиот датум

Членството во СЕПА носи бројни придобивки за граѓаните и фирмите – пониски трошоци за прекугранични трансакции, зголемена безбедност, побрзо извршување на трансакции во евра и поголема дигитална интеграција на финансискиот систем. Според Светската банка, Западен Балкан би можел да заштеди околу половина милијарда евра годишно преку намалување на овие трошоци.

СЕПА овозможува поедноставени и стандардизирани евра-плаќања меѓу 41 земја, вклучувајќи ги сите членки на ЕУ и неколку дополнителни држави. За македонските компании, ова значи крај на скапи кореспондентни банкарски аранжмани и директен пристап до платните системи на ЕУ – чекор што ја засилува финансиската интеграција на земјата со Унијата и ја приближува до европските стандарди.

Тагови: банка ЕУ СЕПА

Промовирани огласи »

Успешно завршен хакатонот „NextBank“ со Економскиот факултет – Скопје

40 студенти од повеќе различни факултети, работеа интензивно и креативно во тимови, водејќи се од визијата да креираат нови банкарски решенија – поинклузивни, подигитализирани и поодржливи.

🚀 Заврши хакатонот „NextBank“, реализиран во соработка со Економскиот факултет-Скопје /Универзитет „Св. Кирил и Методиј“!

🎓 40 студенти од повеќе различни факултети, работеа интензивно и креативно во тимови, водејќи се од визијата да креираат нови банкарски решенија – поинклузивни, подигитализирани и поодржливи.

✨ Целиот настан се одвиваше во неверојатно инспиративна атмосфера – полна со ентузијазам, свежи идеи и креативна енергија која навистина носи надеж и мотивација.

🏆 Најдобрите решенија беа наградени, но она што останува како најголема добивка е токму директната соработка со овие млади и талентирани поединци. Тие се нашата иднина – носители на новата визија, свежата сила и креативноста која ја движи Банката напред.

🗣️ „Овие иницијативи ни овозможуваат директен контакт со студентите – тие се нашиот најголем капитал. Горди сме што преку ‘NextBank’ поттикнуваме идеи кои имаат потенцијал за практична примена и вистинска трансформација на банкарското искуство.“ Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка

Тагови: НЛБ БАНКА А.Д. СКОПЈЕ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »