Промовирани огласи »

Книгите како вредност, инспирација и иднина: Една година библиотека во Кромберг & Шуберт - Битола

Вака изгледа кога една компанија навистина инвестира во умот на своите вработени

Во време кога секојдневието пулсира со голема брзина, кога вниманието сè почесто се дели на фрагментирани информации, а тишината е реткост, книгата останува засолниште.
Таа е знак на внатрешен мир, алатка за разбирање на светот и на себе. А таму каде што книгата се негува, културата се развива.

Водени од оваа идеја, пред една година, Кромберг & Шуберт - Битола ја отвори својата прва интерна библиотека, место создадено со љубов, посветеност и верба во знаењето како двигател на секој напредок.

Библиотеката е достапна за сите 7000 вработени, како простор за поттикнување на љубопитноста, проширување на видиците и исклучување од секојдневниот ритам за миг на инспирација. Нивната библиотека е само дел од симболите посветени кон човечкиот капитал, кон она што секој вработен го носи во себе, желбата да учи, да сонува, да се развива.

Во изминатите 12 месеци, библиотека била посетена од стотици вработени, прочитани биле десетици наслови, споделени препораки, а со тоа создадена е и култура на читање, размислување и внатрешно збогатување.

За да ја поттикнат дополнително оваа култура и да им оддадат признание на оние кои најмногу ја искористија можноста, компанијата ги награди тројцата најактивни читатели:

Сузана Колевска

Славе Момировски

Гордана Секуловска

Тие се пример за тоа како, и покрај динамичното секојдневие, може да се најде време за себе, за личен раст преку зборот, приказната и размислувањето.

„Библиотеката ми стана лична зона за бегство од секојдневието. Најчесто позајмував книги за време на викендите, тогаш, поради семејните обврски, времето ми беше ограничено, но сепак наоѓав мирни моменти во кои навистина можев да се посветам на читањето. Ми стана навика секогаш да носам книга со себе, за во автобус, за на пауза, дури и за неколку страници додека одам дома. Тоа време ми беше доволно да се поврзам со некоја приказна, да се опуштам, да се насмеам или да научам нешто ново. Читањето го препорачувам на сите колеги, бидејќи токму тоа ни треба во животот и во работата: малку магија, малку верба и многу срце.“
- Изјави Сузана Колевска една од најактивните читатели.

Проектот што оваа година го организираа од Кромберг Шуберт беше со наслов: „КРОШУ инспирира преку книга“

Како дел од нивната посветеност кон културниот развој и инспирацијата од досегашниот успех на библиотеката беа инспирирани да го организираат проектот на кој беа собрани 1007 книги, секоја донирана со љубов, со своја порака, со сопствено значење.

Одделите се натпреваруваа преку креативни штандови, донации на книги, читање на проза, поезија и квизови. Но, повеќе од сè, се натпреваруваа во покажување дека КРОШУ има колектив што чита, размислува и се грижи.

Победници беа сите вработени, учесници, поддржувачи, и особено оние кои покажаа дека корпоративната култура не е само збор на хартија, туку живо, инспиративно и динамично искуство.

Настанот беше поддржан од комисија составена од претставници на различни партнери на компанијата и тоа:

  • Ирина Чифревска Велкоска – Индустри Сервис
  • Благица Илиевска – Хауз Мајстор Плус
  • Фатма Бајрам Аземовска – НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола
  • Владимир Таневски – МиГ Травел

Посебно емотивно одекна изјавата на Фатма Бајрам Аземовска, претставничка од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола:

    „Фабриката, како работна и продуктивна средина, преку иницијативи како оваа покажува дека вложувањето во културата на читањето и едукацијата е исто толку важно колку и вложувањето во технолошки и човечки ресурси. Интерната библиотека е доказ дека и работното место може да стане простор за личен раст, инспирација и заедничка вредност.“

Собраните книги остануваат достапни за сите вработени во библиотека на Кромберг и Шуберт, која не е само физички простор, таа е идеја. Идеја дека преку читањето ја градат иднината во која вредноста не се мери само во производи, туку и во зборови, знаења, вештини и идеи.

Културата не е луксуз, таа е она што ги прави луѓето подобри пријатели, колеги, поисполнети луѓе и поодговорни граѓани.

Библиотеката не е нивната крајна станица, таа е почеток на нови патувања, секојпат кога некој ќе избере книга од полицата. Во Кромберг и Шуберт – Битола продолжуваат и понатаму да градат култура на љубопитност, читање и постојан личен и професионален развој.

И како симболичен крај, а можеби и нов почеток споделуваме неколку строфи од прозата на Емилија Дамјановски, дел од тимот на КРОШУ:

Погледни!

Светот ти се насмевнал,
Те зграпчил во скутот,
те завил в прегратка,
те опил со љубовен мирис.

Погледни!
Околу тебе се е обоено,
ако срцето ти посака,
да пловиш во шаренилото.

Не покривај ги очите,
остави ги пеперутките
да треперат во боите на божилакот.

Остави ги гранките
да танцуваат на ветрот,
чиниш мајка го лула своето дете.

Остави ги зраците нека блескаат,
а ти радувај се на сјајот.

Погледни!

Насмевки се истураат врз тебе,
ти не отварај чадор,
не ставај штит,
пушти нека врни,
нека врни среќа,
нека истури љубов,
и молњи нека светат,
и очи нека блескаат,
и чувства нека трепкаат.

Погледни

Толку емоции застанале на овие полици,
толку воздишки,
низ прстите раскажани.

Дај им да живеат
во тебе, во мене во нас,
со книгите несебично
сподели неколку мига,

Денес и КРОШУ инспирира преку книга.

Тагови: Kromberg & Schubert Macedonia

Промовирани огласи »

КРАЈ НА ОСУМЧАСОВНИОТ РАБОТЕН ДЕН И ВО ГЕРМАНИЈА? Владата разгледува нови модели

Mинистерoт за финансии Ларс Клингбеил e и против даночни олеснувања за богатите!

Дебатата за тоа дали Германците работат доволно не стивнува. Додека некои повикуваат на поголем ангажман за зачувување на просперитетот, други би претпочитале повеќе да ги оптоварат богатите, пишува Дојче Веле.

Мораме да работиме понапорно и, пред сè, поефикасно во оваа земја“, рече канцеларот Фридрих Мерц во својата прва владина изјава, предизвикувајќи јавна дебата која сè уште е интензивно преокупирана од политичките партии една и пол недела подоцна.

Генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман, сега застана во одбрана на својот партиски шеф и ги повика граѓаните да покажат поголем ангажман. „Нашата благосостојба, нашите системи за социјално осигурување, но и функционалноста на нашата земја се темелат на тоа да бидеме продуктивни, изјави Линеман за Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).

Рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот

Рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот не е лоша работа, рече политичарот од ЦДУ. „Но, понекогаш се чини дека повеќе не станува збор за рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, туку за рамнотежа помеѓу животот и животот.“ Мерц во својот говор во Бундестагот побара „огромен напор“, а претходно на Економскиот ден на ЦДУ рече: „Со четиридневна работна недела и рамнотежа помеѓу работата и животот, нема да можеме да го зачуваме благосостојбата на оваа земја.“

За младите луѓе важи следново: „Важно е прво да го завршите образованието и да ја научите професија. Тоа е местото каде што треба да се вратиме: да постигнете нешто преку сопствени напори“, додаде Линеман.

Можност за укинување на осумчасовниот работен ден

Изјавите на канцеларот беа дочекани со жестоки критики, на пример од синдикатите и Левичарската партија. Критичарите истакнуваат дека многу жени работат само со скратено работно време поради недостаток на опции за грижа за децата.

Според коалицискиот договор на црвено-црната влада (CDU/CSU и SPD), сегашниот осумчасовен работен ден треба да се замени со воведување на максимално неделно работно време. Линеман верува дека правењето на неделното работно време пофлексибилно е „особено важно за семејствата со деца или членови на семејството на кои им е потребна грижа“. Исто така, концептот на „активно пензионирање“, што коалицијата сака да го воведе, треба да придонесе за зголемување на продуктивноста.

Експертски предупредувања

Овие планови исто така добиваат почетни критики: ако осумчасовниот работен ден се замени со максимално неделно работно време, тоа би можело значително да ги оптовари вработените, критикува лекарското здружение Марбургер Бунд. Многумина се веќе оптоварени, сметаат тие. „Законските и колективните прописи се заштитни мерки што треба да се зачуваат“, велат од здружението. Предупредуваат дека сè уште постојат исклучоци во Законот за работно време што дозволуваат надминување на максималното дневно работно време врз основа на колективни договори.

Во моментов, работното време во Германија е ограничено на осум часа на ден. Во исклучителни случаи, можно е продолжување до максимум десет часа, на пример ако се надомести подоцна. Постои горна граница од 48 часа за неделно работно време - и сепак постојат исклучоци од ова.

Статистика и споредби

Во споредба со другите економски силни земји, германските вработени работат релативно малку часови, посочува анализата на Институтот за германска економија, кој е близок до работодавците. Но, експертите веруваат дека ваквите споредби се само делумно релевантни, меѓу другото, поради различните стапки на работа со скратено работно време. И не треба да го игнорираме фактот дека во некои индустрии има милиони прекувремени часови.

Ставот на социјалдемократите

Социјалдемократите (СПД) исто така се изјаснија во последните недели за пофлексибилно неделно работно време, но изјавите на Линеман за некои во СПД се чинат премногу далеку. „Наместо да ги обвинуваме луѓето за мрзеливост и да дискутираме за намалување на социјалните бенефиции, конечно треба повеќе да ги вклучиме оние со високи приходи во општото добро - и преку даноци и преку социјално осигурување“, рече Дагмар Шмит, заменик-претседателка на СПД во Бундестагот.

Покрај тоа, верува дека е потребна поголема социјална солидарност во здравствената заштита и грижата, и нагласува дека „оние кои сакаат повеќе вработување мора да ги олеснат семејствата и да ја распределат неплатената работа за грижа поправедно меѓу мажите и жените“.

Прашањето за даночни олеснувања

Федералниот министер за финансии Ларс Клингбеил, пак, исто така, нагласува дека „луѓето кои работат напорно и имаат ниски и средни приходи“ треба да бидат олеснети.

Шефот на СПД е исто така против намалувањето на даноците за најбогатите: „Мислам дека е погрешно што луѓе како мене треба да имаат даночни олесувања повеќе од благајник во супермаркет. Луѓето кои заработуваат како мене не им требаат олеснувања од државата.“

Планови за економски раст

Негов главен приоритет при изготвувањето на буџетот за тековната и следната година е „да ја врати Германија на патот на растот и да обезбеди работни места“. Ова, најавува тој, ќе ги намали цените на енергијата.

Покрај тоа, Клингбеил вети и стабилни придонеси за социјално осигурување за вработените и компаниите: „Растење на придонесите за социјално осигурување се проблем – за работниците бидејќи им остануваат помалку пари, а за компаниите бидејќи имаат повисоки трошоци за работна сила.“ Спречувањето на растот на придонесите во здравствениот систем со дополнителни средства од буџетот не е трајно решение. „Потребни ни се структурни реформи за да ја одржиме стабилноста на придонесите на долг рок“, рече тој.

фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Тагови: Германија работно време

Промовирани огласи »

Македонскиот краток филм „Мала шега“ триумфира на меѓународни фестивали

Краткометражниот филм „Мала шега“, во режија на Трифун Ситниковски, досега беше прикажан на 18 фестивали низ Македонија и светот, вклучувајќи земји како Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан.

Краткометражниот филм „Мала шега“, во режија на Трифун Ситниковски, досега беше прикажан на 18 фестивали низ Македонија и светот, вклучувајќи земји како Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Светската премиера ја имаше на „Оденсе интернационален филмски фестивал“ во Данска, каде билетите беа целосно распродадени. Филмот освои пет награди, меѓу кои Награда од публиката, Специјално признание за актерка, Најдобар филм и златна награда за најдобра актерка – Јана Никодиновска.

Филмот беше дел и од реномирани фестивали како „Hobnobben“ (САД), „Bardi“ (Италија), „Браќа Манаки“ (Битола), „Pori“ (Финска) и „Pearl of the Silk Road“ (Узбекистан). Сценариото е базирано на расказ од Антон Чехов, адаптиран во македонски контекст, и ја раскажува приказната за тинејџерска љубов. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

Продуцент на филмот е Гоце Кралевски, со Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки како копродуценти. Во креативниот тим се и Сергеј Сарчевски (кинематографија), Александра Петкова (продукциски дизајн), Мартина Силјановска (музика) и Марта Дојчиновска (костими). Филмот е продукција на ДНФ Филмс, во копродукција со ИРЛ Македонија, Изван Фокуса (Хрватска) и Вардар Филм, со поддршка од Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Цент

Тагови: филм

Промовирани огласи »

Класичното пребарување на Google полека станува историја! Google покажа како ќе пребаруваме на интернет во иднина

Класичното пребарување на Google полека станува историја!

Компанијата претстави голем број новини што треба да го олеснат пребарувањето за корисниците и да обезбедат подобри резултати од пребарувањето.

Начинот на кој пребаруваме на интернет се менува доста радикално, нешто за што е свесен и Google, компанија која првично го разви целиот свој бизнис модел околу својот пребарувач. Но, тие исто така разбираат дека иднината носи сè помалку класично пребарување на Google, а сè повеќе разговори со вештачка интелигенција што ќе ни дадат конкретни одговори на нашите прашања, без потреба сами да ги бараме на страниците до кои Google има линкови.

И за да не ги бара овие договори од ChatGPT или други четботови базирани на вештачка интелигенција, Google уште порано објави интеграција на вештачката интелигенција во својот пребарувач. Оваа недела за време на конференцијата I/O 2025, тие објавија дека таканаречениот режим на пребарување со вештачка интелигенција сега е достапен за сите корисници во САД.

Режимот на вештачката интелигенција, кој е достапен во посебен таб во Google, е направен за посложени пребарувања во споредба со класичното пребарување информации. На пример. Оваа алатка е идеална ако сакате да споредувате различни телефони, телевизори и други уреди – вештачката интелигенција може да ви даде преглед на сите овие уреди, нивните предности и недостатоци, цени итн.

Длабоко пребарување

Како што објасни Google на својот официјален блог, ова е само мал дел од она што доаѓа, а откако ќе добијат повратни информации од корисниците, ќе имплементираат многу од можностите на AI режимот директно во основното искуство за пребарување, што значи дека корисниците можат да очекуваат нови опции што ќе им овозможат да добијат уште подобри и поточни информации за нивните пребарувања.

Покрај фактот дека оваа опција сега е достапна и за Американците, Google објави и некои нови функции за режимот на вештачка интелигенција, како што се нови алатки за купување, можности за споредба на цени и креирање прилагодени графикони поврзани со прашања за финансии и спорт.

Меѓу другите нови функции што можеме да ги очекуваме во овој пребарувач во иднина, треба да се спомене дека Google има намера да го имплементира и таканаречениот режим на вештачка интелигенција за длабинско пребарување, кое им овозможува на Gemini да одвојат дополнително време за да направат сеопфатен извештај за одредена тема.

Исто така, овој режим ќе вклучува опција базирана на Project Mariner, кој Google започна да го тестира минатата година, што се однесува на агенти на вештачка интелигенција кои ќе извршуваат задачи онлајн во име на корисниците – на пр. Ако сакате да купите билет за спортски настан или концерт, агентот за вештачка интелигенција прво ќе пребарува на интернет за најдобрата понуда, а потоа ќе ги купи билетите. Со текот на времето, оваа опција ќе се прошири и на ресторани и слично.

Сите горенаведени опции, како и некои други, прво ќе бидат достапни за тестирање, а со текот на времето треба да станат достапни за сите корисници.

Тагови: ChatGPT Google

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »