Промовирани огласи »

5 недостатоци кои новите вработени веднаш ги воочуваат

Сакате да задржите добар кадар? Избегнете ги овие 5 фатални грешки!

Вработувањето на нов кадар не завршува со потпишување на договорот. Првите денови од новата работа се клучни не само за адаптацијата на вработениот, туку и за перцепцијата што ќе ја формира за компанијата. Еве 5 најчести недостатоци кои новите вработени веднаш ги забележуваат:

1. Нема структуриран онбординг процес

Новите вработени често се оставени сами на себе - без јасни инструкции, без план за првите денови, без ментор или лице за контакт. Ова создава несигурност и ја намалува мотивацијата уште од самиот почеток.

2. Слаба или нејасна комуникација

Недоволно јасни очекувања, неструктурирани состаноци или несинхронизирани тимови – сето ова му дава сигнал на новиот вработен дека во компанијата владее хаос. Ефикасната комуникација е темел на продуктивност и доверба.

3. Недостиг од дефинирани улоги и одговорности

Кога новиот член на тимот не знае што точно треба да работи, каде завршуваат неговите обврски и кој за што е одговорен - настанува конфузија. Ова може да доведе до дуплирање на задачи или до избегнување на одговорноста.

4. Непријателска или „затворена“ работна атмосфера

Доколку тимот не е отворен за нови луѓе, доколку се чувствува тензија или постои култура на „ние против нив“, новиот вработен веднаш ќе го почувствува тоа. Пријателската и инклузивна атмосфера е основа за задоволство и задржување на кадарот.

5. Недостиг од алатки или ресурси за работа

Нема компјутер? Нема пристап до платформи? Нема обука за користење на алатките? Ова е честа слика во многу компании. Без соодветна техничка поддршка, новиот вработен не може да биде продуктивен - дури и да сака.

Совет: Ако сте работодавец, направете преглед на овие 5 точки и размислете - дали вашата компанија нуди позитивно „прво искуство“ за новите вработени?

Запомнете: првиот впечаток се помни долго и често е клучен за задржување на таленти.

Прочитајте и за: Заборавате задачи? Овие 3 техники ќе ви ја спасат продуктивноста

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Работа во странство за Македонци: Зошто Грција е најдостапна опција?

Сѐ повеќе Македонци бараат сезонска работа во Грција

Сѐ повеќе Македонци бараат сезонска работа во Грција, особено во хотели на Халкидики, на плантажи за берење маслинки, како и во домови за грижа на стари лица и чување деца. По пандемијата, интересот за работа кај јужниот сосед пораснал за околу 40% во последните две години. Причините се подобрите услови за работа, повисоките примања и блискоста со Грција.

Заработката во различни сектори е солидна: во хотелите платата изнесува околу 1.000 евра месечно, сезонските работници на плантажи заработуваат до 4.000 евра за неколку месеци, а оние кои се грижат за постари лица добиваат од 600 до 800 евра со вклучено сместување и храна.

Побарувачката од грчки работодавци е двојно поголема од понудата, велат агенциите за посредување. Над 5.000 Македонци годишно се пријавуваат за работа во Грција, а повеќе од половината ја продолжуваат сезоната и следната година. Според експертите, овој тренд на печалба ќе продолжи и во иднина поради економската ситуација во Македонија и стабилните услови што ги нуди Грција.

Тагови: Грција пари работа

Промовирани огласи »

„Прозборе“ дрво старo 200 години во Даблин благодарение на AI

Во проектот 'Talking Tree', сензори и вештачка интелигенција даваат глас на дрвото за да го приближуваат со природата.

Во Даблин, дрво старо 200 години добива „глас“ благодарение на иновативен проект

Проектот 'Talking Tree', во кој сензори во комбинација со вештачка интелигенција „зборуваат“ наместо дрвјата, е презентиран во Тринити Колеџ во Даблин. Овозможувајќи му на едно дрво да разговара во прво лице, луѓето имаа можност да споделат свои мисли во разговор со 200-годишен Лондонски чинар.

„Можеме да ги научиме чувствата на дрвото - во отсуство на подобар збор - со текот на времето“, вели Еван Грили, директор за технологија и иновации во агенцијата Droga5.

Технологијата како мост кон природата

Работата е брилијантно изведена: сензорите мерат биоелектрични сигнали, влажност на почвата, pH вредност, температура на воздухот, и слично, додека AI ги претвора овие податоци во разбирлив човечки јазик. Тоа не е само технолошки напредок, туку и можност за превенција на климатските промени.

„Можеме да го употребиме овој проект за конзервација и превенција на шумски пожари пред да излезат од контрола“, објаснува Грили.

Едукативен и емотивен пилот проект

Проектот, резултат на соработка меѓу Droga5 и Агенцијата за природа базирана во Обединетото Кралство, покажа дека технологијата може да го приближи човекот до природата. Инсталацијата не користи cloud ресурси и целата AI обработка се случува локално. Посетителите ја опишаа оваа можност да „разговараат“ со дрво како „интуитивен“ и „емоционален“ момент, правејќи ги да размислуваат за реалноста на животот.

„Ова искуство ме поттикна да го разберам и да се поврзам со природата на сосема нов начин“, рече Ана Петре, студентка од прва година.

„Прозборе“ дрво старo 200 години во Даблин благодарение на AI

Тагови: вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Нема повеќе печати во пасошите: ЕУ воведува нов систем за влез и излез!

ЕУ воведува нов Систем за влез/излез (EEС), централизирана дигитална база на податоци која ќе ја замени старата практика на печати во пасошите.

Што претставува EEС и кого опфаќа:

ЕУ воведува нов Систем за влез/излез (EEС), централизирана дигитална база на податоци која ќе ја замени старата практика на печати во пасошите. Системот ќе го евидентира датумот, времето и местото на влез и излез за сите државјани од трети земји, вклучително и граѓаните на Македонија – без разлика дали патуваат со или без виза. EEС ќе го пресметува времетраењето на дозволениот престој и автоматски ќе алармира при негово надминување.

Биометриски податоци и дигитализација:

При прв влез во ЕУ, патниците ќе бидат фотографирани или ќе им бидат земени отпечатоци од прсти. Овие податоци ќе се чуваат дигитално и ќе се користат при секое следно влегување и излегување. Целта е да се елиминира можноста за манипулации со пасошки печати и нерегистрирани престои.

Постепено воведување:

Системот ќе се воведува фазно во период од 6 месеци. Во првите два месеци ќе функционира без собирање биометриски податоци, потоа најмалку 50% од граничните премини ќе мора да користат биометрија, а до крајот на транзицијата, EEС ќе биде целосно активен на сите гранични премини. До тогаш, печатите во пасошите ќе се користат паралелно.

Тагови: EEC Пасош

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »