Промовирани огласи »

Сонце или дожд? Дознајте какво време ве очекува денес

Очекувајте променливо облачно време со сончеви периоди.

Очекувајте променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови можно е локално нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во СкопјеСлични услови – променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе биде умерен до засилен од југозапад. Попладне, особено во некои делови од котлината, постојат услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

08.05.2025 Четврток   14° / 20° 06:23   20:41
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h



















20°
18°
17°
16°
14°

6

5

4

3

3
09.05.2025 Петок   / 21° 06:22   20:42
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
13°
11°
10°
10°



11°
14°
16°
18°
19°
20°
21°
21°
21°
21°
20°
19°
17°
16°
15°
15°
14°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
10.05.2025 Сабота   12° / 21° 06:21   20:43
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
14°
13°
13°
13°
12°
12°
12°
12°
13°
15°
16°
18°
19°
20°
21°
21°
21°
20°
19°
18°
16°
15°
14°
12°

2

2

3

2

2

2

2

3

3

4

4

4

4

4

3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

Промовирани огласи »

Вработување во Котон!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Котон!

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува: 

Продажен персонал - Тетово
Продажен персонал - Capitol Mall
Заменик раководител на малопродажен објект - Тетово
Продажен персонал - City Mall - Full time

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и заВработување во Стокомак!

Тагови: Котон Магазаџилик Дооел

Промовирани огласи »

Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани

Поскапува храната, сметките, облека, транспорт...

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0.6 %.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, Рекреација и култура за 1.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Здравје за 0.4 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1.6 отсто.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %

Тагови: Државен завод за статистика трошоци

Промовирани огласи »

NOVA Family Festival - Приказна за пријателство, култура и хуманост

NOVA Family Festival којшто оваа година ќе се одржи на 10-ти мај во сабота, на училишниот кампус!

Меѓународното училиште НОВА Скопје е првото меѓународно училиште во нашатa држава и во своето долгогодишно успешно работење континуирано ги поставува стандардите на модерна, иновативна и вредносно ориентирана организација.  

Во рамките на програмата за поддршка на вработените, се организираат повеќе настани и активности за градење тим, а еден од нив е Family Festival, којшто оваа година ќе се одржи на 10-ти мај во сабота, на училишниот кампус. Настанот којшто овој пат се одржува по 14-ти пат, претставува вистинска семејна прослава и нуди разновидна забава за сите генерации: презентација на 15 различни интернационални кујни, лотарија со вредни награди, музички точки од учениците и концерт, мини зоолошка градина, замоци за скокање и разни видови игри.

„Преку организирање на овој фестивал, значително придонесуваме кон јакнење на меѓусебните односи, градење силно чувство на заедништво и припадност, како меѓу вработените, така и во рамките на нашата широка меѓународна заедница“, велат од училиштето.

Покрај забавниот карактер на настанот, фестивалот традиционално вклучува и хуманитарна компонента по којашто училиштето е препознаено. Оваа година организациониот одбор на настанот, Асоцијатата на родители и наставници, одлучи дел од средства да им бидат донирани на погодените семејства од несреќата во Кочани.

Во изминатите години, собраните средства на настанот беа наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост’’, подобрување на условите во интернатот во с. Драгоманци, како и за основното училиште ,,Браќа Миладиновци“ од Куманово за деца со атипичен развој итн.

Настанот е отворен за јавноста и со задоволство ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат во прославата, исполнета со смеа, забава и хуманост. Неговата меѓународна природа овозможува автентично доживување на различни култури, а хуманитарниот аспект буди гордост и задоволство од придонесот кон општественото добро.

Тагови: Меѓународни училишта НОВА Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »