Промовирани огласи »

Преговарај за својата вредност: Разговор за плата без стрес

Работиш повеќе, а земаш исто? Еве како да добиеш покачување

Преговарањето за плата може да биде непријатен или стресен процес, но не мора да биде така. Кога знаете што вредите и се подготвите правилно, разговорот со работодавачот може да биде професионален, ефективен и успешен. Овој водич ќе ви помогне да влезете во тој разговор со самодоверба и јасна цел.

1. Знај ја својата вредност

Пред да побараш повисока плата, направи истражување. Колку се плаќа твојата улога во индустријата и регионот? Колку искуство и вештини имаш во споредба со другите? Врз основа на тие информации, постави реални, но амбициозни очекувања.

2. Подготви силни аргументи

Не оди со ставот „заслужувам повеќе“ без конкретни причини. Подготви примери од твојата работа: резултати што си ги постигнал/а, проекти што си ги водел/а, додадена вредност што си ја донел/а на компанијата. Бројките и фактите говорат повеќе од зборови.

3. Избери го вистинскиот момент

Најдобро време за разговор за плата е по успешно завршен проект, при годишна евалуација или кога добиваш нова одговорност. Избегнувај го моментот кога компанијата се соочува со тешкотии или е во процес на преструктуирање.

4. Остани смирен/а и професионален/а

Дури и ако не го добиеш одговорот што го сакаш веднаш, остани смирен/а. Не е лична работа – тоа е дел од професионалниот раст. Покажи дека си отворен/а за разговор и дека цениш искрен дијалог.

5. Вежбај пред да преговараш

Разговарај со пријател, ментор или пред огледало. Колку повеќе вежбаш, толку посигурно ќе звучиш. Самодовербата не е ароганција – таа доаѓа од подготвеност.

Плата не е само бројка – таа е рефлексија на твојата вредност, труд и посветеност. Не се плаши да ја побараш. Преговарај за себе – со разум, почит и самодоверба.

Прочитајте и за: Како да останеш конкурентен на пазарот на трудот во дигиталната ера

Тагови: HR плата зголемување на плата

Промовирани огласи »

Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците

Работата од дома добива се поголема популарност во Германија и Финска, надминувајќи го европскиот просек.

Германија и Финска се на врвот во Европа кога станува збор за практикување на работа од дома, според извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Анкетата, која беше спроведена меѓу академски образовани работници во 40 земји, покажува дека германските вработени работат од дома во просек 1,6 дена неделно, додека Финците малку повеќе, со 1,7 дена неделно.

На глобално ниво, Канада и Велика Британија се предводници во оваа практика, со 1,9 и 1,8 дена на домашна работа неделно, соодветно. Истражувањето покажува дека САД се на исто ниво со Германија, додека Јужна Кореја, со само 0,5 дена неделно, има најмал интензитет на работа од дома.

Анкетата беше реализирана на примерок од над 2500 испитаници во големите земји и околу 1000 во останатите, пружајќи детален увид во трендот на работа од дома во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година во вкупно 40 држави.

Тагови: Германија работа од дома Финска Институтот за економски истражувања

Промовирани огласи »

Софтвер инженери vs. AI: Играта се менува

Од ретка појава до нова ера: Како AI ја менува улогата на софтверските инженери

Во 1950-тите, софтверските инженери беа реткост – во САД имаше помалку од 10.000 професионалци, поради сложеноста на програмирањето.

Со текот на времето, алатки како компајлери и интегрирани развојни околини (IDE) го олеснија програмирањето, а побарувачката за инженери растеше. До 2010-тите, напредокот на вештачката интелигенција – како TensorFlow и GitHub Copilot – започна да автоматизира делови од развојот на софтвер, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на работните места.

До 2025 година, AI алатките автоматизираа до 30% од задачите во развојот на софтвер, што доведе до намалување на јуниорските позиции. Сепак, специјализираните вештини и креативноста сè уште се барани – AI сè уште не може целосно да ја замени човечката експертиза.

Софтвер инженери vs. AI: Играта се менува

Тагови: ChatGPT вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Специјалист за дигитален маркетинг
Графички дизајнер
Продавач/ка - Касиер/ка - Млечен

Хигиеничар
Продавач/ка-Касиер/ка - Илинден

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »