Промовирани огласи »

Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците

Работата од дома добива се поголема популарност во Германија и Финска, надминувајќи го европскиот просек.

Германија и Финска се на врвот во Европа кога станува збор за практикување на работа од дома, според извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Анкетата, која беше спроведена меѓу академски образовани работници во 40 земји, покажува дека германските вработени работат од дома во просек 1,6 дена неделно, додека Финците малку повеќе, со 1,7 дена неделно.

На глобално ниво, Канада и Велика Британија се предводници во оваа практика, со 1,9 и 1,8 дена на домашна работа неделно, соодветно. Истражувањето покажува дека САД се на исто ниво со Германија, додека Јужна Кореја, со само 0,5 дена неделно, има најмал интензитет на работа од дома.

Анкетата беше реализирана на примерок од над 2500 испитаници во големите земји и околу 1000 во останатите, пружајќи детален увид во трендот на работа од дома во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година во вкупно 40 држави.

Тагови: Германија работа од дома Финска Институтот за економски истражувања

Промовирани огласи »

Софтвер инженери vs. AI: Играта се менува

Од ретка појава до нова ера: Како AI ја менува улогата на софтверските инженери

Во 1950-тите, софтверските инженери беа реткост – во САД имаше помалку од 10.000 професионалци, поради сложеноста на програмирањето.

Со текот на времето, алатки како компајлери и интегрирани развојни околини (IDE) го олеснија програмирањето, а побарувачката за инженери растеше. До 2010-тите, напредокот на вештачката интелигенција – како TensorFlow и GitHub Copilot – започна да автоматизира делови од развојот на софтвер, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на работните места.

До 2025 година, AI алатките автоматизираа до 30% од задачите во развојот на софтвер, што доведе до намалување на јуниорските позиции. Сепак, специјализираните вештини и креативноста сè уште се барани – AI сè уште не може целосно да ја замени човечката експертиза.

Софтвер инженери vs. AI: Играта се менува

Тагови: ChatGPT вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Вработување во Стокомак!

Најди работа во Стокомак!

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

Специјалист за дигитален маркетинг
Графички дизајнер
Продавач/ка - Касиер/ка - Млечен

Хигиеничар
Продавач/ка-Касиер/ка - Илинден

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Тагови: ДТ Стокомак ДОО

Промовирани огласи »

„Дизелот“ од полноќ поевтин за денар, еве колку ќе чинат бензините

Регулаторна со добра вест за возачите. Овој ценовник ќе важи од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со најновите цени на горивата кои ќе почнат од важат од полноќ 06-ти мај. Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг и сега ќе изнесува 36,042 ден/кг.

Од 06.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,042 (денари/килограм) 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »